Фудбалер на Верона од радост му го „извади“ забот на соиграч (ВИДЕО) - Канал 5

Фудбалер на Верона од радост му го „извади“ забот на соиграч (ВИДЕО)

Како домаќин, Верона загуби од Наполи со 5:2 во првото коло од Серија А.

Фудбалер на Верона од радост му го „извади“ забот на соиграч (ВИДЕО)

Верона поведе со 1:0 со голот на Кевин Лазања во 29. минута, но Наполи дојде до пресверт преку Кварацелио во 37. и Виктор Осимхен во третата минута по прекинот во првото полувреме..

Верона израмни во 48. минута со голот на дебитантот Томас Анри, но потоа гостите дојдоа до ново водство. Пјотр Зиелински во 55. минута погоди за 2:3, а десет минути подоцна Станислав Лоботка погоди за 2:4. Марко Политано погоди за конечни 5:2 за Наполи во 79. минута.

Неверојатна ситуација се случи во 48. минута при голот на Анри. Францускиот напаѓач додека го прославуваше голот со лакт го удри соиграчот Кевин Лазања кој во славјето притрча за да го прегрне. Анри му го скрши забот на Лазања, а медицинската служба морала веднаш да реагира за да му помогне на нокаутираниот Италијанец. Анри играл до 59, а Лазања до 72 минута.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска

Само во текот на изминатата недела, од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени од западно -нилска треска пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје. 

Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска

По еден од Скопје и од Свети Николе, а регистрирани се и два нови смртни исходи, двата во Скопје.

Во Македонија се регистрирани вкупно 58 случаи на западнонилска треска од кои 54 потврдени и четири веројатни, а досега како последица на вирусот починале осум лица, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Сите осум починати лица се мажи од скопје со просечна возраст од 71,9 години. Сите биле хоспитализирани, а кај седуммина од нив биле присутни и претходни хронични заболувања. Според местото на живеење, најголем број од случаите се лоцирани во Скопје – дури 55. По еден случај е регистриран во велес, Куманово и во Свети Николе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Додека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и развој на економијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Инвестиициите и извозот го движат растот. Економскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото.

Во вториот квартал од 2026 година бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10, 4 проценти.

Градежнишвото бележи раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и се стреми кон одржлив економски раст кој создава нова вредност. Tокму поради тоа економската политика и понатаму ќе биде насоченa кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите и подобрување на конкурентоста на македонската економија.

Додека СДС се радува на секоја лоша вест и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на нови проекти, привлекување на нови странски инвестиции, повеќе капитални проекти, поголем извоз, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инцидент со авионот на Трамп (ВИДЕО)

Воениот персонал случајно активирал надувувачки тобоган за евакуација во претседателскиот авион непосредно пред американскиот претседател Доналд Трамп да се качи во авионот и да се упати кон Далас за Националната конвенција на Републиканците.

Инцидент со авионот на Трамп (ВИДЕО)

Неговото заминување беше одложено, изјави денес извор запознаен со ситуацијата.

Изворот изјави за „NBC“ дека инцидентот го натерал Трамп да остане во хеликоптерот неколку минути, наместо веднаш да излезе од претседателскиот хеликоптер за да се качи во авионот, како што обично прави.

Трамп на крајот искочил на пистата додека службениците го проверувале тобоганот, по што им рекол на новинарите дека само „го проверуваат тобоганот“ и дека нема безбедносни проблеми.

„Не, го провериле порано и само сакале да се уверат. Сакаат да се осигурат дека сè работи совршено“, рече Трамп.

Кога го прашале дали верува дека авионот е безбеден за лет, Трамп одговорил: „Да, инаку не би бил во него“.

Авионот слета безбедно во Далас, неколку часа подоцна од очекуваното.

Американскиот претседателски авион беше подарок од катарското кралско семејство, кое минатата година му подари на Трамп суперлуксузен џамбо џет авион Боинг 747-8.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер