Фон дер Лајен: БиХ мора да го реформира изборниот законик за влез во ЕУ

Реформа на изборниот законик е неопходна за напредок на Босна и Херцеговина на патот кон Европската унија, изјавија претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на свеченото отворање на мостот кај Свилај.

Фон дер Лајен, Пленковиќ и босанскиот премиер Зоран Тегелтија денеска заедно ја пресекоа лентата и отворија мост што ги поврзува Хрватска и БиХ на граничниот премин Свилај.

"Јасно е дека регионот мора да го изгради најважниот мост од сите - мостот на помирување. Тоа им го должиме на жртвите од минатите конфликти што го распарчија овој прекрасен регион", рече шефицата на ЕК во обраќањето по церемонијата, последен ден од нејзината турнеја низ шест земји од Западен Балкан.

Говорејќи за напредокот на БиХ кон членството во ЕУ, Фон дер Лајен рече дека и е потребен „итен напредок во изборните и уставните реформи“.

"Да се ​​почитува договореното, а тоа е да се гарантира еднаквост на сите граѓани на БиХ. Ова е клучно за земјата да напредува кон Европа", рече Германката на границата меѓу двете земји.

"Бидете сигурни, ние сме подготвени на секој чекор да бидеме со вас, како пријатели и партнери. Но, мора да ни помогнете за да ви помогнеме", додаде таа.

Во Свилај, Пленковиќ повторил дека Хрватска е за промена на изборниот закон, така што Хрватите, како најмал народ во БиХ, немаат свој легитимен претставник.

Меѓусебната доверба може да се изгради само ако трите конститутивни народи се „навистина еднакви“ и ако се почитува она што е договорено во Договорот Дејтон-Париз, рече тој.

"Сакаме да ја поправиме лошата аномалија. Не е добро конститутивниот народ да не се чувствува добро, нема смисла. Замислете дека ова е ситуацијата со Бошњаците или Србите, дали би биле задоволни?" рече Пленковиќ.

Следните избори во БиХ се во октомври следната година, а хрватскиот премиер рече дека во светот е „добра практика“измените во изборниот закон да се направат најдоцна една година пред изборите, поради што преговорите сега се во интензивна фаза.

Фон дер Лејен рече дека нејзината посета на регионот покажува колку е „сериозна“ Европската унија за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и рече дека Брисел „ги сака со себе“.

Лидерите на Македонија, Косово, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе се состанат со европските власти во Словенија следната недела на новиот самит ЕУ-Западен Балкан, петти по ред.

Шефицата на ЕК рече дека за време на нејзината посета на тие земји била „импресионирана“ од нивниот напредок и мотивацијата за членство.

"За Западен Балкан има место во Европската унија. Тоа е во наш заеднички интерес, но верувам дека тоа е и нашата судбина".

Фон дер Лајен додаде дека Европската унија планирала девет милијарди евра инвестиции во инвестицискиот план за Западен Балкан.

„Сега треба да работите на проекти во кои можеме да инвестираме“, заклучила таа.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер