3Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци
Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
Шоу бизФото: Косата во марама, но градите скоро голиСрпската пејачка Јелена Карлеуша повторно предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи поради својот стајлинг. Популарната Карлеуша уште еднаш докажа дека создава трендови. Сега сексапилната Карли со екстравагантен стајлинг ги воодушеви фановите на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar) Јелена објави серија фотографии и видео на кое позира во црна предизвикувачка креација која откри „многу“ интересни детали за нејзиното тело... Таа носи сако со необичен крој, која повеќе ги открива нејзините бујни облини и долго црно здолниште со едноставен крој. Карлеуша на главата има марама, но бујните гради и покриени само со ленти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче со другарите за да дојде на власт подготвен е да прави сеФилипче со другарите за да дојде на власт подготвен е да прави се, последното беше праќање криминалци да направат инцидент во Ново Село.Кога станува збор за СДС и актуелното раководство, другарите на Венко Филипче секојдневно сведочиме на лаги, манипулации, ширење на паника, како и наменско креирање на инциденти за да привлечат внимание. Во нивни стил за доаѓање на власт, во Ново Село пуштија лица кои се насилници, корисници на наркотични средства да направат инцидент. Тоа беа лица со криминални досиеја роднини на другарот на Филипче, Зоран Заев. Секако, и оваа приказна на Филипче имаше краток рок и веднаш беа разоткриени и лицата и нивните намери. Тие дури и сами почнаа да признаваат дека биле дел од инцидентот во Ново Село. На сите им е јасно дека вакви лица како Филипче и актуелното раководство на СДС не можат да направат нешто сериозно, а не да дојдат власт и да водат држава. Секој ден со секој нов случај само покажуваат дека се талог во Македонија. Оттука никој во државава сега и не очекува ништо од нив. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски на средба со претставници на „Корендон“ една од најголемите туристички групации во ЕвропаПостои потенцијал за нови инвестиции и развој на авиосообраќајот и туризмот.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата, заменик претседателот на Владата, Николоски го истакна огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио дестинација, особено во услови на континуиран раст на воздушниот сообраќај и зголемен прилив на странски туристи. Тој потенцира дека Македонија се позиционира меѓу најбрзорастечките пазари во Европа со раст од 40 проценти на патници во доаѓање во авиосообраќајот, како и значителен раст и на бројот на туристи, што дополнително го потврдува потенцијалот за развој на нови авиолинии, туристички аранжмани и инвестиции во туристичката инфраструктура. На средбата беше посочено дека подобрата авио поврзаност и отворање на нови пазари и услуги се од особено значење за континуираниот развој на туризмот и бројот на нови туристи во земјата. “Македонија има голем потенцијал за развој на авиосообраќајот и туризмот и тоа го докажуваме во континуитет. 28 нови дестинации, растот од 40 проценти во авиосообраќајот, преку 20 проценти раст на туристите е јасен показател дека интересот за Македонија расте. Нашата цел е овој тренд да го претвориме во нови авиолинии, повеќе туристи и нови инвестиции и отворени сме за соработка“, истакна Николоски. „Корендон“ е истакната меѓународна туристичка групација и е меѓу трите водечки туроператори во Холандија и Белгија. Групацијата нуди пакет-патувања до повеќе од 50 дестинации. Групацијата, покрај тур-операторските услуги, во своето портфолио располага со повеќе од 40 авиони кои летаат под знамињата на Турција, Холандија и Малта. Во сегментот на тур-операторските услуги опслужуваат приближно 850.000 клиенти годишно, додека „Корендон ерлајнс“ превезува меѓу 6 до 10 милиони патници на годишно ниво. На средбата беше заклучено дека постои простор за идна соработка, особено преку отворање нови можности во авиосообраќајот, привлекување странски туристи и разгледување потенцијални инвестиции во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич.Во еден момент сончање и уживање во природата, а во следниот – сцени како од филмови за катастрофи! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич и со бучава мина покрај изненадените луѓе. View this post on Instagram A post shared by The Guardian (@guardian) Иако изгледа како мини-торнадо, станува збор за метеоролошки феномен познат под морничавото име – „песочен ѓавол“. Овој феномен е исклучително редок во Европа, но сушите и екстремните топлотни бранови буквално ја менуваат климатската слика на континентот и ни носат пустински сцени! Што точно претставува „песочниот ѓавол“? „Песочниот ѓавол“, или песочниот вител, претставува ротирачки столб од воздух што од земјата крева прашина, песок, сува трева и ситни остатоци. Иако по форма наликува на торнадо, тој настанува на сосема поинаков начин и во сосема поинакви временски услови! Торнадото настанува од буноносни облаци и е поврзано со лошо време, грмежи и дожд, додека „песочниот ѓавол“ се појавува под сосема ведро небо, за време на жешки и сончеви денови без ветер!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook