Филипче: Во случај на коронавирус во институциите, системот ќе продолжи добро да функционира

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека резултатот на претседателот на политичката партија СДСМ Зоран Заев е негативен на коронавирус.

Во однос на двајцата лидери на партиите Заев и Мицкоски- сите оние коишто досега имале контакт со нив со оглед на тоа што двата резултати се негативни, не се во никаков ризик - не треба да се тестираат, ниту треба да се самоизолираат.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби после два негативни контролни теста се испишани тројца оздравени пациенти, кои се во добра здравствена состојба и примени се двајца нови пациенти. Во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, меѓу кои 8 се на механичка вентилација во тешка форма на болеста. Во болницата „8-ми Септември" има хоспитализирано 21 пациент, од кои 6 пациенти се наоѓаат на респираторна машина, со тешка форма на манифестација на болеста", изјави министерот Филипче.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 4 пациенти пациенти - тие се добри и стабилни и се пратат пациентите коишто се на домашно лекување. Во болницата во Штип примени се уште 4 пациенти од Кочани. Вкупниот број на хоспитализирани пациенти во оваа болница е 8 и нивната здравствена состојба во моментов е стабилна.

„Во однос на статистиката на денот, во изминатите 24 часа направени се досега рекорден број на тестови вкупно 496. Потврдени се позитивни 48 лица, односно вкупно досега во земјата 711 случаи. Статистиката по градови е следната: во Скопје-11, во Куманово-25, во Штип-1, во Прилеп-4, во Тетово-1, во Струга-3, во Охрид-1 и во Гостивар-2 случаи. Големиот број на пациенти коишто се дијагностицирани во Куманово се практично пациенти кои се пратеа, кои беа со препорака во самоизолација. Во меѓувреме развија симптоми заради тоа што беа во контакт со претходно заболени лица од Куманово", потенцираше министерот Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 7.067 тестирања на КОВИД - 19 вирусот. Во однос на бебето, најмалиот пациент - тоа се наоѓа на Инфективната клиника, стабилно е, за неговата состојба секојдневно се консултира и педијатар.

„Починатиот притвореник во истражниот затвор во Шутка, којшто престојувал од 8-ми март, немал симптоми на КОВИД - 19. Меѓутоа е постмортем истиот дијагностициран - интензивно се работи со луѓето таму. Направени се интензивни прегледи од лекарски тимови, тие продолжуваат и во текот на утрешниот ден и во недела. Земени се голем број на тестови вчера 30-тина, денеска исто така ќе се изанализираат и клинички прегледаат сите луѓе кои се таму, вклучително и персоналот-вработените во затворот", додаде министерот Филипче.

Вработена во Агенција за храна и ветеринарство повеќе од една недела не е на работа. Од 2-ри април е дома заради ротацијата на тимовите којашто е организирана во смисла на внатрешното функционирање на институцијата. Седум колеги коишто биле во контакт со заболената се во домашна изолација. Во објектот во институцијата се работи на детална дезинфекција и чистење.

„Дозволете да дадам коментар во однос на реакциите коишто ги имаше во јавноста, по медиумите, по мрежите во однос на брзината со којашто пристапивме кон тестирањето на лидерите на двете најголеми политички партии кај нас, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Тие се експонирани многу во јавноста, имаат интензивни контакти со многу луѓе, со претставници на институциите, претседателот Заев со министри во Владата. Сакам јасно да кажам дека тука не станува збор за политички приоритети, туку за заштита на државните интереси за зачувување на функционалноста на институциите, посебно во вакви моменти во криза. Тоа се луѓе коишто имаат интензивни контакти и комуникации и со претставници на медиумите коишто се еден од нашите најсериозни и најголеми партнери во оваа битка која ја водиме против коронавирусот и во таа смисла една од целите беше да се заштитат и претставниците на медиумите, но и вработените во институциите каде што и двајцата лидери често настапуваат, гостуваат и даваат интервјуа", рече министерот Филипче.

Пред нас е првиот викенд којшто ќе биде целосно затворен/забранет за движење од денеска во 16:00 часот до понеделник 05:00 часот наутро на територијата на цела земја.

„Верувам дека апсолутно сите граѓани ја разбираат потребата од вакви мерки. Знам дека е многу тешко да се седи дома, посебно на вака убаво време, но токму во овие услови мора да се покаже максимална одговорност и секој од нас без исклучок да се придржува до она што е пропишано. Оваа состојба нема да трае вечно и нема да трае долго доколку сите се придржуваме до овие мерки. Многу е важно што имаме линеарен пораст на бројот на пациенти - што значи дека успеваме да го амортизираме ударот во смисла на број на пациенти коишто се примаат во нашите здравствени институции. Сакам да ве уверам дека ние постојано ја следиме состојбата, одлуките ги носиме согласно истата, а крајната цел е што повеќе да го намалиме ризикот по здравјето на секој поединец и здравјето на сите граѓани", истакна министерот Филипче.

На прес-конференцијата, министерот Филипче додаде дека веќе од почетокот на следната недела ќе почнеме да се подготвуваме за денот кога животите постепено ќе се вратат во нормален колосек.

„Вчера најавив дека започнавме комуникација со претставници на стопанските комори за да се најдат оптимални решенија за организација на работата на сите организации и институции, а се со цел да и после отстранувањето на рестриктивните мерки не ни се случи голем број на нови пациенти, односно повторен пик/врв на ново дијагностицирани пациенти со коронавирусот. Ова го кажувам заради тоа што сметам дека на секој од нас му треба оптимизам и пораки кои ветуваат дека ова сето еден ден ќе заврши, овие сериозни мерки ќе завршат, но само заедно сплотени и одговорни ќе го дочекаме тој ден што побрзо", посочи министерот Филипче.

Фото: Парис Хилтон „како од мајка родена“

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Провокативната Парис никогаш не била срамежлива да ги покаже деловите од своето тело, но сега според многумина сепак отишла малку предалеку.

Сиљановска Давкова од Вевчани порача: Народот не можете да го излажете!

Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова од Вевчани порача:  Народот не можете да го излажете! Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста н

Денеска, 27 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Вевчани каде што оствари средба со граѓани.

Во своето обраќање од Вевчани, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача: Народот не можете да го излажете! Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста на државата!

Вевчани е гордо! Таа гордост, вие вевчанци, ја пренесувате низ генерациите. И кога се одржува Вевчанскиот карневал, вие умеете преку маските и театарот да докажете дека со микроскопска прецизност ја анализирате и критикувате власта, мислам дека нема човек во Македонија кој не е горд на вас!

Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан, не зашто сакам вулкани, туку затоа што како професорка можам да предвидам извесни состојби. Таа состојба ја гледам, каде и да одам има реки на народ!

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста за поддршката.

Наместо да се замислат зошто граѓаните не гласаат за сегашниот претседател, бидејќи сигурно има причина, слушаме изјави дека ќе почнеле од нула. Народот не можете да го излажете, ви дал еднаш шанса.

Не можете да барате уставни измени, за сега да почнете преговори, а велите сте ги отвориле преговорите. Во суштина не сте ги започнале.

Ставот мора да извира од консензусот внатре во државата. Учењето е многу добра работа, можеме да учиме или треба да учиме и од соседите од Грција, Бугарија... Било која власт кога ќе дојде таму, велат дека тие се должни да ја почитуваат Декларацијата на парламентот. Претседателот мора да има конзистентен став, не може еднаш да речете дека не сте ја виделе преговарачката рамка, вторпат да речете дека не ја прифаќате, третпат да речете дека сте учествувале во нејзино креирање. Не смеете да се негирате себеси оти ако застапувате 3 различни става во еден кус период, тогаш вие нема да бидете почитувани. Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста на државата!

Промената на власта е битна за да се спречи гневот. Со Грците имаме проблеми, но имаат еден убав збор се вика „тимос“ - потреба за признание. Кога правите нешто добро и вредно очекувате признание, ако не доаѓа тоа станувате гневни. Гневот се истури на изборите, ама луѓето од власта тоа не можат да го видат.

Во тешка криза ни е судството. Па знаете дека во врска со Академијата за судии и јавни обвинители, јас се одважив среде кампања да покренам постапка пред Државната комисија за спречување на корупција, зашто среде изборен процес ако донесувате одлуки кој ќе заснова работен однос на Академијата има опасност од политичко влијание.

Ветувам дека ќе се однесувам поинаку од овој претседател. Ветувам дека ќе ве направам горди!

Битиќи: На 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите

Пред 7 години бевме доведени пред граѓанска војна само поради лична и тесно-партиска кусогледост и алчност на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред 7 години бевме доведени пред граѓанска војна само поради лична и тесно-партиска кусогледост и алчност на ВМРО-ДПМНЕ. Насилно и крволочно влегоа во Собранието бидејќи не сакаа да ги ослободат заробените институции“, вели во видео обраќањето по повод упадот во Собранието на 27 април 2017 година, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

„Ова ВМРО-ДПМНЕ денес е истото од тој 27-ми април пред 7 години. Тоа го гледаме во секоја нивна порака за раздор и поделба и денес кога повторно ја бараат вашата доверба.

Затоа на 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите и да се обединиме. А тоа зло - НИКОГАШ да не се повтори“, вели Битиќи и порачува дека „ние не сме случајни минувачи низ нашата Македонија – ајде заедно да бидеме архитектите на една стабилна и европска иднина за нас и нашите деца“.

Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат

„Не може да го заборавиме 27 април, 2017 година, кога државата беше доведена на раб од граѓанска војна само за тоа што Груевски не сакаше да ја напушти власта. Режимот сакаше да не сврти едни против други, политичката битка да ја направи меѓуетничка. Ова не смее да се заборави, не смее да им се прости, бидејќи денешното ВМРО-ДПМНЕ го водат истите тие кои беа зад завесите на овој трагичен ден за нашата демократија“, порача на денешните средби со жителите на скопската општина Чаир, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи истакна дека кај ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска нема место за различности, во нивниот тесен политички поглед, секој е еден кој не ги прифаќа ксенофобичните ставови е исклучен, маргинализиран и отфрлен.

„Кај нив нема место за граѓаните кои веруваат во Македонија дека може да биде европски дом, во кој ќе има место за секого. Но имаат една несреќа, а тоа е дека тие граѓани се многу повеќе отколку што се ВМРО-ДПМНЕ и за тоа на 8-ми мај да им го покажеме патот кон буништето на историјата“, порача Битиќи.

Тој апелира на парламентарните и претседателските избори, да се покаже европска зрелост и да не му се даде шанса на национализмот повторно да ја освои државата.

„Да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите, бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, упати повик до жителите на Чаир, потпретседателот на СДСМ, Битиќи.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

притисни ентер