Фото: Нова романса во Холивуд - Канал 5

Фото: Нова романса во Холивуд

По многу врски со помлади мажи, убавата Британка започнала врска со згодниот оскаровец.

Фото: Нова романса во Холивуд

Актерите Џејми Фокс(51г) и Кејт Бекинсејл (46г) се видени заедно на една журка која во Лос Анџелес редовно се организира пред доделувањето на „Златниот глобус“. Откако папараците ги фатиле заедно светските медиуми пренесуваат дека Кејт и Џејми се нов љубовен пар.

Убавата британска актерка до неодамна била во врска со комичарот Пит Дејвидсон, а Џејми со години бил во интензивна тајна врска со екс сопругата на Том Круз, Кејти Холмс.

Кејти Холмс и Џејми наводно дури биле и свршени и ја подготвувале венчавката, но по разделбата медиумите шпекулирале дека Фокс ја изневерил екс сопругата на Круз.

Потоа Џејми Фокс бил во врска и со манекенката Сели Вејв. подготвуваат венчавката

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти

Разликата е евидентна денес имаме целосна транспарентност и отчетност.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти

За разлика од СДС и нивниот начин на владеење Владата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно транспарентна. Разликата е евидентна.

СДС молчеше за тоа каде завршиле парите од организација на НАТО фестот, прославата за промена на името и ОБСЕ самитот а народот тоа многу јасно може да го види во луксузните јахти на Заев и Филипче, висококатниците во Дубаи и скапите турбо Фолк забави со Харис.

За разлика од нив, парите од прославата за независноста се транспарентно објавени и доколку од СДС сеуште имаат неразјаснати прашања одговорот може да го пронајдат во едночасовната прес-конференција на Владата.

СДС се против се што е добро за граѓаните и државата. СДС е против прослава за независност, против напредок и развој. СДС е најголемата антимакедонска партија и токму затоа се на дното а рејтингот секојдневно им се топи.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на когенеративната централа во Чаир ќе донесе поевтино парно и намалување на загадувањето во Скопје

Владата е рамноправен партнер на домашните компании кои инвестираат во зелена транзиција на државата и придонесуваат кон енергетската независност.

Николоски: Изградбата на когенеративната централа во Чаир ќе донесе поевтино парно и намалување на загадувањето во Скопје

Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на отворањето на новите капацитети за производство на електрична и топлинска енергија на компанијата Теса Енерџи во Скопје.

Ова е многу значајно затоа што домашни компании покажуваат дека можат да бидат во чекор со најголемите светски трендови. Би сакал да му честитам на инвеститорот Ајри Шеј кој навистина направи еден храбар чекор да покаже како може да се инвестира со домашен капитал. Се надевам дека нема да застане тука и дека ќе има и нови инвестиции и дека ќе гледаме и нови постројки, а ние како Министерство за транспорт ќе продолжиме да ги поддржуваме овие инвестиции и во најбрз можен период да ги завршуваме сите административни процедури, како и можност да имаме уште повеќе вакви инвестиции, затоа што зелената транзиција е она што ѝ е потребно на државата. Секако, оваа инвестиција ќе придонесе и да се намали загадувањето во рамки на градот Скопје, што паралелно со останатите проекти коишто ги правиме за градот Скопје — како што е воведувањето на градски воз, како што е набавката на нови електрични автобуси — секако дека многу ќе придонесе во намалувањето на загадувањето” – истакна Николоски.

Тој додаде дека оваа е една од многу инвестиции кои се промовирани овие денови и кои придонесуваат за економски развој на државата.

“Имаме след од неколку дена на инвестиции коишто се инвестиции на 21-от век — дали се работи за ветерен парк, дали се работи за практично нов аеродром или се работи за оваа когенеративна централа. И додека едни се против дата-центри и да останеме или да се вратиме во 19-тиот век, ние храбро грабиме во 21-от век, и Владата предводена од премиерот Мицкоски има јасна визија каде треба да движи државата, а тоа е во насоката којашто ја гледаме и денес”- додаде заменик претседателот на Владата, Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема откуп, грозјето скапува, лозарите ги копачат насадите - власта не носи мерки

Во Неготинско и во целата Тиквешија деновиве се случува вистинска катастрофа.

СДСМ: Нема откуп, грозјето скапува, лозарите ги копачат насадите - власта не носи мерки

Нема откуп на грозје. Вранецот не се откупува. Грозјето скапува по лозјата, лозарите се беспомошни.

Оставени сами, без никаква поддршка од власта, соочени со огромни трошоци, а без откуп - дел од нив веќе почнаа да ги сечат и копачат лозовите насади.

Жално е да се гледа како нешто во што вложиле и финансии и труд - да пропаѓа.

Уште потажно е да го уништуваш она што си го градел со години.

Ова не е само проблем на една реколта. Ова е сериозна закана за иднината на лозарството во Неготинско и Тиквешијата.

Каде е Владата на ВМРО? Каде е министерот за земјоделство?

Има ли Неготино пратеник од редовите на ВМРО или денес, кога на лозарите им е најпотребен, неговиот глас не се слуша?

Добро се сеќаваме и лозарите памтат кога ВМРО беше во опозиција, како пратеникот, Пенков, снимаше видеа и жестоко ги напаѓаше тогашните политики кон лозарите.

Тогаш имаше камери, се правеа видеа, се слушаа критики.

А денес, кога грозјето скапува на лозјата и лозарите ги напуштаат лозовите насади – молчат, никаде ги нема да помогнат на било каков начин.

Лозарите не бараат милостина. Бараат фер цена, сигурен откуп и држава која ќе застане зад нив да се почуствуваат сигурни и да им се цени трудот..

Оваа Влада предводена од ВМРО ОКГ го понижија не само трудот на секој лозар, туку на сите земјоделци.

Наместо пари за субвенции, за интеврентни мерки во овие услови на енормно зголемени трошоци, власта потроши 5 милиони евра народни пари на забави, пејачи и диџеи.

На лозарите не им е до забава, има треба помош. Не може да има пари за музика и светла, а да нема пари за лозарот кој цела година работел а денес гледа како неговиот род пропаѓа.

СДСМ и во минатото покажа дека во време криза државата може и мора да интервенира со конкретна поддршка за лозарите. И сега повторно покажа што значи вистинска грижа за лозарите и за сите земјоделци.

Пратеничката група на СДСМ предложија конкретни решенија: зголемување на откупната цена за 5 денари по килограм, укинување на 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна државата на црното грозје кое ќе остане непродадено.

Тоа се конкретни мерки, а не празни ветувања.

Бараме Владата веднаш да реагира. Да обезбеди откуп. Да го заштити лозарот!

Лозарството не смее да биде жртва на неспособноста и погрешните приоритети на оваа Влада.

YouTube video

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер