Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки - Канал 5

Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки

За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки, конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има импликации ако продолжи.

Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки

Ако продолжи воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе има импликации, може да проработат инфлациските тенденции. Тоа е опасност за Македонија. Ќе се зголемат производните трошоци на сите бизниси што е многу сериозен проблем, оценува академик Таки Фити.

Според него, ова прашање е поврзано со геополитиката, а геополитичкиот пејзаж многу брзо се менува во современи услови.

-Војната Украина - Русија, трговскта војна наметната од Трамп, сега Иран - Израел. Целото опкружување станува многу поризично и има силни негативни импликации и врз економијата и врз целокупниот развој на земјите. Цената на нафтата е многу значајна зашто е импут во производство на огромен број производи - од една стана е енергент, а од друга многу производи технолошки базираат на користење нафта. Сега, кога беше енргетската криза, енергенсите многу поскапеа и тоа не резултираше со рецесија, но беше блиску до рецесија. Многу земји беа блиску до стакфлација, едновремено присуство на ниски стапки на економски раст и на релативно висока инфлација и висока невработеност. Ако ова продолжи, ќе има импликации. Може да проработат инфлациските тенденции. Тоа е опасност за Македонија. Кога беше енергетската криза ние имавме малку повисока стапка на инфлација за разлика од други земји, прво зашто е таква структурата на нашата економија и увозната зависност за многу производи и енергија е прилично голема па како растат цените во тие земји, така таа инфлација се увезува и кај нас. Зависи колку ќе трае војната, тоа ќе ги зголеми трошоците на производство на сите бизниси и тоа е многу сериозен проблем, изјави академик Фити кој учествува на денешната тркалезна маса „Зелен раст – посебен осврт врз Северна Македонија што ја организира МАНУ.

Прашан за цените на производите кои се зголемија по завршувањето на ограничените маржи и најавениот план на Владата за евентуална интервенција, професорот порача дека во овој сегмент треба да се делува со индикретни, а не со директни мерки. Потсети дека имаме Комисија за заштита на конкуренцијата која, како што напомена, треба да си ја врши својата работа.

-Економската наука е против директни интервенции во доменот на цените како што е замрзнувањето, зашто тие честопати се контрапродуктивни. Ефект ќе има одреден период, но проболемите се кумулираат и кога ќе се „ослободат“ цените, тоа се враќа како бумеранг. Основно е да се контролира ситуацијата со индиректни мерки. Ние ја имаме Комисијата за заштита на конкуренцијата и таа треба да си ја врши својата работа. Во екот на кризата, Комисијата рече: „ние не постапуваме ако немаме допрен глас“. Не може така. Комисијата има компетенции да постапува, да спречува монополистичко однесување, да спречува доминанта позиција на определени фирми, да казнува директно за тоа. Таа е една од клучните институции која е задолжена за одржување на нивото на конкуренција и на конкурентниот притисок во економијата, но и на слободата на пазарот и претприемништвото, нагласи Фити.

Другата работа е подолгорочна, проблем е на бизнисите и на самата економија. Ако се работи добро и квалитетно, ако се применуваат иновации, ако се применува поинаква организација на производство, ако менаџментот променува современи методи на управување со фирмите ќе расте квалитетот и обемот на производство. Така ќе можеме да ги регулираме овие работи.

Тој се осврна и на земјоделството кое е поврзано со основните прехранбени продукти. Рече дека даваме огромни субвенции, а има серизни индикации и испитувања во МАНУ дека субвенциите не даваат соодветни резултати. Треба, потенцира, да се смени системот на субвенционирање.

-Ефектот од толку големи субвенции и порастот на БДП во земјодлството не е онака како што се очекуваше со давањето на субвенциите. Но, тој систем останува, меѓудругото зашто земјоделците се значајно гласачко тело и еднаш стекнато право партиите на власт тешко се одлучуваат тоа да им го скратат или намалат. Треба да се субвенционира земјоделството, но треба да се смени системот на субвенционирање. Ние уште субвенционираме врз база на посеани површини, таа работа не оди. Треба на аутпутот, на производот што се произведува и треба тие субвенции да одат во вистински раце, а тие често, наместо кај земјоделците, завршуваат кај луѓето кои земале државно земјиште под закуп и кои воопшто не се занимаваат со земјоделство. Земјоделството ни е многу битно, тоа е и еден од основните приоритети на идниот развој на државата, истакна Фити.

Покрај субвенции, смета академикот, треба да се обмислат и друи мерки за поддршка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер