3СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Шоу бизФото: Адел е преслаба и веќе не личи на себеБританската пејачка Адел ослабела повеќе од 20 килограми и многумина коментираат дека е непрепознатлива.На социјалните мрежи се појавија нови фотографии од пејачката на кои таа е послаба од било кога. На фановите на почетокот им се допаѓаше нејзината преобразба, но сега мислат дека е време таа да престане со диетата. Фановите коментираат дека таа веќе не личи на себе. Многумина се сомневаат дека причината за губење на килограми е стресот, кој таа го доживеала по разводот. Адел своето ново, ослабнато тело го покаа на карипскиот остров Ангуила, но не била сама. Таа се забавувала во друштво на музичарот Хари Стаилс, па светските медиуми почнаа да пишуваат дека меѓу нив можеби има нешто повеќе од пријателство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)Ноќеска избувнал голем пожар во скопската населба Шуто Оризари, изгорени се неколку дуќани и кафулиња.Како што пренесуваат повеќе медиуми, на терен нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета. Постојат и сомневања дека пожарот бил подметнат. Се очекуваат повеќе детали од МВР и противпожарните служби. Тагови: пожар Шуто Оризари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов ликДетското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење.Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето. Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови. Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност. Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни париУште еднаш се потврди дека арамијата Мицкоски штом отвори уста лаже.Вчера, дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говореа од самиот почеток. Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски јавно да објави каде завршија парите на граѓаните. Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти? Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Бараме Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter