Фото: Во оваа луксузна куќа Кристијано Роналдо е во изолација!! - Канал 5

Фото: Во оваа луксузна куќа Кристијано Роналдо е во изолација!!

Еден од најдобрите и најбогатите светски фудбалери , асот на Јувентус Кристијано Роналдо карантинот поради опасниот коронавирус го минува во родната Португалија.

Фото: Во оваа луксузна куќа Кристијано Роналдо е во изолација!!

Роналдо со семејството е во самоизолација во супер ексклузивната куќа во родната Мадеира.

На португалскиот остров Кристијано изградил луксузна куќа – дом кој претставува последен збор на архитектурата.

Грандиозниот објект се наоѓа на самиот брег и има неверојатен поглед, кој остава без здив.

Кристијано и семејсвото биле тестирани на коронавирусот и иако тестовите биле негативни тие од безбедносни причини одлучиле да се самоизолираат. Инаку, големиот Кристријано Роналдо е вклучен во битката против коронавирусот и во родната Португалија сите свои хотели ги пренаменил во болници во кои министерството за здравство на Португалија во недостаток на капацитети би сместувало заболени од коронавирусот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Форумот за образовни промени со тужба до МОН за неусогласениот износ на студентски оброк

Субвенционираниот студентски оброк не е нечија милостина, туку законска обврска која министерката Јаневска ја прекршува, велат од Форумот за образовни промени.

Форумот за образовни промени со тужба до МОН за неусогласениот износ на студентски оброк

Субвенционираниот студентски оброк не е нечија милостина, туку законска обврска која министерката Јаневска ја прекршува, велат од Форумот за образовни промени кои денеска на МОН му поднесоа тужба до Управниот суд оти износот не е усогласен со годишната инфлација. Бленди Ходаи, од форумот, кој ја поднесе тужбата, обвини дека студентите се соочувале со притисоци и закани од институциите па одвај се охрабриле да ја потпишат изјавата потребна за поднесување на тужбата. Дополнително, вели дека не се согласуваат со предлогот на премиерот оброкот да се дава преку М-Услуги, оти тоа студентите ќе ги остави уште половина година со субвенција од 140 денари.

-Да бидеме јасни, субвенционираниот студентски оброк не е прашање на ретрограден меркур, ниту е прашање на милостина на владата и на министерството за образование кон студентите, ниту пак прашање на добра волја или расположение на министерката Јаневска, дали денеска се чувствува добро или е во расположение да го покачи износот на студентскиот оброк, тоа е законска обврска. Ако студентите одлучат преку М-Услуги, треба да има ново барање, заради тоа што седум месеци ќе треба да го земаат истиот износ за оброк, 140 денари. Нека ги отворат бифеата во Собрание и во Владата и нека јадат студентите со 160 денари бифтек како што јаде пратеник кој после зборува што се може да се купи со 140 денари и во владата исто да се направи. Не сме на иста линија, некои луѓе немаат допир со реалноста,- Бленди Ходаи – Форум за образовни промени.

Јаневска не ја коментираше тужбата, но кажа дека разговорите со студентите се во тек и дека се бара најдоброто решение преку кое ќе се субвенционира здрав студентски оброк. Таа вели дека и претставниците на студенти, а и МОН моделот на Словенија го гледаат како соодветен, во кој не се даваат пари, туку се субвенционираат оброци кај регистрирани угостители.

-Ние имавме средба со студентите, ги чекаме нивните одговори и продолжуваме со цел да го смениме системот за правилно користење на субвенцијата, за користење на субвенцијата на здрав студентски оброк, бидејќи одредени извештаи кои ги имаме потврдуваат дека намената на субвенцијата за оброкот не е целосно спроведена односно дека дел од студените не го користат тоа правилно во правец на нивна здрава исхрана. Од тука е идејата дека треба да направиме промени,- Весна Јаневска – Министер за образование.

Од Форумот пак побараа од МОН и Владата да сподели ако има информации каде и како ги трошат студентите парите, а наводите дека се купувале цигари и алкохол од страна на властите ги нарекоа несериозни „чаршиски муабети“. Очекуваат од Управниот суд да донесе одлука со кој ќе бидат обештетени за незаконското, според нив, постапување на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда Феникс нелегално, а не "Јубилејна награда"

Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се.

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда Феникс нелегално, а не "Јубилејна награда"

Наместо да ја манипулирате јавноста, одговорете на едно едноставно прашање: Зошто ги едитирате објавите и лажете дека сте доделиле некаква "Јубилејна награда", а не Феникс.

Дали поради тоа што знаете дека за доделување на "Феникс" потребно е прво изјаснување на комисија, а потоа и на советот. Во овој случај поминат е само филтерот на комисијата, а советот нема гласано.

Дополнително, комисијата се нема изјаснето позитивно за дел од лицата на кои им давате Феникс, а се има изјаснето за други на кои вие немате дадено таква награда.

Доколку ги почитувавте лицата кои ги споменувавте, немаше да брзате да доделувате награди без запазена процедура и одлука на советот како што се прави секоја година. Ама очигледно ПР - от на Бетон Герасимовски бил поважен од "почитта" кон дотичните лица.

Врз основа на кое овластување се доделени награди на лица кои не биле избрани од комисијата, а се изоставени оние што биле избрани?

Објавете го записникот од комисијата, конечната листа на наградени и одлуката на Советот, доколку е донесена.

Не ја префрлајте одговорноста врз наградените. Прашањето е кој, како и врз која правна основа ја изменил волјата на комисијата!

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството поведе истрага за криминалата група инволвирана во изнуди и перење на пари

Граѓани позајмувале пари за лекување на блиски или за други потреби, но и  откако ќе ги врателе со огромни камати, биле под притисок со долгови, закани и изнуда од кумановската лихварска група што беше разбиена вчера.

Обвинителството поведе истрага за криминалата група инволвирана во изнуди и перење на пари

Според информациите организатор на групата е Драган Петровски, познат како „Даци Штука“ кој заедно со уште од упсените заврши во 30-дневен притвор, за еден е одреден куќен притвор, а четвртиот осомничен од групата што почнала да оперира од 2021 година подолг период е надвор од државата.

Тие и откако ќе ги наплателе долговоите со камати, продолжувале да им бараат нови исплати, а ги користеле и банкарски сметки на жртвите за перење пари. Обвинителството соопшти дека во еден од случаите, оштетена жена позајмила 4.000 евра, а заедно со каматата вратила вкупно 6.500 евра.

-Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар,- -ОЈО ГОКК.

Нотарот од Куманово, со иницијали Д.Ж., кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост.

Во друг случај, оштетен побарал пари за лекување на сопругата. Иако ги вратил позајмените средства, осомничените продолжиле да му бараат пари, а преку неговата банкарска сметка, без негово знаење, биле префрлани поголеми суми кои потекнувале од изнуда. Трансакциите биле прикажувани како заеми, по што парите биле подигнувани во готовина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер