Фото: Новата Тојота Јарис од сите агли

Јапонскиот произведувач објави свежи фотографии од новата генерација на Јарис пред премиерата на европскиот пазар.

Новата Тојота Јарис дебитираше во октомври минатата година а продажбата во Европа ќе започне оваа пролет. Станува збор за првиот модел на Тојота кој ја користи новата „TNGA-B“ механичка платформа, па затоа автомобилот е поширок но и понизок од претходникот, додека во меѓуосовинското растојание е продолжен за 50 милиметри, па патниците имаат повеќе простор во кабината.

Јапонскиот гигант значително инвестирал во овој малечок автомобил, кој е најпродаваниот модел на Тојота на европскиот пазар. Четвртата генерација е дизајнирана во Европа, со фокус на европските купувачи а ќе продолжи да се продолжи да се произведува во Франција.

Промените во дизајнот влијаеја и на промената на пропорциите на автомобилот, кој сега има подинамичен изглед.Во предниот дел и понатаму доминира големата маска на радијаторот а светлосните групи се модернизирани во однос на актуелната генерација на Јарис.

Тојота најави дека столбот на продажбата во Европа ќе се сочинува од хибридната верзија. Станува збор за хибриден погонски систем од четврта генерација кој во себе има 3 цилиндарски 1.5 литарси бензински мотор кој е помогнат од два електромотори. Силата на тркалата се пренесува со помош на „CTV“ менувач.

Фабриката за сега не објави спецификации за погонскиот систем, но како што се наведува новиот хибрид ќе биде за 15% помоќен од претходникот, па се очекува да има околу 115 коњски сили.

Тојота тврди и дека автомобилот ќе биде и поекономичен за 20% во однос на верзијата на Јарис која е во заминување, а од 0 до 100км/ч ќе забрзува за 10,3 секунди.

Новата литиум-јонска батерија е полесна за 27% од претходната некел-метал хибридна. Одредени пазари во Европа, на кои хибридите не се толку популарни ќе добијат и регуларни бензински мотори и тоа 1.0 и 1.5 литарски.

Деталите ќе бидат соопштени дополнително.

Книгата за нарачки на новиот Јарис ќе биде отворена на пролет а се очекува дека овој автомобил европската публика ќе може да го види на претстојниот автомобилски саем во Женева, кој се одржува на почетокот на март.

Скандал во Гугл: Отказ за 28 вработени, кои протестирале против потегот на гигантот (ВИДЕО)

Американската технолошка корпорација Гугл отпушти 28 вработени кои активно се спротивставија на големиот договор на компанијата за 1,2 милијарди долари со Владата на Израел.

Вработените во две канцеларии на Google, во Њујорк и Калифорнија, протестираа против „Nimbus Project“, според кој Google, во соработка со Amazon, ќе обезбеди облак услуги за складирање и обработка на податоци за израелската влада, пренесува технолошкиот портал Verge.

Тие рекоа дека договорот ќе им помага на израелските власти, а особено на израелската армија, во „спроведувањето на политиката на геноцид“, мислејќи на тековниот воен конфликт на Израел со палестинското движење Хамас.

Според информациите од интерен меморандум на Google, компанијата отпуштила вработени кои за време на протестот „уништувале канцелариска опрема, ја попречувале работата на другите вработени и им се заканувале на нивната безбедност“.

Поради оние кои одбиле да престанат да се однесуваат така, интервенирала полицијата и тие биле отстранети од канцеларијата, се додава во соопштението.

„Огромното мнозинство од нашите вработени ја прават вистинската работа. Ако сте еден од ретките кои мислат дека ќе го одобриме минатото однесување што ги прекршува нашите политики, размислете повторно“, предупреди шефот за глобална безбедност на Google, Крис Раков.

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење

Ние немаме уште 20 години да чекаме, туку треба да ги направиме следните чекори, за повеќе да не биде изборно прашање „Дали сте за Европа?“.  

Да сте за Европа значи да сте за подобар живот, порача денеска пред граѓаните на општина Чешиново-Облешево кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Добро е да се биде членка на ЕУ, кога си земја членка на ЕУ, добиваш огромни средства од европските фондови прво за земјоделство, а потоа и за инфраструктура. ЕУ дава сериозни пари за да се обезбеди рамномерен регионален развој за да не биде некој регион многу богат, а некој многу сиромашен и поради тоа важно ни е да станеме земја-членка на ЕУ“ порача Пендаровски.

Но, додаде тој, опозицијата го блокира патот кон ЕУ, се противи на договорите, со изговор дека ќе направи нови договори, кои наводно ќе биле подобри.

„Тие велат, ова не чини, тоа не чини, ние ќе направиме нови договори. Додека тие ги направат тие договори, под претпоставка дека ќе бидат подобри, што нема да биде случај и оние малку млади што се во државата ќе се иселат од тука“ истакна Пендаровски.

Пендаровски порача дека работите ќе се сменат на подобро само ако сите се посветат на она што е важно за граѓаните и државата и од присутните побара поддршка на изборите на 24 април, соопштуваат од неговиот тим.

Драма во авион: Млад Италијанец ненадејно почина, тргнал на одмор со бремената сопруга

Италијанецот Џузепе Стило (33) ненадејно починал во авион на Рајанер, а трагедијата се случила кога тој и неговата бремена сопруга тргнале на одмор.

Двојката полетала од Торино до Ламеција Терме.

Одеднаш му се слошило, а неговата сопруга, која седела во друг дел од авионот, на почетокот не ни знаела што се случува. Дури кога видела дека патниците и членовите на екипажот се раздвижиле, таа станала и отишла кај сопругот, кој веќе починал.

Италијанските медиуми јавуваат дека Федерика Марела, сопругата на Џузепе, е бремена и дека парот заминал на краток одмор за да ги наполни батериите пред да станат родители.

- Екипажот на авионот и еден патник, кој е лекар, дадоа сѐ од себе. Користеле дефибрилатор, пробале реанимација, но залудно – рекол еден од патниците, пренесе Дејлимејл.

Фредерика доживеала голем шок и на крајот била префрлена во болница. Лекарите биле загрижени за здравјето на бебето бидејќи била бремена во петтиот месец. На полицијата ѝ рекла дека Џузепе не се чувствувал добро тоа утро, но дека не сакал да го откажат одморот. Веднаш откако дознал што се случува, пилотот го свртел авионот и се вратил во Торино. Џузепе Стило бил страстен турист. Сакал да пешачи и да патува. Неговите пријатели тврдат дека тој бил „повеќе од маж“. Сите од градот Вибо Валентина кои го познавале него и Фредерика останале во шок по веста за трагедијата.

притисни ентер