Фото: Бијонсе и Џеј Зи продаваат луксузна вила со 7 спални соби и 8 бањи - Канал 5

Фото: Бијонсе и Џеј Зи продаваат луксузна вила со 7 спални соби и 8 бањи

Бијонсе и Џеј Зи ја продаваат својата луксузна барокна вила во Њу Орлеанс, во која пејачката напиша некои од нејзините најубави песни.

Фото: Бијонсе и Џеј Зи продаваат луксузна вила со 7 спални соби и 8 бањи

Еден од најпознатите музички парови Бијонсе и Џеј Зи открија како изгледа еден од нивните величествени имоти.

Станува збор за барокна вила во најстариот дел на Њу Орлеанс.

"Акустиката и енергијата се одлични таму. Гледајќи ги зајдисонцата од таа градина на покривот, напишав некои од моите најдобри песни", напиша Бијонсе во огласот за продажба на вилата.

Славниот пар ја продава вилата откако таму избувна пожар во јули, за кој полицијата се сомнева дека бил подметнат.

Вредноста на имотот се проценува на четири и пол милиони долари, а пејачката го купила во 2015 година.

Вилата е изградена во 1925 година во шпански барокен стил. Првично била презвитеријанска црква, а потоа и балетско училиште пред да стане луксузен дом.

Имотот е поделен на главна резиденција и три помали станови кои заедно зафаќаат повеќе од 1.000 квадратни метри.

Вилата е украсена со квалитетен паркет, високи тавани има седум луксузни спални соби и осум бањи.

Главната спална сова е посебен апартман во кој се наоѓа голем орман и бања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. 

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.

Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.

Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

На 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. 

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер