Фото: Георгина на Роналдо се пофали со пижама од 2700 евра !! - Канал 5

Фото: Георгина на Роналдо се пофали со пижама од 2700 евра !!

Атрактивната Георгина Родригез, свршеницата на еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо покажа дека ужива во луксузот  дури и кога спие.

Фото: Георгина на Роналдо се пофали со пижама  од 2700 евра !!

Убавата Георгина не крие дека сака добро да изгледа и дека често знае да се почести со скапоцени дизајнерски „крпчиња“.

Сега свршеницата на Кристијано на социјалните мрежи се пофали со скапоцени пижами вредни дури 2700 евра.

Георгина на Инстаграм објави фотографија на која е облечена во пижами со потпис на модниот гигант „Луј Витон“ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Во петок (13.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Бобан Цаневски.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Состојки за денешниот рецепт:

2 тиквички

300 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 морков

2 компира

1 домат

1 чешне лук

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

Семејна драма се одвивала вчераутро во скопски Чаир, каде што син го запалил автомобилот на мајка си, а потоа се заканил дека ќе го запали и станот во кој живеат.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

28 годишникот бил лишен од слобода, бидејќи тој по закана дека ќе го запали автомобилот во пет часот наутро го запалил и се заканил дека ќе го запали и станот на неговата мајка.. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти министерството за внатрешни работи...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

По повод Неделата посветена на старите лица, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети Здружението „Моето гнездо“, кое ја спроведува социјалната услуга „Помош и нега во домот“ на територијата на општината. 

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

Услугата, која изминатиот период активно се реализира во Општина Илинден, е наменета за лица над 65 години, како и за лица со попреченост, со цел да им се обезбеди соодветна грижа и поддршка во домашни услови, поголема самостојност и подобар квалитет на живот.

При посетата, градоначалникот Георгиевски се запозна со досегашните активности на здружението и истакна дека грижата за повозрасните граѓани, како и за лицата со попреченост е еден од најголеми приоритети на локалната самоуправа.

„Со воспоставувањето на услугата „Помош и нега во домот“ овозможуваме конкретна поддршка таму каде што е најпотребна. Особено ме радува што оваа услуга веќе активно се спроведува на територијата на Општина Илинден. Ќе продолжиме да вложуваме во развојот на социјалните услуги, бидејќи секој граѓанин заслужжува да има можност за достоинствен и квалитетен живот“, истакна градоначалникот Георгиевски.

Сите заинтересирани граѓани кои имаат потреба од услугата „Помош и нега во домот“ можат да се обратат на телефонскиот број 079 340 473, каде што ќе добијат дополнителни информации за начинот на користење на услугата, која е целосно бесплатна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер