Фото: Трка на 1850 километри низ дивина - Канал 5

Фото: Трка на 1850 километри низ дивина

Трката на запрежни кучиња на Алјаска – „Идитарод“ долга 1850 километри претставува огромен предизвик и за луѓето и секако за кучињата.  

Фото: Трка на 1850 километри низ дивина

Долгата трка се одвива во исклучително тешки услови, минувајќи преку планини, замрзнати реки, густи шуми, долги и исцрпувачки патишта изложени на силен ветар и бури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството

Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, постави три пратенички прашања од областа на енергетиката, здравството и одбраната.

Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството

„Особено значајно е тоа што по цели 13 години повторно е ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје, инфраструктурен проект од исклучително значење за сигурно и континуирано снабдување со нафтени деривати и за зајакнување на енергетската безбедност на државата, во овој период се реализираат два значајни инфраструктурни проекти во енергетскиот сектор, тоа се изградбата на гасоводните интерконектори со Република Грција и Република Србија. Со оглед на значењето на овие капитални инвестиции, би сакал да ве прашам кои се конкретните придобивки што Република Македонија и македонските граѓани ќе ги имаат од изградбата на овие два гасоводни интерконектори? На кој начин нивното ставање во функција ќе придонесе за поголема енергетска сигурност, намалување на зависноста од еден правец на снабдување и создавање услови за поконкурентни цени на природниот гас и секако какви можности се отвораат за македонската индустрија, стопанството и домаќинствата?“, рече Дрвошанов.

Второто прашање Дрвошанов го упати до министерот за одбрана, а се однесува на владината одлука за решавање на долгогодишниот проблем со професионалните војници кои навршуваат 45 години, при што побара појаснување за конкретните мерки, роковите за спроведување и придобивките што ќе ги донесе за оваа категорија припадници на Армијата.

„На една седница на Влада беше донесена одлука со која ќе се реши овој децениски проблем со кој се соочуваат професионалните војници, затоа моето прашање е што конкретно предвидува донесената владина одлука за професионалните војници кои навршиле 45 години и кои се придобивките од неа? Ве молам дадете подетални објаснувања за содржината на одлуката, роковите за нејзиното спроведување и секако очекуваните ефекти врз професионалните војници“, посочи Дрвошанов.

Третото прашање Дрвошанов го упати до министерот за здравство, а се однесуваше на обновувањето на опремата и материјално-техничките капацитети во здравството, при што побара информации за досегашните реализирани набавки, инвестициите во современа опрема и планираните вложувања во наредниот период.

„Инвестициите во здравството имаат директно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните, особено е важно институциите да располагаат со современа опрема, соодветни материјално-технички средства за навремено и ефикасно извршување на своите задачи. Минатата недела имавме промоција на 100 нови амбулантни возила, настан кој го отвори прашањето за обновувањето на возниот парк и подобрувањето на условите за работа на здравствените служби. Моето прашање е какви конкретни резултати постигна министерството во обновувањето на опремата и материјално-техничките капацитети во здравството? Ве замолувам да не информирате за досегашните реализирани набавки и планираните инвестиции во наредниот период за да граѓаните имаат јасна слика како се вложуваат јавните средства во подобрување на животот на граѓаните во Република Македонија“, рече Дрвошанов, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога парфемот станува доживување: Гала вечер на Atelier Des Ors во Скопје

Има настани што претставуваат бренд, и има вечери што успеваат да го претворат неговиот свет во целосно искуство.

Кога парфемот станува доживување: Гала вечер на Atelier Des Ors во Скопје

Гала вечерта посветена на француската парфемска куќа Atelier Des Ors, во организација на Matoss Cosmetics, официјалниот увозник и дистрибутер на брендот во Македонија, дефинитивно припаѓаше на втората категорија.

Концептот на вечерта беше изграден околу еден од најпрепознатливите симболи на Atelier Des Ors, златото. Не само како декоративен елемент, туку како нишка што ја поврзува филозофијата на брендот, парфемите, гастрономијата и целокупната атмосфера.

Гостите уживаа во внимателно осмислена вечера во пет следа, претворена во вистинско гастрономско доживување. Дел од специјалитетите беа дополнети со јадливо злато, суптилна референца на 24-каратните златни честички што се еден од потписите на парфемите Atelier Des Ors. Молекуларните десерти, пенливите вина и шампањот дополнително ја заокружија вечерта во која гастрономијата и парфимеријата природно се сретнаа околу иста идеја, уживањето како форма на уметност.

Atelier Des Ors е француска куќа за уметничка парфимерија основана во 2015 година од Jean-Philippe Clermont, со идеја парфемот да се врати во доменот на високото занаетчиство, естетиката и емоцијата. Во нејзината филозофија златото не е само визуелен код на луксузот. Тоа е симбол на потрагата по убавина, совршенство и трајност, а токму 24-каратните златни листови присутни во парфемите станаа еден од најпрепознатливите потписи на куќата.

На вечерта присуствуваше и претставничката на Atelier Des Ors, Elise Pelletier, која ги поздрави гостите и ја доближи филозофијата на куќата, според која парфемот не треба да се доживува единствено како мирис, туку како простор за емоција, сеќавање и имагинација. Токму таа идеја, парфемот како уметност на живеењето, беше присутна во секој сегмент од вечерта.

Пред гостите беше претставено портфолиото на Atelier Des Ors, а посебно внимание привлече Novae Vanilla, една од поновите креации на куќата. Инспирирана од златниот пресек и идејата за совршена пропорција што се повторува во природата и уметноста, композицијата ја гради својата приказна врз контрастот меѓу светлината и темнината. Во неа се среќаваат три различни интерпретации на ванила, NaturePrint® blue vanilla, Bourbon vanilla и Madagascar vanilla, со сончевата мекост на мимозата. Резултатот е ванила што излегува од очекуваната гурманска рамка и добива поминерален, посветол и пософистициран карактер.

Меѓу гостите беа бројни инфлуенсери, соработници, пријатели и почитувачи на брендот, но она што ја издвои вечерта беше чувството дека ништо не е оставено на случајност. Од презентацијата на парфемите и гастрономскиот концепт, до најмалите визуелни детали, целиот настан изгледаше како дел од истиот внимателно режиран свет.

И можеби токму тоа беше најсилниот впечаток од вечерта. На неколку часа Скопје изгледаше како природна адреса на еден светски niche perfume настан, со продукција и естетика какви што сме навикнати да гледаме во Париз, Милано или други големи европски центри. Без непотребна претенциозност, но со јасно чувство за мерка, детали и современ луксуз.

Токму вакви настани му недостигаат на градот. Не само поради нивната визуелна привлечност, туку затоа што создаваат поинаква култура на доживување на брендот, во која производот не се изложува едноставно пред публиката, туку околу него се создава приказна, атмосфера и меморија.

Парфемите на Atelier Des Ors се достапни во парфимериите Boudoir The house of Fragrance, каде македонската публика може да ја открие селекцијата на оваа француска куќа и нејзиниот препознатлив свет во кој парфемот, уметноста и златото зборуваат на ист јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени се 1.700 гранати на Тумбе Кафе во Битола, Ангелов со апел до граѓаните (ВИДЕО)

ДЗС извлече над 1.700 гранати од Тумбе Кафе во Битола.

Пронајдени се 1.700 гранати на Тумбе Кафе во Битола, Ангелов со апел до граѓаните (ВИДЕО)

ДЗС извлече над 1.700 гранати од Тумбе Кафе во Битола: Опасниот терен се расчистува!

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов со апел до граѓаните: Доколку забележите предмет што наликува на бомба, граната или друг проектил, пријавете на 112.

Не допирајте и не поместувајте го предметот, бидејќи може да биде смртоносно опасен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер