Фото: Почнува производството на специјалното „Bugatti“ вредно 8 милиони евра - Канал 5

Фото: Почнува производството на специјалното „Bugatti“ вредно 8 милиони евра

„Bugatti“ веќе лансираше неколку специјални верзии на „Chiron“, но ова е посебен модел.

Фото: Почнува производството на специјалното „Bugatti“ вредно 8 милиони евра

Но, и овој модел се базира на „Chiron“, бидејќи користи иста механичка основа и погон, но со значителни промени. Сепак, тоа е автомобил кој ја одбележува 110-годишнината на компанијата, но и голем пресврт во бизнисот создаден под нова групација со додавање на името на „Rimac“.

За потсетување, „Centodieci“ беше прикажан за прв пат во 2019 година на „Pebble Beach Concours d'Elegance“, а оттогаш „Bugatti“ направи претпродукциска верзија која има поминато дури 50.000 тест километри, вклучително и тест на издржливост на патеката Нардо во Италија.

Токму на оваа патека долга 12,6 километри и ова „Bugatti“ се обиде да вози со максимални 380 км/ч.

Според „Bugatti“, примерот за тестирање од моделот „Centodieci“ поминувал 1.200 тест километри дневно, а запирал само кога била потребна замена на возачот, ревизија и технички преглед на возилото.

Од компанијата се свесни дека ретко се случува автомобил да вози со „цела“ брзина, но нивната филозофија е дека таквите работи мора детално да се испитаат пред да се започне со сериско производство.

Сосема логично, особено ако се земе предвид дека секој купувач на овој автомобил ќе плати најмалку осум милиони евра.

Инаку, „Centodieci“ е модерна интерпретација на „Bugatti EB 110“, а придвижуван е од познатиот мотор „8.0 W16“ со моќност од 1600 КС.

Достигнува 100 km/h за само 2,4 секунди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати.

Водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење.

Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од страна на Центарот за јавно здравје – Велес покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење.

Поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена супер анализа.

Затоа, водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

Забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата.

ЈКП „Бошава“ – Демир Капија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави.

Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни.

Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар?

Нема документ. Нема извештај.

Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар.

Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила?

Кој го потпишал извештајот?

Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните?

По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања.

За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина.

Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи.

Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер