Фото: Дуа Липа во пантер бикини го покажа целулитот!! - Канал 5

Фото: Дуа Липа во пантер бикини го покажа целулитот!!

Мегапопуларната пејачка Дуа Липа без проблем во минијатурно бикини го покажа маните на своето тело.

Фото: Дуа Липа во пантер бикини го покажа целулитот!!

Липа новата 2020 година ја дочекала во сончевиот Мајами во друштво на своето момче Анвар Хадид, братот на сестрите манекенки Бела и Џиџи.

Атрактивната Дуа на плажа се соблекла во минијатурно бикини со принт леопард и го покажала целулитот на задникот.

Липа пред дочекот на Новата 2020 година на социјалните мрежи објавила дека ужива во Мајами каде се сонча и ги полни батериите за настапите во 2020 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развој

Инвестицискиот циклус којшто го имаме во изминатиот период треба да го зачуваме. Во 10 последователни квартали во континуитет имаме  стапка на раст од околу и над 3%, а во последниот квартал стапка на раст од 4,3%. 

Димитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развој

Тоа покажува дека се движиме по една добра траекторија. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панел дискусија посветена на тема „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност: Буџетски приоритети, реалности во приватниот сектор и регионални лекции“ на Регионалната конференција „Охрид 2026“, каде што потенцира дека поддршката на инвестицискиот циклус оди заедно со спроведување на една постепена фискална консолидација којашто треба да биде приоритет.

„Прашањето е дали треба да се стремите кон тоа да имате буџетски дефицит колку што сте предвиделе. Дали е можеби потребно и мало изместување во однос на тоа што сте го испроектирале во насока на тоа да дадете поддршка на оној инвестициски циклус кој трае во еден подолг временски период. И тоа беше еден од најголемите ппредизвици што го имавме како Министерство за финансии при подготовка на последниот ребаланс на Буџетот. Нашата одлука секако беше дека ќе избалансираме. Од една страна дефинитивно ќе помстиме дел од буџетскиот дефицит во нагорна линија, при тоа имајќи предвид дека најголем дел од тој дефицит ќе оди кон финансирање проекти, кои ќе додадат дополнителна вредност за економијата, но во исто време внимателно ќе работиме и на приходната страна, затоа што не е фискалната консолидација само фокус на расходната“, истакна министерката.

Таа потсети дека Македонија е една од земјите која имаше оромен буџетски дефицит во 2020 година, меѓутоа во 2021 не успеа да го консолидира дефицитот и за сметка на тоа фискалната консолидација се одвива побавно. Исто така влијание на спроведување на овој процес има и исплатата на расходи кои произлегуваат од стекнати законски права, а кои во минатото ги немало во Буџетот.

„Приоритет мора да има фискалната консолидација, затоа што тоа на крајот ќе има влијание и на кредитниот рејтинг, ќе има влијание во иднина и на каматните стапки. Што значи тоа треба да биде приоритет, но не по секоја цена за колкав временски период ќе го оствариме. Не треба да брзаме во остварување на фискалната консолидација - буџетски дефицит под 3% и јавен долг под 60%, а на штета на тоа да направиме пореметување кај инвестициите“, потенцира министерката за финансии.

Таа додаде дека инвестициите се клучни за растот и дека доколку се погледнат податоците за растот на БДП во вториот квартал тие покажуваат дека инвестициите се главен двигател на растот. При тоа наведе дека се уште има простор за подобрување, но дека се значајни ако се има предвид од каде се почн во првиот квартал од 2024 година кога стапката на раст изнесуваше 1,6%.

Посочи дека растот државата сама не го остварува и дека тука се многу значајни и инвестициите на приватниот сектор. При тоа наведе дека покрај поддршката што се дава преку Развојната банка и преку Законот за финансиска поддршка, секако важна е и предвидливоста.

„Имаме еден инвестициски циклус кој треба да го чуваме и да помагаме колку што можеме и како држава. Дали е доволни? Не, се уште има одредени структурни проблеми во економијата и тука треба можеби одредени промени. Преку Развојата банка помагаме на приватниот сектор, кај Законот за финансиска поддршка можеби ќе се менуваат одредени работи во насока на тоа да се поддржат одредени компании од одредени сектори кои сметаме дека треба да се зајакнуваат затоа што не може да зависиме и БДП да ни зависи од оние странски инвеститори кои прд 15 години дојдоа тука, а факт е дека тие се најголем мотор на создавање на БДП. Сме на добра патека но треба се уште да се работи. Има простор и верувам дека во периодот што следи ќе успееме да ги подобриме и овие резултати“, порача министерката.

Според неа значаен инструмент во трансформација на економијата има и Планот за раст чие што исполнување значи една поголема трансформација од она што е администрација, легислатива, подобрување на целокупното законодавство и однесување на државата и приближување до европското.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карпош продолжува со контроли на квалитетот на амбиенталниот воздух

Општина Карпош продолжува со активностите за следење и оценување на квалитетот на амбиенталниот воздух на својата територија, во насока на навремено идентификување на потенцијалните извори на загадување и заштита на животната средина.

Карпош продолжува со контроли на квалитетот на амбиенталниот воздух

Во рамки на активностите, стручни лица од лиценцирана фирма којашто ја ангажираше Општина Карпош, извршија мерења на квалитетот на воздухот на неколку локации низ општината. Мерењата се реализираа во присуство на овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош.

По добивањето на официјалниот извештај и анализата на резултатите од извршените мерења, доколку бидат констатирани неправилности, надлежните ќе преземат соодветни мерки и активности, согласно законските овластувања. Општина Карпош потенцира, дека контролата и следењето на состојбата со амбиенталниот воздух претставуваат важен дел од заложбите за создавање почиста и поздрава животна средина.

Локалната самоуправа упатува апел до сите правни и физички лица, доследно да ги почитуваат мерките и законските обврски за заштита од загадување, со заедничка одговорност кон животната средина. Единствено со таков пристап би сé подобрил квалитетот на воздухот, кој има директно влијание врз здравјето на граѓаните.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Изјава на премиерот Мицкоски од пуштање во употреба на реновираната зграда за неврофизиологија.

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

„Добар ден и од мене, не можам а да не кажам дека сум исклучително среќен и задоволен од она што уште еден проект е заврши, уште еден објект е реновиран.

Уште еден објект може да понуди поквалитетни услови за нега и грижа на пациентите.

Нешто што со децении до сега не било нити помислено да е нешто реновира, а камо ли да се направи. Еве сега се заврши.

Слушнавте од претходниот говорник за тоа што се е направено, јас не би сакал да се повторувам. Би сакал да му честитам на директорот за сето она што го прави, инспирира со својата работа и очекувам така да продолжи и понатаму.

Се разбира дека здравството е еден од нашите врвни приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен систем, во рамките на тоа зборуваме за Клиничкиот центар во Штип, за клиничката болница Тетово, за здравствениот дом со проширена дејност во Кичево.

Но, исто така работиме и на проект со кој што ќе се консолидираат конечно општите и заеднички служби при Клиничкиот центар тука во Скопје.

Состојба која што беше наследена од претходната влада со десетици милиони евра долг.

Но, исто така и во рамки на хортикултурното уредување, на енергетската ефикасност на самите згради кои што се во овој клинички центар бидејќи тоа е дел од реформската агенда, да секоја година реконструираме и реновираме отприлика и енергетски-ефикасни направиме повеќе од 3% од јавните објекти.

Приоритетите биле дефинирани за првиот бран од претходната влада, сега ние ги дефинираме за вториот бран и Клинички центар ќе биде тој приоритет, се разбира. И продолжуваме и понатаму да работиме во делот на соодветна локација и преговори со приватни сопственици за таа локација да изградиме еден нов голем клинички центар, ја знаете локацијата која е.

Така што сето ова очекувам во периодот кој што следи да биде завршено и на тој начин да продолжиме со инвестиции во рамките на здравството.

Проблеми има, ќе повторам не е идеално, впрочем никаде не е идеално, проблемите се таложеле со децении, но добро е што не се создаваат нови, а старите се решаваат и во таа насока ќе продолжиме и понатаму да функционираме.

Уште еднаш благодарам на директорот, на тимот, на персоналот, на сите доктори, на медицинскиот персонал кој што апсолутно додава вредност во сите овие проекти, кој што работи би рекол посветено да понуди услуга повеќе за оние на кои што таа услуга им е потребна и благодарност за трпението на пациентите кои што го имаат затоа што сепак е потребно е време сите овие проекти кои што со децении не биле би рекол ниту во оптиката на било кое претходно раководство, сега бидат реконструирани и пуштени во употреба.

Така што еве, продолжуваме и во периодот кој што следи заедно со министерот, заедно со директорот на Фондот, заедно за директорите по болниците, со вработените, со лекарите, со медицинскиот персонал да дадеме максимумот од тоа кое што можеме и го имаме на располагање.

Ви благодарам.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер