Фото: Големата четворка и тренерот на Европа имаат неверојатни 77 Грен слем трофеи!!!! - Канал 5

Фото: Големата четворка и тренерот на Европа имаат неверојатни 77 Грен слем трофеи!!!!

„Големата четворка“ и капитенот на Европската репрезентација заедно имаат НЕРЕАЛНИ 77 Грен слем титули!

Фото: Големата четворка и тренерот на Европа имаат неверојатни 77 Грен слем трофеи!!!!

Годинешниот тениски Лејвер куп по многу нешта е историски и уникатен спектакл во светскиот спорт. Овој турнир сигурно ќе остане запишан во светската спортска историја со златни букви, тоа ќе биде последното натпреварување на големиот Роџер Федерер, а воедно и во ист тим ќе бидат освојувачи на фантастични 77 трофеи од Грен слем турнирите.

Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ , Енди Мареј и нивниот тренер , славниот Швеѓанец Бјорн Борг заедно имаат освоено неверојатни 77 титули на најголемите светски тениски турнири.

Легендарниот тениски „квартет“ - Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј го одработи првиот тренинг во комплетен состав пред денешниот старт на Лејвер купот во 2022 година.

Посебно импресивни се витрините на „феноменалната тројка“ Надал, Ѓоковиќ, Федерер со по 22,21 односно 20 трофеи. Само три Грен слем титули има олимпискиот шампион Енди мареј, а нивниот тренер Борг со 11 титули е веднаш зад големата тројка. Нивниот збир на трофеи од 77 е навистина имресивен.

Инаку, на првиот тренинг на една страна од теренот беа Ѓоковиќ и Мареј а на спротивната се Федерер и Надал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер