Фото: Спектакуларна акција на навивачите на Борусија Менхенгладбах

-Ова е фантастично. Навистина имаме впечаток дека не сме сами кога тренираме на стадионот“.

Околу 13000 картони со ликови на навивачите на Борусуја се поставени на трибините на стадионот во Менхенгладбах пред дербито против Баер Леверкузен во Бундеслигата.

Атмосферата на стадионот во време на корон не може да биде подобра.

-Ова е прекрасна акција која сигурно ќе создаде подобра атмосфера на стадионот. Дури и кога е потсетник дека фудбалот без навивачи не е ист, изјавил спортскиот директот на Борусија М. Макс Еберл.

По два месеци пауза поради пандемијата од коронавирусот минатата недела продолжија натпреварите во германската Бундеслига, но натпреварите се играат без присуство на публика.

Акцијата на навивачите ја поддржал и тренерот на тимот Марко Розе.

Ова е фантастично. Навистина имаме впечаток дека не сме сами кога тренираме на стадионот“, истакнал тренерот на тимот од Менхенгладбах Розе.

притисни ентер