Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и Косово
2Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и Косово
МакедонијаСредба на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност со делегација од Кралството ХоландијаНа средбата беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во регионот.Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Павле Арсоски, оствари средба со Нона Де Јанг, регионален координатор за безбедност во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Јурген Флајшман одбранбено аташе на Краството Холандија во Република Македонија и Зоран Дранговски, политички службеник за безбедност и стабилност во холандската амбасада во Република Македонија. На средбата беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во регионот, со посебен акцент на улогата на НАТО во одржувањето на мирот и безбедноста, политичката стабилност на Западен Балкан и значењето на добрососедските односи како важен фактор за регионалната стабилност. Претседателот Арсоски ги запозна соговорниците со работата на Комисијата за одбрана и безбедност, истакнувајќи ја добрата соработка со членовите и замениците членови на Комисијата, Владата и надлежните министерства, како и со останатите институции и чинители во безбедносниот сектор. Тој го истакна значењето на постигнатиот политички консензус меѓу парламентарните партии во однос на прашањата од областа на одбраната и безбедноста. Во разговорот беше нагласено значењето на исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството во НАТО, вклучително и континуираното зголемување на одбранбениот буџет, достигнувањето на НАТО стандардите и модернизацијата и опремувањето на Армијата. Претседателот Арсоски посочи дека Македонија ги исполнува преземените обврски и дека до 2030 година се очекува одбранбениот буџет на државата да достигне 5 % од БДП. Во овој контекст, тој го поздрави процесот „ReArm Europe“, оценувајќи дека зголемените инвестиции во одбраната отвораат можности и за дополнителен развој на европската, но и на домашната одбранбена индустрија. Арсоски истакна дека Македонија има воспоставена соработка со стратешки партнери, меѓу кои САД, Холандија и Турција, во процесот на модернизација на Армијата, додека паралелно се преземаат активности за привлекување странски инвестиции и развој на капацитетите во воената индустрија. Истакната беше и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка, особено во областа на одбраната и безбедноста, како придонес кон зајакнување на довербата и стабилноста на Западен Балкан. Во таа насока, беше разменето мислење за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и за потребата од заеднички придонес кон зачувување на мирот и стабилноста. Од страна на соговорниците беше поздравено активното учество на Македонија во НАТО и меѓународните мировни мисии, како и нејзината посветеност кон исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството во Алијансата. Оценето беше дека продолжувањето на соработката со сојузниците и партнерите, како и одржувањето на добрососедските односи, се од особено значење за зајакнување на регионалната безбедност и стабилност.Тагови: Павле Арсоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаФинска го стопира проектот за дата центар на „Google“ поради влијанието врз животната срединаФинска нареди прекин на работите на две локации за центри за податоци на „Google“, додека се чекаат задолжителните проценки за влијанието врз животната средина.Во септември, американскиот технолошки гигант најави инвестиција од 13 милијарди евра во дигиталната инфраструктура во Финска, наменета за развој на вештачка интелигенција. Компанијата го опиша проектот како своја најголема поединечна инвестиција во Европа. Истрага за сеча на шуми Финската надзорна агенција (LVV) во вторникот објави дека побарала од „Tuike Finland“ – компанијата што го застапува „Google“ – „веднаш, а најдоцна до 23 октомври 2026 година, да ги прекине сите подготвителни активности што значително би ја измениле животната средина“. Барањето се однесува на планираните проекти за центри за податоци во Мухос и Кајани. Агенцијата истражува дали „Tuike Finland“ исекла стотици хектари шума на овие локации без претходно да спроведе проценка на влијанието врз животната средина. Хана Халменпа, претседателка на Финското здружение за зачувување на природата, минатата недела изјави за „AFP“ дека во рамките на исчистената површина, која надминува 300 хектари, биле исечени „природни предели што требало да бидат зачувани“. „Tuike Finland“ мора да достави изјава и детален план за понатамошните чекори до 14 октомври. Доколку компанијата не го стори тоа, агенцијата најави можност за поведување постапка за присилно спроведување. Томи Муилу, раководител на одделот за животна средина во агенцијата „LVV“, изјави дека од локацијата веќе биле отстранети дрвја, бил отстранет површинскиот слој на почвата, биле изградени пристапни патишта и простори за складирање, а биле изменети и каналите за одводнување. „Google“ признава пропусти Портпаролот на „Google“, Сондре Ронандер, ги призна пропустите на компанијата. „Ги разбираме загриженостите и во овој случај не ги исполнивме нашите сопствени високи стандарди“, рече тој во изјавата за „AFP“. „Ќе ги разгледаме наодите на агенцијата „LVV“ и ќе постапиме во согласност со нивните упатства.“ Ронандер додаде дека компанијата „постапувала со добра намера“ и спровела еколошки студии и мерки. „Ја продолжуваме нашата долгорочна работа во регионот и развиваме планови за уредување на просторот и зачувување на биодиверзитетот, што вклучува садење дрвја на површина од 130 хектари во Мухос“, изјави тој. Финската министерка за животна средина и клима, Сари Мултала, смета дека проектите на „Google“ веројатно ќе се соочат со одложувања поради прашања поврзани со проценките на влијанието врз животната средина. „Ова е сериозна работа: сите компании што работат во Финска мора да го почитуваат законот. Во овој случај, тоа не се случи“, изјави Мултала за весникот „Helsingin Sanomat“ во вторникот. Извор: Индекс.хрТагови: Финска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 14 возачи и со еден е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“10 возеле без положен возачки испит.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 13 возачи и со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: И.М.(25) од Скопје, 17-годишен малолетник од с.Студеничани, скопско, Ј.Б.(28) од населба Драчево, скопско, З.Н.(50) од с.Уларци, општина Чешиново Облешево, К.С.(56) од Битола, К.Р.(52) од с.Велебордо, општина Маврово-Ростуше, Д.Д.(43) од Гевгелија, Р.С.(62) од с.Врапчиште, гостиварско, 16-годишник од Кочани и Б.П.(56) од с.Дулица, Македонска Каменица, кој возел без дозвола и под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол возеле и И.А.(47) од Куманово, како и А.К.(45) од с.Трубарево, скопско, кој имал и активна забрана за управување. Со активна мерка забрана за управување на возило возеле А.Ш.(39) од с.Обедник, демирхисарско и А.А.(32) од с.Поум, струшко. Додека, романскиот државјанин Г.М.(43) на автопатот Гевгелија - Демир Капија управувал возило со брзина од 178 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и КосовоДвајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка.Унапредувањето на соработката во земјоделството и трговијата со земјоделски и прехранбени производи беше тема на денешната официјална средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Двајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка, усогласување со стандардите на Европската Унија и размена на искуства во процесот на европската интеграција. Министерот Серафимовски истакна дека близината на пазарите и потенцијалот на земјоделството создаваат основа за продлабочување на економските односи меѓу двете држави преку посилна институционална соработка, поголема трговска размена и долгорочни партнерства меѓу производителите и компаниите од прехранбениот сектор. „За нашите земјоделци и компании, предвидливите услови за трговија се важни за сигурен пласман и планирање на производството. Со редовна институционална координација и почитување на стандардите за квалитет создаваме услови за развој на трговската размена. Во таквата соработка гледаме заеднички интерес за производителите, компаниите и потрошувачите во двете земји“, истакна министерот Серафимовски. Министерот Муја ја нагласи важноста на систематски пристап во билатералната соработка, со кој заедничките приоритети ќе се преточат во континуирана работа на надлежните служби и стручна размена меѓу двете министерства. „Наш приоритет е да ја зајакнеме и структурираме соработката меѓу двете министерства, со редовни институционални контакти и јасни канали на комуникација, истовремено унапредувајќи ја соработката во областа на безбедноста на храната, усогласувањето на сертификатите и стандардите и европската интеграција“, рече министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Заменик-министерот Албрим Хоџа ја нагласи важноста на непосредната соработка меѓу надлежните органи, со посебен осврт на трговијата со млеко и млечни производи. „Соработката меѓу нашите институции треба да биде директна, брза и заснована на меѓусебна доверба. Кога станува збор за безбедноста на храната, особено за млекото и млечните производи со кои се тргува меѓу двете земји, важно е секое прашање да се разгледува врз основа на целосната документација, лабораториските резултати и континуираната комуникација меѓу надлежните органи. Нашата заедничка цел е јасна, заштита на потрошувачите и истовремено создавање услови за безбедна и непречена трговија меѓу Северна Македонија и Косово “, рече заменик-министерот Албрим Хоџа. На средбата присуствуваа и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08