Фото: Ниту Џеј Ло не е совршена - Канал 5

Фото: Ниту Џеј Ло не е совршена

Целулитот на задникот докажува дека Џенифер е само обична жена која токму како и милионите други ширум светот мака мачи со најлошиот женски непријател.

Фото: Ниту Џеј Ло не е совршена

Почетокот на годината Џенифер Лопез веќе традиционално го поминува на одмор на островите Туркс и Каикос, а со идиличните фотографии често се фали и на својот Инстаграм. Иако тамо речиси сите фотографи се беспрекорни и поминати низ филтри, деновиве се појавија фотографии од Џеј Ло во малку поинакво издание.

На фотографиите се гледа дека Џенифер како и милиони други жени има проблеми со најлошиот женски непријател целулитот.

Инаку, Лопез во последните четири години ужива во романсата со Алекс Родригаз. Пејачката и поранешниот спортист се трудат секогаш да бидат модно ускладени па дури и ако заедно одам само до продавница или на прошетка. Освен модата заедничка страст им е и вежбањето па заедно веднаш по Божиќ и Нова година побрзале да отидат во тератана за да ги потрошат вишокот калории кои ги добиле за време на овие празници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија - 4 милијарди евра за само две години

Се потврди тоа што СДСМ го говори последните три месеци - пари во буџетот нема.

СДСМ: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија - 4 милијарди евра за само две години

Мицкоски повторно ја задолжува Македонија. Ново задолжување од 1,3 милијарди евра усвоила Владата на седница.

Со ова ново задолжување, вкупно, за само две години, оваа Влада ја задолжи државата со 4 милијарди евра.

Мицкоски за две години направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес.

Но каде одат парите? Сите пари одат во криминални партиски тендери.

Како што најавуваме со месеци - во буџетот нема пари. Касата е празна. Затоа сега Мицкоски прави ново задолжување од 1,3 милијарди и го зголемува веќе постоечкиот долг од 2,5 милијарди на 4 милијарди евра.

Недели наназад владата на Мицкоски се задолжуваше со десетици и стотици милиони евра седмично.

Ова не е запаметено во Македонија.

Буџетскиот дефицит постојано надминува 4 % од БДП – што е незаконски, бидејќи Законот за буџети предвидува максимум 3 %.

Буџетот денес е околу 7 милијарди евра - двојно повеќе од 3,5 милијарди во 2017 а ништо двојно подобро не се случило.

Од нешто прават ништо.

Минималните трошоци за четиричлено семејство пораснаа за 9.000 денари за 2 години, а минималната плата само за 3.500 денари.

Работниците со минимална плата живеат полошо.

Што прави Мицкоски?

Одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра и повторно се обидува да ја обвини претходната влада за долгови од минатото.

Секоја влада од основањето на Македонија користела кредити - тоа е нормална работа. Но ниту една влада не направила вакво нешто.

Со Мицкоски кредитите имаат само една намена: испумпување пари од буџетот за партиски криминални тендери и полнење приватни џебови.

Еден од показателите: сите претходни влади го плаќале долгот. Дури и по големата светска криза, по пандемиската криза по ковид, по почетокот на војната во Украина и енергетската криза - владата плаќаше 120 милиони евра камати. Денес оваа Влада плаќа 350 милиони евра камати.

Мицкоски ги задолжи генерациите. Ги задолжи сите што доаѓаат.

Да имаше една добра работа што ја направија, еден сериозен проект или подобрување на економијата - можеби ќе можеа да зборуваат. Но нема.

Не само што нема проект - нема пари за граѓаните.

Нема пари за мерки, нема пари за повисоки плати нема пари за пензии.

Дури сакаат да го национализираат вториот столб.

Не ја покачија минималната плата на 600 евра.

Не воведоа ниту една мерка што би го запрела огромниот раст на цените - штитеа само одредени трговци заради раст на нивниот профит.

Цените отидоа до плафон. Семејствата одвај крпат крај со крај. Младите немаат можност за нормален живот.

Ова е реалноста. Ова е цената што граѓаните ја плаќаат поради криминалните политики на Владата на Мицкоски.

Доаѓа време кога оваа криминална група ќе одговара, а парите ќе им бидат вратени на граѓаните на Македонија.

Народот ќе победи.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД

Венко Филипче кој има главна улога во талогот на општеството заедно со неговото раководство во СДС ширејќи лаги и хистерија во јавноста за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД кои се стратешки партнер на Македонија.

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД

И во САД има обиди за креирање на јавно мислење против изградба на дата центри. Според натписи од американските медиуми истите информации против индустријата со дата центри се шират организирано од голем број на профили од Кина.

И овие профили на социјалните мрежи организирани од Кина се на иста линија со Филипче или Филипче е на иста линија со нив.

И ставот на Кина е разбирлив затоа што САД со дата центрите и се најголем конкурент.

Но, ставот на Филипче не е за разбирање.

Зошто? Затоа што покрај наводната грижа која Филипче ја изразува од евентуално зголемено трошење електрична енергија и штетно влијание на водите во државата, тој вчера посочи дека граѓаните нема да видат никаква добивка од дата центрите.

Зарем Филипче мисли дека од развиена индустрија граѓаните немаат добивка? Зарем Филипче мисли дека национален дата центар во кој ќе се чуваат податоци на граѓаните и на државата не се придобивка?

Талогот на СДС и Филипче покажуваат само едно грижа за сопствени интереси, но не и интереси за подобар живот на граѓаните.

YouTube video

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

На 01.09.2026 во 15:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Х.А.(28) од Радовиш, Д.П.(22) од с.Злеово, радовишко и Ј.П.(26) од село Подареш, радовишко.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

При претрес во домот на Х.А, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, за која во службен разговор изјавил дека во неговиот дом претходно ја однеле Д.П. и Ј.П.. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер