ЗабаваФото: Фитнес инструкторка во бикиниУбавата Доли Кастро ќе ве воодушеви со својата појава. Таа е фитнес инструктора,модел, и сопственичка на интернет сајт за продажба на облека. Раскошната Доли е решителна да стане светски позната и нема нешто што може да ја спречи во тоа. Со вакво тело таа е многу блиску до целта, бидејќи каде и да се појави сите зборуваат за нејзиниот совршен задник или бујни гради. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКарлеуша повторно остана без профил на ИнстаграмПопуларната српска пејачка Јелена Карлеуша најави дека ќе поднесе тужба против „Мета“ откако нејзиниот профил на „Инстаграм“ повторно ѝ беше изгаснат. При доаѓањето на снимањето на телевизиско шоу – видно незадоволна што овој проблем, како што тврди таа, се повторува на секои 15-тина дена – таа изјави дека трпението ѝ е при крај. Исто така, откри дека веќе стапила во контакт со адвокати во Германија. Според порталот „Српскаинфо“, повикувајќи се на „Пинк.рс“ (Pink.rs), пејачката смета дека нејзините права на оваа платформа се сериозно прекршени. „Ова е приказна што се повторува на секои две недели... Мислам дека дефинитивно ќе морам да поднесам сериозна тужба против ’Мета‘; тоа е мојот нов правен чекор во борбата за моите права, кои се грубо прекршени. Оставете ми мене да го решам ова на свој начин“, изјави Карлеуша. Зборувајќи за тоа зошто не одлучила порано да поднесе тужба, таа објасни дека Инстаграм не ѝ бил главен приоритет, но дека моменталната ситуација ги надминала сите граници. – Генерално, Инстаграм не ми е главна преокупација, но ова сега веќе не е ни само безобразно, туку е и смешно. Контактирав сериозна германска адвокатска канцеларија, па ќе видиме до каде ќе отиде работата – изјави Карлеуша. Овој пат, нејзиниот профил под името „JKentertainmentt“, кој го отвори неодамна, беше затворен. Засега не се знае што точно довело до деактивирање на нејзиниот последен профил. Проблемите на пејачката со оваа социјална мрежа започнаа на почетокот на 2025 година, кога беше затворен нејзиниот главен профил, кој имаше повеќе од 2,4 милиони следбеници. Откако повеќе од еден месец немала пристап до својата сметка, во март истата година, таа се нашла во ситуација во која – според правилата на „Мета“ – нејзиниот профил бил пред трајно бришење. Иако во меѓувреме отворила нова сметка, во јуни минатата година накратко се вратила на својот стар профил; сепак, до почетокот на јули, тој повторно бил исклучен – наводно поради голем број пријави, конкретно од ботови. Потоа, на својот роденден, 17 август, Карлеуша отворила нов профил. Сега, по исклучувањето на сметката „JKentertainmentt“, таа најавува правна битка против технолошкиот гигант.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
ТенисЈаник Синер официјално се повлекува од Австралија Опен, го чека голем пад на АТПИталијанскиот тенисер Јаник Синер нема да игра на Австралија Опен, објавија организаторите. Синер нема да игра на првиот Гренд слем турнир во 2027 година, бидејќи се опоравува од неодамнешната операција на десното колено. „Редовно сме во контакт со тимот на Јаник Синер и тие потврдија дека тој нема да биде со нас на Австралија Опен во јануари по неговата неодамнешна операција. Јаник обожава да се натпреварува тука во Мелбурн и со нетрпение очекува да се врати на Австралија Опен во 2028 година. Му посакуваме се најдобро во закрепнувањето и со нетрпение очекуваме наскоро да го видиме повторно на теренот“, изјави за АП извршниот директор на Тенис Австралија, Ендру Абдо. Иако има заштитен ранкинг кој му овозможува задржување на местот во главните ждрепки на најголемите турнири, тој ќе продолжи да паѓа и да губи поени на АТП листата. Тој веќе е на второто место зад Саша Зверев, а бидејќи има 7.950 поени, само прашање на денови е кога ќе му го препушти второто место на Алкараз. Минатата сезона, тој доби 800 поени за полуфиналето на Австралија Опен, потоа во Доха доби уште 100 за четвртфиналето, а ги освои Индијан Велс и Мајами. Тоа се вкупно 2.900 поени што сигурно ќе ги изгуби на почетокот на следната година и ќе изнесуваат околу 5.000 поени. Знаеме дека Бен Шелтон би можел да го стигне со неговиот моментален резултат, а Даниил Медведев не е далеку зад него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски за правосудниот испит: Доставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислењеДоставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислење кое е задолжително за преговорите со ЕУ, претходно 20 години никој не барал решение .Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања во врска со полагањето на правосудниот испит истакна дека се чека мислењето од Венецијанската комисија бидејќи врз основа на тоа мислење треба понатаму да се постапува затоа што мислењето на комисијата треба да се почитува согласно преговарачкиот процес за ЕУ, воедно изрази жалење што никој во изминатите 20 години претходно не сакал да најде решение за ова прашање. „Она кое што е доставено до Венецијанска комисија е материјал во форма на закон за кој бараме мислење и чекаме Венецијанската комисија да даде мислење. Откако тоа мислење ќе биде готово, тогаш ќе носиме одлука што понатаму, но прво да го сочекаме мислењето на Венецијанската комисија, затоа што не знаеме дали ќе се најде законот во Собрание ако мислењето е негативно. Тогаш ќе треба и вие да го прифатите“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Скендер Реџепи. Премиерот Мицкоски додаде пак дека доколку пак мислењето на Венецијанска комисија е позитивно врз основа на предлогот, тогаш ќе треба да го прифатат сите вклучително и пратеникот Скендер Реџепи, бидејќи не сака да верува дека современ пратеник не сака да почитува мислење на Венецијанска комисија која е дел од преговарачкиот процес и критериумите кои се дел од француската методологија од 2019 година. „Да почекаме што ќе биде мислењето и потоа да носиме одлуки што ќе биде понатаму Досега процесот се водеше многу транспарентно, јас жалам што повеќе од 20 години во кои имало разни министри од различна етничка припадност, од различна политичка припадност не успеале да го поместат ова прашање, па дури и откако е донесен Законот за употреба на јазиците. Но еве сега дојде време за да разгледуваме некое решение, но за да дојде пред пратениците и истото го браниме заедно со министерот за правда ние ќе треба да го почекаме најпрвин мислењето од Венецијанска комисија“, нагласи премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter