ФК Вардар бара Ставрев повеќе да не биде делегиран на ниту еден натпревар на црвено-црните - Канал 5

ФК Вардар бара Ставрев повеќе да не биде делегиран на ниту еден натпревар на црвено-црните

Остра реакција на ФК Вардар на судењето на Александар Ставрев, кој според вардарци со својата арбитража „кумувал“ во поразот на црвено-црните од Шкендија со 3-0 на вчерашниот меч од четвртфиналето во Купот на Македонија.

ФК Вардар бара Ставрев повеќе да не биде делегиран на ниту еден натпревар на црвено-црните
ФК Вардар во соопштението објавено на официјалната веб страна на клубот од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) бара, судиската комисија внимателно да ги прегледаат спорните моменти, а судија Ставрев да биде санкциониран за лошото делење на правдата и притоа да не биде делегиран на ниту еден меч на црвено-црните.

Во продолжение целосното соопштение на ФК Вардар.

Како предводници и луѓе кои одвојуваат време и пари за доброто на Вардар, по вчерашното скандалозно делење на правдата на Александар Ставрев, јавно прашуваме кому му пречи ваков Вардар – организиран, квалитетен и со поглед кон Европа? Зошто некому сме му трн во окото и тоа откако успешно ги реализираме сите наши најавени проекти, пред сѐ кампот во Хиподром и Академијата во Градскиот парк. Се исплаши ли некој во ФФМ од моќен Вардар, дали некому му пречи популарноста на нашиот клуб па сега сите фрустрации морат да бидат излечени на нашиот грб? Сте се излажале ако мислите дека ќе успеете да нѐ тргнете од патот по кој цврсто сме решени да чекориме!

Чест, гордост и предизвик преставува да се менаџира ФК Вардар. Низ историјата минале многу раководства и претседатели, сите со различни гледишта, но со иста цел ­ опстанок на светото име Вардар. Големината на нашиот клуб отсекогаш носела и противници, луѓе кои сакале да му наштетат на името, на честа и конечно - на светоста на клубот.

Сериозна задача е пред нас, во време кога клубот по многу долги години е финансиски стабилен, со јасно определена цел на професионален план, со инвестиции во инфраструктурата за сите возрасни категории. Имаме и сениорски тим, со шампионски и сериозни европски амбиции, поради што токму сега, безрезервно и бескомпромисно треба да им застанеме на патот на сите оние кои сакаат да му наштетат на нашиот клуб.

Скандалозното однесување на нарачателите од „Куќата на фудбалот“, повикува на мобилизација и на обединување на сите оние на кои Вардар им е при срце. Оваа менаџерска структура ја претставува и армијата вљубеници во клубот и илјадниците навивачи, па заеднички сакаме да искажеме револт кон судиската тројка предводена од нашиот „најдобар“ интернационален судија, кој нѐ оштети на вчерашниот меч против Шкендија од Купот на Македонија.

Велиме најдобар во наводници, зашто по којзнае кој пат си дозволи да си поигра со честа на нашиот клуб од причини познати само нему. Не ни се верува дека интернационален судија со 70 (СЕДУМДЕСЕТ!) отсудени меѓународни натпревари не може да се носи со еден ваков натпревар од висок ризок. Или, пак, не сакал да ја дели правдата правично, што дефинитивно би било сериозен проблем, кој бара и сериозна анализа.

Ставрев, вчера, на најдрзок начин, дали по нарачка од некого или по негова слободна волја, целосно ја уништи играта на Вардар, умно ја спречуваше секоја можност нашите фудбалери да ја развијат играта на теренот. Досудувањето на прекршоците е приказна сама за себе. Стартовите кои ги правеа домашните фудбалери беа несанкционирани, а нашите прекршоци беа казнувани со жолт картон уште од прва и тоа на арогантен начин во стилот „знаете ли кој сум јас..“. Згора на тоа, не сакаме ниту да помислиме што ќе беше ако нашиот голман Томе Пачовски вратеше на грдите пцости од страна на помошникот Дејан Костадинов. Каде се наоѓаме ние? Во Зимбабве? Па на таков начин да ги воспитуваме фудбалерите...

Снимката од прекршокот на Хамбарџумјан, кога го доби првиот жолт картон (петта минута), говори сама за себе за пристрасноста на Ставрев, а со вториот, пак, доделен за најнормален воздушен дуел какви што има безброј на секој меч, ја откри својата пристрасност и желба да му напакости на Вардар.

Никако не го оправуваме однесувањето на Горан Попов откако заработи директен црвен картон, тоа однесување е недозволиво и срамно, но ја разбираме неговата реакција на исклучувањето за старт за кој најмногу може да биде санкциониран со жолт картон.

Голема е штета што натпреварите од Купот на Македонија не се пренесуваат на националниот ТВ сервис, ФФМ веројатно има своја причина и за тоа, па малкумината што го гледаа мечот од Чаир на видео стримовите, можеа да се уверат во калкулантското судење на Ставрев во текот на целиот натпревар. Затоа, ние ја објавуваме оваа видео-снимка, полна со судиски грешки, за да може јавноста да се увери на каков перфиден начин сме оштетени на првиот четвртфинален меч и речиси отпишани од борбата за влез во полуфиналето од нашето најмасовно натпреварување.

Поради сѐ наведено во соопштението, бараме под итно: ФФМ и Судиската комисија внимателно да го разгледаат видео - материјалот од натпреварот и да донесат праведна одлука во однос на делењето на правдата на натпреварот. Бидете претпазливи каква одлука ќе донесете - бидејќи ние ќе истраеме во битката за правдата и нема повеќе да молчиме. Наша обврска е да го заштитиме клубот и затоа ќе возвратиме на најсилен можен начин. Не ни значи ништо ако му дадете слаба оценка на Ставрев, бараме најостра казна за него и никогаш повеќе да не биде делегиран на натпреварите на Вардар.

Секако на крај, сакаме да се заблагодариме на професионалниот однос на управата на Шкендија, која на највисоко професионално ниво го организираше натпреварот. Ветуваме дека веќе в среда ќе возвратиме на ист начин. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лица

Неколку бранови руски балистички ракети го погодија Киев ноќеска, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз инфраструктурата.

Руски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лица

Според властите, најмалку шест лица во градот Киев се повредени, заедно со уште едно лице во околната киевска област. Меѓу повредените во Киев е и 14-годишно девојче, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Двајца од повредените се хоспитализирани.

Рускиот напад, исто така, го оштети клучниот Северен мост во Киев, кој во моментов е затворен за сообраќај во двата правци, додаде тој. Од утрото, оштетени се коловозот, тролејбуската контактна линија и далноводот, рече Кличко.

„Сообраќајните работници и комуналните работници веќе работат на Северниот мост“, увери градоначалникот.

Додека воздухопловните сили на Украина предупредија дека балистичките ракети се насочени кон главниот град, серија експлозии го потресоа градот. Првиот бараж од ракети го нападна Киев брзо, а воздухопловните сили објавија дека најмалку шест ракети биле лансирани кон градот во рок од неколку минути непосредно пред 23 часот локално време на 6 ноември.

До утрото на 7 ноември, воздухопловните сили објавија дека Русија лансирала 172 дронови од типот Шахед, од кои 137 со млазен погон, и неодреден број балистички ракети кон Украина преку ноќ. Воздухопловните сили тврдеа дека собориле или потиснале четири балистички ракети и 149 дронови од типот Шахед, вклучувајќи 117 дронови со млазен погон, на 24 локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи.

Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци.

Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер