Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
2Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
Шоу бизФото: Луксузната вила во Белград на Јелена Карлеуша Српската пејачка Јелена Карлеуша со ќерките Атина и Ника, добиени во бракот со екс фудбалерот Душко Тошиќ ужива во својата вила во Сењак во Белград. Популарната пејачка одлучи на фановите на им ја покаже и внатрешноста на својот луксузен дом. Имено, Јелена на својот Инстаграм профил покажа како изгледа нејзината дневна соба, а потоа погледот од терасата. Карлеуша ја сними дневната соба во која преовладува валканата розова боја, а потоа покажа и катче за уживање и релаксација. Инаку, луксузниот имот има два базени - внатрешен и надворешен, две гаражи, како и огромен двор кој е заштитен со ѕидови, камери и бодликава жица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски се сретна со бугарската шефица на дипломатијата, Петрова-Чамова, коридорот VIII во фокусотМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, што денеска се одржа во Софија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова. Министерот Муцунски ја оцени средбата како конструктивна и одржана во позитивен дух, притоа нагласувајќи дека позициите на двете страни и натаму остануваат значително оддалечени. Во однос на европската интеграција, Муцунски посочи дека меѓу двете страни постои висок степен на недоверба, која, од наша перспектива, е поврзана со предвидливоста на процесот и со досегашното искуство со билатералните барања. „Нашите позиции се апсолутно јасни. Стратешки интерес и на Бугарија е ние да се движиме напред по европскиот пат. Но, ние сме земја која низ годините постојано се соочувала со билатерални барања. Кога ќе се затворело едно билатерално прашање, потоа се отворало ново“, истакна Муцунски. На средбата беше разговарано и за продолжување на дијалогот меѓу двете држави во периодот што следи, при што беше потврдена подготвеноста комуникацијата да продолжи и покрај постојните разлики во позициите. Министерот нагласи дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и културата не смеат да претставуваат пречка на европскиот пат. Тој истакна дека без дијалог не може да се дојде до решение, но и дека самиот дијалог не е гаранција за надминување на разликите, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПукотница пред Градско собрание во Германија- полицијата го неутрализира напаѓачот Градското собрание во германскиот град Тутлинген е опколено, а пошироката област околу зградата е блокирана. Полицијата распореди сили околу градското собрание, а денеска околу пладне потврди дека имало „употреба на огнено оружје“. Според весникот „Билд“, полицајците пукале во лице кое претходно наводно го извадило своето оружје. Криминалната полиција на Германија од Баден-Виртемберг ја презеде истрагата. Портпаролката Александра Вишер изјави за „Билд“ дека засега можат само да потврдат дека полицијата употребила огнено оружје и дека едно лице е погодено. Полицијата сè уште не објавила дали повредениот им подлегнал на повредите. Вишер најави дека повеќе информации ќе бидат познати во текот на денот. Сè уште не е официјално потврдено што точно се случило пред градското собрание на улицата Хелферајшер. Весникот „Швабише“, повикувајќи се на сведоци, наведува дека лице со оружје претходно било пред зградата или во самата зграда. Тешко вооружени полицајци во заштитна опрема потоа пристигнале на местото на настанот. Сведоци на пукотницата му кажале на порталот дека слушнале вкупно пет истрели. Полицијата ги предупредила граѓаните преку WhatsApp да ја избегнуваат областа.Тагови: Германија пукотница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22
ЗдравјеРозов октомври - симболичен појадок за хоспитализираните пациентиВо рамки на Розовиот октомври здружението „Хема-Онко“ утрово организираше симболичен појадок за хоспитализираните пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија.Според нивната статистика во текот на минатата година биле регистрирани околу 1.000 новодијагностицирани пациенти само со рак на дојка, додека на онкологија во моментов се лекуваат околу 7.000 пациенти на активен третман.. Од здружението изразија задоволство што што годинава функционира и тумор-бордот, односно тим кој одлучува за најсоодветното лекување за секоја пациентка поединечно, но, порачаа дека проблемите со кои се соочуваат пациентите со канцер на дојка се комплексни и дека се потребни системски решенија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook