МакедонијаНов случај на фалсификување на возачки дозволи - кривична против вработена во МВР и уште пет лица Со сопствената службена шифра влегувала во електронскиот систем на МВР, менувала податоци и овозможувала издавање возачки дозволи со категории за кои барателите не ги исполнувале законските услови. Внатрешната контрола поднесе кривична пријава против шест лица, меѓу кои и вработена во Министерството како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи Скопје, осомничени за фалсификување возачки дозволи. Првопријавената службеничка се сомничи дека околу година и половина незаконски додавала возачки категории на четири лица, по што ги одобрувала и нивните барања за издавање дозволи. Кривична пријава е поднесена и за уште едно лице кој посредувал во постапките за впишување на незаконските возачки категории. Останатите четворица се сомничат дека свесно поднеле барања за категории за кои не ги исполнувале потребните услови каде еден од нив потоа откако ја стекнал фалсификуваната дозвола со незаконски додадена „А“ категорија ја употребил и ја минал и државната граница. -Првопријавената Т.С., вработена во МВР како „помлад советник за патни исправи“ во Одделението за управни работи Скопје при Одделот за граѓански работи, се сомничи за четири кривични дела „фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик. Таа, во периодот од почетокот на 2025 година до 24 август 2026 година, користејќи ја својата шифра, во електронскиот систем незаконски менувала податоци во постапките за издавање возачки дозволи на четири лица. На нивните барања биле додавани категории за кои не ги исполнувале законските услови, по што барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи– вели– Гоце Андреевски – портпарол на МВР. Новиот случај на фалсификување на возачки дозволи доаѓа само една недела по судскиот епилог на друг предмет за иста причина, во кој повторно беше опфатена вработена во МВР. Во претходниот случај службеничкта беше осудена на две и пол години затвор за фалсификување возачки дозволи со категории за камиони и автобуси, додека двајцата возачи опфатени во предметот добија по една година и три месеци затвор откако сите тројца ја признаа вината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТрајков од Белград: Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку нивни креаториЗаменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на втората Конференција посветена на женското лидерство, организирана од Владата на Република Србија. На конференцијата свое обраќање имаше и поранешната прва дама на Република Србија г-ѓа Тамара Вучиќ, на кој беа отворени прашања од значење за унапредувањето на улогата на жените во лидерството, политиката, економијата и општеството. Во своето учество, заменик-министерката се осврна на потребата од создавање нова генерација жени лидери и посилно регионално поврзување, истакнувајќи дека иднината на Западен Балкан зависи и од квалитетот на соработката меѓу жените од регионот. „Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку и креатори на политиките“, порача проф. д-р Трајков, нагласувајќи дека политичкото учество на жените не е само прашање на еднаквост, туку и прашање на квалитетот на демократијата. Таа посочи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици, но токму заедничките искуства претставуваат можност за градење регионални решенија. Како особено важни области за соработка ги издои образованието и развојот на вештините, економското зајакнување и претприемништвото, политичкото учество на жените, дигиталната трансформација и пристапот до новите технологии, како и спречувањето и борбата против насилството врз жените и девојчињата. Заменик-министерката за европски прашања посебно ја нагласи важноста на менторството и поддршката на младите жени, посочувајќи дека жените кои денес се на лидерски позиции имаат одговорност да го пренесат своето знаење и искуство на генерациите што доаѓаат. „Кога една жена ќе успее, таа треба да ја отвори вратата за друга“, истакна проф. д-р Трајков, нагласувајќи ја потребата од создавање систем во кој младите жени ќе имаат пристап до образование, менторство, професионални мрежи, лидерски можности и процесите на донесување одлуки. Во контекст на технолошкиот развој, заменик-министерката за европски прашања се осврна и на можностите и ризиците што ги носат вештачката интелигенција и дигитализацијата. Таа порача дека жените не треба да бидат само корисници на новите технологии, туку и нивни креатори, иноватори, истражувачки, претприемачки и носители на одлуки. На настанот беше истакнато и значењето на партнерствата меѓу институциите, бизнис-секторот, академската заедница, граѓанското општество и младите, како основа за создавање поинклузивна иднина. „Нашата иднина не е однапред напишана. Ние ја испишуваме. И ако ја испишуваме заедно, таа ќе биде посилна, поправедна и поуспешна“, порача проф. д-р Трајков, повикувајќи на посилна регионална мрежа на жени кои заеднички ќе создаваат нови можности и ќе придонесуваат кон развојот на своите општества. Учеството на заменик-министерката проф. д-р Трајков на настанот во Белград претставува можност за дополнително зајакнување на регионалниот дијалог и размена на искуства во областа на женското лидерство, со посебен фокус на младите жени и нивната активна улога во креирањето на иднината на регионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Спутникот на Мицкоски - Левица не гласаше за повисока минимална платаКога денеска требаше да се гласа во македонското Собрание за зголемување на минималната плата на 600 евра, пратениците на Левица не беа во салата.Заедно со пратениците на ВМРО-ОКГ, ЗНАМ и ВЛЕН кои не гласаа за, а во салата не беа ниту пратениците на ДУИ. За повисока минимална плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата и пратеникот Миле Цеков. Уште еднаш се потврди дека СДСМ е единствена вистинска опозиција која искрено се бори за работниците, за граѓаните и против криминалот на арамијата Мицкоски. Спутникот на Мицкоски, неговата партија на далечинско -Левица работи само под команда. Исто како Платромата ЗНАМ 2.0 кои седнаа заедно со Левица. Јавно лажно се претставува како заштитник на работниците а во Собрание ги остава пред врата. Не влегоа во салата, не дадоа ниту еден глас за повисока минимална плата. И тоа на кој ден? Токму на Светскиот ден за пристојна работа. Левица е партија за ништо, против НАТО, против ЕУ, со лажни работнички пароли. Работниците не живеат од пароли. Не ги плаќаат сметките со соопштенија и не ги полнат фрижидерите со политички претстави. Им треба повисока плата. СДСМ ќе продолжи да се бори за поголема минимална плата, за работниците, за граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСали и Бакер разговараа за пристапувањето во ЕУ и соработката со ХоландијаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со заменик-министерката за прашања на Европската Унија на Кралството Холандија, Хелен Бакер. Во фокусот на разговорите беа процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија, спроведувањето на реформите и можностите за продлабочување на билатералната соработка. Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Холандија за европската перспектива на земјата и за придонесот во зајакнувањето на владеењето на правото, демократските институции и административните капацитети. Тој ја нагласи важноста на соработката преку холандската програма за општествена трансформација МАТРА, особено во областа на владеењето на правото, како и на размената на експертиза меѓу институциите. Министерот истакна дека пристапниот процес треба да биде праведен, предвидлив и заснован на заслуги, со јасни критериуми што ги вреднуваат реформите и конкретните резултати. На средбата, Сали го претстави напредокот во спроведувањето на Реформската агенда и приоритетите од Планот за раст за Западен Балкан. Тој нагласи дека постепената интеграција треба да донесе видливи придобивки за граѓаните и стопанството и да поттикне забрзување на реформите кон полноправно членство. Беа разгледани и можностите за натамошна соработка во зајакнувањето на институциите, размената на искуства и развојот на заеднички проекти. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter