Фото: Тина Тарнер доби кукла со нејзиниот лик - Канал 5

Фото: Тина Тарнер доби кукла со нејзиниот лик

Тина доби барбика со нејзиниот лик.

Фото: Тина Тарнер доби кукла со нејзиниот лик

Вложен е многу труд во оваа кукла за да се усовршат сите детали, особено нејзината препознатлива фризура.

Барбиката е всупност минијатурна верзија на Тина од нејзиниот спот „What's Love Got to Do With It“, кој ја слави својата 40-годишнина.

Она што е речиси идентично е аутфитот, црн кожен мини фустан, тексас јакна, проѕирни црни хулахопки и потпетици, во комплет со црвен кармин и коса од 80-тите.

„Користевме многу слики за да ја видиме косата од сите агли“, рече дизајнерот Бил Грининг, пренесе „Page Six“.

Ова одлично дело се појави и на Инстаграм профилот на музичката легенда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали и Бакер разговараа за пристапувањето во ЕУ и соработката со Холандија

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со заменик-министерката за прашања на Европската Унија на Кралството Холандија, Хелен Бакер. 

Сали и Бакер разговараа за пристапувањето во ЕУ и соработката со Холандија

Во фокусот на разговорите беа процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија, спроведувањето на реформите и можностите за продлабочување на билатералната соработка.

Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Холандија за европската перспектива на земјата и за придонесот во зајакнувањето на владеењето на правото, демократските институции и административните капацитети. Тој ја нагласи важноста на соработката преку холандската програма за општествена трансформација МАТРА, особено во областа на владеењето на правото, како и на размената на експертиза меѓу институциите.

Министерот истакна дека пристапниот процес треба да биде праведен, предвидлив и заснован на заслуги, со јасни критериуми што ги вреднуваат реформите и конкретните резултати.

На средбата, Сали го претстави напредокот во спроведувањето на Реформската агенда и приоритетите од Планот за раст за Западен Балкан. Тој нагласи дека постепената интеграција треба да донесе видливи придобивки за граѓаните и стопанството и да поттикне забрзување на реформите кон полноправно членство.

Беа разгледани и можностите за натамошна соработка во зајакнувањето на институциите, размената на искуства и развојот на заеднички проекти.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода крадец во Скопје, се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди

Следува соодветна пријава.

Лишен од слобода крадец во Скопје, се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди

Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Ѓ.П.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди. Тој се сомничи дека кривичните дела ги сторил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода. Од него биле одземени вкупно 12 велосипеди од различни локации и дел од нив биле вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случаите, ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје против лицето ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ќе учествува на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во Софија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Меѓународната конференција посветена на Коридорот VIII.

Министерот Муцунски ќе учествува на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во Софија

Во рамките на конференцијата, министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот VIII“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови. Во фокусот ќе биде неговата целосна реализација како заеднички стратешки интерес на земјите долж коридорот и на поширокиот европски простор.

Конференцијата претставува продолжение на досегашниот политички дијалог за Коридорот VIII, вклучително и министерскиот состанок одржан во Тирана во февруари оваа година.

На маргините на конференцијата е предвидена и билатерална средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер