Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив
2Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив
3Општина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во Дексион
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
Шоу бизФото: Карлеуша и Вергара во ист фустан на ВерсачеНа социјалните мрежи во ист фустан на Версаче вреден 1500 евра на социјлните мрежи се појавила српската пејачка Јелена Карлеуша и една од најубавите актерки на светот Софија Вергара.За фустанот веднаш се огласи со свој коментар контроверзната Карлеуша: -Софија Вергара ме следи мене на социјалните мреже , не јас неа!, порачала Јелена Карлеуша. Српската пејачка во овој фустан се појавила неодамна во Охрид, каде го имала својот прв настап по короната. По настапот Јелена објавила фотки во фустанот на Версаче од 1500 евра на социјалните мрежи. Потоа во ист фустан на социјалните мрежи се појавила и убавата Софија Вергара. -Тој ден ист фустан облече уште една свестка ѕвезда. Три дами во рок од само неколку часа носеле ист фустан, но на тотално различни меридијани на Планетата. Дали е глупаво да кажам дека јас прва го облеков овој фустан, а Вергара 3, четири часа подоцна?Она ме следи мене , не јас неа, и тоа е глупаво да го кажам, бидејќи ќе испадне дека таа мене ме копира, а не сакам да биде така: Ние две сме добри пријателки, се лајкуваме, објаснила Карлеуша. Двете слики инаку предизвикале вистинска „лудница“ на социјалните мрежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со ПутинДиректорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во ненајавена посета на Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков..-Не. Средба со претседателот немаше, одговори Песков на прашање на руските медиуми, без да одговори дали за време на посетата му пренел на Путин некаква порака од американскиот колега Трамп. Песков само кусо посочил дека неговиот престој во Русија бил поврзан со „контакти меѓу тајните служби“.. A convoy with US diplomatic license plates was spotted in Moscow following the arrival of a US military aircraft. At the same time, the Kremlin stated it had no information regarding the aircraft, while Peskov assured that no meetings with US administration representatives were… pic.twitter.com/1VehaaaMe8 — WarTranslated (@wartranslated) August 25, 2026 Ретклиф, вчера тајно ја посети Москва, откако податоците од следењето на летот потврдија дека голем американски воен авион слетал на аеродромот Внуково во Москва. Ова се смета за прва посета на актуелниот шеф на ЦИА и на највисоко рангиран функционер на администрацијата на Трамп на Русија.. Светските медиуми шпекулираат дека целта на неговата посета е нов обид да се издејствуваат преговори за постигнување мировно решение во Украина..Тагови: москва ЦИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот заливАмерикански воени авиони кои се ангажирани во операциите на Блискиот Исток ги користат македонските аеродроми, открива премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за американскиот „Брајтбарт Њуз“...Мицкоски ваквата соработка ја става во поширокиот контекст на стратешкото партнерство меѓу Скопје и Вашингтон. „Американското воено воздухопловство ги користи нашите аеродроми, така што секој ден авиони на американското воено воздухопловство слетуваат и полетуваат од нашите аеродроми. Некои од нив ги користат нашите аеродроми за паркирање, за малку одмор, а потоа повторно заминуваат кон заливот. Имаме отворено небо за американските авиони, за воените авиони, и горди сме и стоиме на располагање да обезбедиме таква поддршка за американското воено воздухопловство“, вели Мицкоски и додава дека кога на САД им била потребна поддршка од сојузниците, Македонија „не се криела во толпата“, туку застанала на американска страна и кога тоа носело политичка цена.Тагови: САД Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во ДексионОпштина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата ДексионОпштина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба. Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за отпадоци и реквизитите на детското игралиште, како и со отстранување на преостанатите гранки и отпад од локацијата. Целта на активноста е просторот повторно целосно да ја добие својата првична намена - безбедно, чисто и уредено место за игра и престој на најмладите, но и преку заеднички акции да се подигне јавната свест за значењето на чистата животна средина и одговорното однесување кон јавните површини. Во денешната акција се вклучија и претставници и активисти од ЈЗУ Геријатрија, ООУ „Ѓорче Петров“, компаниите „Троцкенбауер“ и „Вардар Градба“, Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров, како и вработени во општинската администрација. Дополнително, во текот на месец октомври на оваа локација ќе бидат засадени и нови садници, обезбедени како донација од Центарот за климатски промени во вредност од 9.000 денари, со што просторот ќе биде збогатен со ново зеленило. Ваквите заеднички активности ќе продолжат и во иднина, со цел уредување на јавните површини, создавање поквалитетна животна средина и поголемо вклучување на заедницата во грижата за просторот во кој живее. Денешната активност се спроведува во рамки на проектот „Младите и жените - двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини“ (WeLEADRural), како дел од BOOST Balkans, поддржан од ALDA - European Association for Local Democracy и ALDA Balkans, преку AFD - Agence Française de Développement.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter