Фото: Коко позира со ќеркичката во исто бикини

Сопругата на актерот и рапер Ајс Ти, 42 годишната манекенка Коко Ти уште еднаш го покажа своето бујно тело.

Атрактивната Коко на социјалните мрежи сподели гфотографии на кои покажа костими за капење наменети за мајки и ќерки од „ Vild Blush Bikinis“.

На фотките Коко е заедно со својата 5 годишна ќеркичка Шанел Никол.

-Живото е драгоцен. Цените го секој момент, напишала Коко под фотките.

Инаку бујната манекенка истакнала дека минатата недела имала тешки мигови во семјството.

Решиле да ги испразнат улиците од бездомници, па им направиле село под автопат (ВИДЕО)

Пред шест месеци, ко-основачите на хуманитарната организација „Основна храна и лекови“, Хоситл Морено и Ешел Сисанк Елдриџ одлучиле да ја активираат заедницата во градот на американскиот западен брег, Оукленд .

Во 2019 година, Оукленд, град со 425 000 жители, шести по големина во државата Калифорнија, официјално имал четири илјади пријавени бездомници. Упатените веруваат дека пандемијата значително го зголемила тој број.

Градот се обидел да го реши проблемот на неколку начини, вклучително и обезбедување безбедни привремени паркиралишта со преносни тоалети и пристап до електрична енергија. Но, овие места се покажале како бескорисни за оние кои немаат возила, но исто така биле опасни за живот.

Неколку хуманитарни организации кои знаеле што се случува на терен, решиле да организираат посебен проект - социјално село со куќички изградени од земја и слама.

Тие се здружиле со специјалист за такви згради, Елиот, кој ги проучувал древните градежни техники и сега е уверен во вештината што гарантира 700 години трајност на куќичките.

Морено и Елдриџ, делеле храна, лекови и санитарни материјали за време на пандемијата и на тој начин се запознале со најголемите проблеми на бездомниците. На крајот на годината, со помош на низа волонтери, тие одлучиле да го расчистат нивното место за собирање - просторот под автопатот и да изградат неколку живеалишта за различни потреби.

Бидејќи пристапот до чиста вода и кујнски апарати е меѓу најголемите проблеми за бездомниците, тие изградиле тоалет во околината со топли тушеви и тоалети, кујна и шпорет. Различни хуманитарни организации и здруженија редовно им донираат облека, книги, храна и други потреби и секогаш имаат пристап до важен лек - Наркан (Налоксон), кој служи како прва помош за предозирање.

Заедницата функционира како вистинско големо семејство во кое секој има свои одговорности. Без разлика дали станува збор за готвење, набавка, одржување на градината или чистење, секој има своја работа и тоа им гарантира безбедно прибежиште.

Проектот е жив веќе шест месеци, што хуманитарците го сметаат за добар знак. Тие се надеваат дека нивниот проект ќе се прошири во градовите низ целата земја.

Јутјуберот, кој не загуби против Мејведер, сега сака во ринг со Тајсон: Ќе го победам

Логан Пол има намера да се врати во рингот против некои од боксерските икони, сега дополнително охрабрен од неодамнешната борба во која не беше поразен во осум егзибициони рунди со Флојд Мејведер.

Ѕвездата на Јутјуб боксуваше пред десет дена со еден од најдобрите боксери на сите времиња во натпревар во кој судиите дозволија нокаут, но не го постигнаа, а бидејќи нокаутот не беше виден, на крајот скапо продадениот меч за плаќање по преглед, му донесе добра заработка на дуото во рингот, а на Пол и дополнителна популарност, што ќе се обиде да ја искористи што повеќе.

Мечот со Мејведер беше само втор за Логан, а во неговиот трет настап во спротивниот агол на рингот сака да го види Мајк Тајсон. И тој е убеден дека може да го победи некогаш најдобриот боксер на светот во тешка категорија, кој наскоро ќе наполни 55 години.

„Некој го спомна Мајк Тајсон. Мојот адвокат ми рече дека не е добра идеја, дека немам шанса и дека ќе ми ја откине главата. Во последно време поминав многу. Не можете да ми кажете дека не можам да го победам Мајк Тајсон. Тој е стар '', сигурен р јутјуберот кој ова го изјави во подкастот Impaulsive.

Логан бил критикуван по мечот против Мејведер, борец кој ја заврши својата кариера со 50 победи од ист број натпревари, затоа што барал премногу спас во клинчот за време на егзибицискиот натпревар.

Во Русија се избришани 150 сајтови на кои се нудат лажни сертификати за вакцинација

Оваа година, руското тело за надзор на телекомуникациите блокирало или избришало 150 страници со реклами и понуди за лажни сертификати за вакцинација против ковид-19, соопштило денеска надзорното тело за агенцијата ТАСС.

„Во 2021 година, врз основа на судски одлуки или барања за гонење, околу 150 сајтови во Русија беа затворени или блокирани затоа што нудеа лажни сертификати за вакцинација“, се вели во соопштението на надзорниот орган.

Сè на сè, од почетокот на 2020 година, повеќе од 1.000 материјали што содржат лажни информации за коронавирусот биле избришани или блокирани.

притисни ентер