Француските режисери Беноа Жако и Жак Доајон обвинети за силување

Француските филмски режисери Беноа Жако и Жак Доајон денеска се приведени на сослушување поради обвинувања за сексуална злоупотреба и насилство, известија извори блиски до случајот.

Жудит Годреш (52), исто така режисерка и глумица, поднесе обвиненија против Жако (77) и Доајон (80) за силување и сексуален напад кога таа била малолетна.

И двајцата ги отфрлија обвинувањата, а нивните адвокати го осудија нивното приведување.

ВМРО-ДПМНЕ: Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги.

На вчерашната седница владата пристапи кон предлог измени на Законот за здравствена заштита, со цел укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи.

Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста.

Со воведување на систем на еден директор, се намалуваат административните трошоци, а средствата ќе се пренасочат во подобрување на здравствената инфраструктура, зголемување на транспарентноста и отчетноста.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Муцунски на средба со австралискиот амбасадор, унапредување на економската соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретнал со амбасадорот на Австралија, Даниел Емери.

Муцунски, како што соопшти МНР, го запознал соговорникот со приоритетите во работата на Министерството и на Владата, меѓу кои најголемо внимание и ангажман ќе биде посветен на забрзувањето на евроинтегративните реформски процеси.

Соговорниците размениле мислења за актуелната билатерална соработка, во чии рамки нашата дијаспора во Австралија игра важна улога и претставува мост за поврзување меѓу граѓаните на двете земји.

На средбата биле дискутирани можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, соработката во други области од заеднички интерес, како и прашањата поврзани со политичката и безбедносната состојба во регионот и надворешно политички теми.

СДСМ: СДСМ не го плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ.

Максим Димитривски за неколку фотељи и градоначачлничка функција стана слуга и продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски.

Срамно и жално е да се гледаат поранешни генерални секретари на СДСМ како министри и послушници во Влада која ја водат луѓе што сакаа да ги убијат нивните довчерашни сопартијци. Срамно е за поранешни пратеници на СДСМ да бидат функционери во власта на Мицкоски. Од тоа вистинските членови на СДСМ се срамат и го осудуваат.

СДСМ не го плашат ќорците на Максим Димитриевски и повиците за поделба на партијата. СДСМ е единствената вистинска опозиција која ќе се бори со сите сили за да се спречува штетните политики на владата на Мицковски и неговиот сателит ЗНАМ. Сега веќе работите се јасни а тројанскиот коњ Димитриевски е откриен. Брзо ќе се соочи со реалноста и гневот кој го насобра од членовите на СДСМ.

Димитриевски замолче како мало дете пред Касами а неговите изблици на лажен патриотизам беа замолчани уште првата недела од неговото слугување на Мицкоски. Толку беше од чукањето во гради и лажните закани дека ќе ја напушти владата во обид да го намали срамот.

Центар за комуникации на СДСМ

притисни ентер