Фото: Мерил Стрип изгледа 20 години помлада, сега е црвенокоса - Канал 5

Фото: Мерил Стрип изгледа 20 години помлада, сега е црвенокоса

Актерката Мерил Стрип ќе глуми во новиот филм „The Prom“, а за таа улога таа го промени имиџот.

Фото: Мерил Стрип изгледа 20 години помлада, сега е црвенокоса

Папараците неодамна ја фотографирале на сетот од филмот, таа ја променила препознатливата боја на коса.

Русокосата сега стана црвенокоса. Нејзините фанови на социјалните мрежи коментираа дека црвенокосата Мерил заради промената изгледа 20 години помлада.

-Таа се обидува да ни покаже дека никој не може да изгледа толку тобро со 70 години како таа, вели еден од кометарите на Твитер.

Во филмот со Мерил ќе глуми и Никол Кидман. Тие ќе глумат две бродвејски ѕвезди кои им помагаат на две лезбејки да одат на матура. Филмот е базиран на бродвејски мјузикл кој беше актуелен од ноември 2018 до минатата година.

Стрип е петнаесет пати номнирана за Оскар за најдобра главна улога, а е меѓу ретките кои добиле три. Осве тоа, таа освоила и неверојатни осум Златни глобуси, за кои е номинирана дури 28 пати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп откри кога ќе заврши војната со Иран- го кажа и точниот датум (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши „веднаш по“ среднорочните избори во САД закажани за 3 ноември.

Трамп откри кога ќе заврши војната со Иран- го кажа и точниот датум (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува војната со Иран да заврши „веднаш по“ среднорочните избори во САД закажани за 3 ноември, велејќи дека Техеран се обидува да влијае на изборите, но дека нема да може повеќе да издржи.

„Војната со Иран, мислам, ќе заврши веднаш по среднорочните избори“, рече Трамп, според Политико.

Тој, исто така, објави дека САД ќе извршат дополнителни напади врз Иран.

Трамп рече дека Вашингтон во моментов не бара договор со Техеран, но не ја исклучи можноста за преговори.

„Во моментов не бараме договор со Иран, но преговорите се можни“, рече Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алкараз се исповрати во крпа пред да си замине од УС Опен (ВИДЕО)

Бен Шелтон (АТП - 9-ти) го победи бранителот на титулата Карлос Алкараз (АТП - 3-ти) во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД со резултат 6:7(5), 6:1, 6:3, 1:6, 7:6(10/7). 

Алкараз се исповрати во крпа пред да си замине од УС Опен (ВИДЕО)

Исклучително напнатиот натпревар траеше четири часа и 28 минути, завршувајќи во 3:33 часот по њујоршко време, нов рекорд за најновиот финиш во историјата на Гренд слем турнирите. Пред петтиот сет, шпанскиот тенисер поврати во пешкирот, но го продолжи натпреварот и го заврши до крај.

„Го напуштам теренот среќен, насмеан и здрав. По третиот сет бев физички многу исцрпен, но најдов начин да дадам малку повеќе од себе. Во петтиот сет почнав да се чувствувам подобро, но тој е ѕвер. Шелтон е неверојатно моќен играч“, рече Алкараз по натпреварот.

Серијата на Шелтон продолжува, Алкараз запрен

Со оваа победа, Шелтон ја потврди својата одлична форма на северноамериканската турнеја на тврда подлога, каде што сега има рекорд од 13 победи и два порази. 23-годишникот неодамна ја освои својата втора титула на АТП Мастерс 1000 во Монтреал и сега го обезбеди своето прво полуфинале на УС Опен од 2023 година со победа против Алкараз.

Шелтон има вкупно 144 победи и 90 порази на АТП турнејата и има освоено седум турнири. Неговите најголеми успеси на Гренд слем турнирите се полуфиналињата на Австралија Опен (2025) и УС Опен (2023 и 2026). Тој заработи околу 13 милиони евра од наградните фондови, а неговиот најдобар пласман на светската ранг-листа беше петтото место.

Ова беше првиот турнир на Шпанецот по четиримесечна пауза поради повреда. Тој загуби само еден сет до четвртфиналето, но не успеа да ја одбрани минатогодишната титула. На овогодинешниот Отворен турнир на САД, Алкараз се обидуваше да ја освои својата осма Гренд слем титула и да стане првиот тенисер по Роџер Федерер кој ја одбранил титулата во Њујорк.

Тој влезе во натпреварот против Шелтон со личен рекорд од 18 последователни победи на Гренд слем турнири. Во таа серија, тој го освои Отвореното првенство на САД во 2025 година и Отвореното првенство на Австралија оваа година, а со својот триумф во Австралија стана најмладиот играч во историјата кој завршил Гренд слем кариера. Вкупно, Алкараз освои 26 турнири и заработи околу 56 милиони евра од наградните фондови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон во Молдавија за малку ќе го погодеше авионот на Зеленски

Дрон речиси го погоди авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски додека полетуваше од Молдавија. 

Дрон во Молдавија за малку ќе го погодеше авионот на Зеленски

Зеленски леташе за Осло за да присуствува на погребот на покојниот норвешки крал Харалд, а инцидентот го откри норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе за државниот радиодифузер НРК.

„Дрон речиси го погоди неговиот авион додека се подготвуваше да полета од Молдавија. Тоа е реалноста со која се соочува“, рече Сторе.

Норвешкиот премиер, исто така, го опиша својот разговор со украинскиот претседател. „Го прашав како му поминала ноќта, а тој рече дека не била добра бидејќи бил на телефон и добивал вести за тоа каде паднале ракети во Украина. Ситуацијата е многу драматична и остава силен впечаток“, рече Сторе.

„Нашата слаба точка е балистичката ракетна одбрана“

Зеленски пристигна во хотелот „Плаза“ во Осло околу 21 часот вчера, каде што се сретна со Сторе и норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде. Средбите продолжија во среда, кога претставници на кабинетот на норвешкиот премиер повторно се сретнаа со украинскиот претседател.

Украинскиот претседател рече дека разговара со Норвешка и Канада за можностите на антибалистичкото оружје. „Нашата слаба точка се антибалистичките способности. Мора да станеме посилни. Сакам да одржувам состаноци и во Норвешка и во Канада. Мора да развиеме сопствен антибалистички систем“, рече Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер