Фудбалер на Тотенхем доби рекордна казна поради кршење на карантинот

Раководството на Тотенхем ќе го казни дефанзивецот Серж Ауриер со дури 150.000 евра, откако веќе трипати ги прекрши правилата за социјално растојание.

Ауриер пред неколку дена објави фотографија со својот фризер Џастин Кар на Инстаграм, кршејќи ги правилата за карантин. Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска го поканил фризерот во неговиот дом за да му направи нова фризура за на тренинзите.

Тоа е трет пат како тој ги прекрши правилата. Фудбалерот најпрво беше снимен како трча со пријател, а потоа на својот Инстаграм објави уште едно видео од неговиот тренинг во парк со негов соиграч од Спарси.

Неговата кариера е полна со проблематично однесување. Така, во мај 2016 година, додека беше играч на ПСЖ, е осуден на две месеци условна казна за удирање полицаец со лакт пред париски ноќен клуб.

Само три месеци порано, ПСЖ го казни со 180.000 евра за пишување навреди за неговите соиграчи преку социјалните медиуми - Ангела ди Марија, Ван дер Вил, Салваторе Сиригу, Златан Ибрахимовиќ и тренерот Лорен Блан.

Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени

Најмногу дожд во изминатото дененоќие наврна во Виница 32 литри на метар квадратен, во Берово 25, Лазарополе 19, Радовиш 16, Штип 15, Охрид 14, а девет литри во Скопје, соопшти УХМР.

Три степени под нулата утрово се измерени на Попова Шапка, пет во Скопје, шест во Берово, Охрид, Битола, Штип и Струмица, а девет во Гевгелија.

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Наместа дуваше умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во чест на Мирко Попов

Петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, годинава ќе се реализира во чест на Мирко Попов, најавуваат организаторите на фестивалот.

На конференција за печат што ќе се одржи денеска во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во пресрет на манифестацијата ќе присусуствува тимот на фестивалот Виолета Качакова и Владан Дробицки. На прес - конференцијата ќе бидат и дел од изведувачите: актерот Оливер Митковски, како дел од музичкиот проект „Поетроника“, пијанистката Дуња Иванова и маестро Љупчо Мирковски, под чија диригентска палка ќе настапи Биг Бендот со музика на легендарниот Кире Костов.

Сите фестивалски вечери ќе се реализираат во Филхармонијата и во Лабораториум.

ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови

 Заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места, ЦУК апелира на внимателност, редовно чистење на локалните одводни канали

Заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места, ЦУК апелира на внимателност, редовно чистење на локалните одводни канали, да не се фрлаат отпадоци во нив, а таму каде што ги има да се исчистат, бидејќи може да направат брана и да се илее водата од нив.

Бидејќи се очекува и силен ветар, истовремено се упатува апел да се внимава на работите што може да „одлетаат“ од градбите во населбите и особено на градбите што се во изградба, на градилиштата, треба да се обезбедат сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓе коишто се во околината. Ако се престојува на планина препорачливо е да се има доволно гориво во возилото и да се внимава на планинските патишта.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

притисни ентер