Фото: Провокативната Рита Ора - Канал 5

Фото: Провокативната Рита Ора

Нови провокативни фотографии на популарната пејачка Рита Ора. 

Фото: Провокативната Рита Ора

Пејачката Рита Ора често со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм споделува моменти од приватниот живот, а сега објави фотографии на кои успеала малко што да сокрие.

Имено, пејачката објави серија фотографии на кои позира во црн проѕирен топ со жолти детали, а низ средината се протегаат конци од врвки.

Рита проѕирниот топ го носи без градник и на тој начин ги покажа своите природни гради.

„Најдете ја вашата светлина по долг ден, тоа е она што го велам“, напиша таа во описот под објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Екс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Неговата нова позиција е национален координатор за култура.

-Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5.

Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Пет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК.  

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата

Со изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата

Во судницата наодите поврзани со урбанистичките и градежните аспекти на објектот ги презентираа вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска.

Во вештачењето е констатирано дека во објектот биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале пречка за безбедна евакуација. Лазаревска покажа фотографии од изведбата на челични греди и столбови во приземјето на објектот, направени во 2012 година во рамки на пренамената од магацин за теписи и теписони во угостителски објект.

Лазаревска претходно посочи дека на објектот биле изведени надворешни скали и настрешница, како и преградни ѕидови од гипс-картон со кои бил оформен влез со двокрилна двонасочна врата. Според неа, ваквото решение било недозволено од безбедносен аспект, особено при евакуација.

Со изведувањето на градежното вештачење, кое го изработил тим од градежниот факултет при УКИМ, се очекува да заврши доказната постапка предложена од обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер