Мицкоски до ДУИ и Ковачевски: Европски ли е кога Ахмети викаше УЧК во Скопје?

Европски ли е кога Ахмети викаше УЧК во Скопје? И кога голобрадо момче кое случајно му е внук ја купува Соравија? Со СДС и ДУИ се подрива идејата за ЕУ.

Додека се колнат во ЕУ, ја купуваат Соравија, додека зборат за правда делат шамари во контролата на летање во Скопје. Додека народот гладува тие си слават родендени во државни институции. Додека зборат за стандарди, на онкологија ги крадат болните од рак. И треба да знаете дека ниту една лекција не ја научија. СДСМ не се огради од криминаот на ДУИ, ниту пак има намера. А од ДУИ го употребуваат истиот наратив дека биле европска партија, во исто време кога џебовите им се полни со Европски пари, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Виница.

Претседателот упати и прашање до ДУИ, а и Ковачевски, кој продолжува да молчи, дали кога Али Ахмети викаше среде Скопје УЧК, УЧК е европски чин? Дали тоа доликува на европскиот фронт на ДУИ СДСМ праша тој.

Исто како што купувањето на Соравија што е европски чин, од страна на голобрадо момче, случајно кој е внук на Ахмети исто како што Мерко е европски градоначалник, море светски... како Артан што возеше ауди со полициски флешери на име на фирмата што зела тендер на Шапка? Е сето ова е многу европски, директно не носи во ЕУ, кажа претседателот.

Тој потенцира дека однесувањето на ДУИ и СДСМ ја подрива европската идеја во Македонија. Тие стануваат минери на европската идеја затоа што народот нив не ги идентификува со Европа и има европски функционери кои се срамат што ликови како Артан, Мерко и Талат овде зборуваат за ЕУ. Затоа што ЕУ не е олицетворение на корупција како што се Артан, Мерко и Талат.

И затоа резултатот е таков во првиот круг. Овде во Виница победивме со 4571 на 1764 гласови за СДСМ. Народот е определен, и јас искажувам длабока благодарност и почит до секој еден од вас. Но работата не е завршена. Ова беше само првиот круг, и жолтиот картон, мора да стане црвен на изборите на 8 мај. Народот да го зададе финалниот удар против корупцијата, криминалот и сиромаштијата. Повикувам на масовна излезност, затоа што излегувањето на овие избори меѓудругото е и патриотска должност и обврска кога Македонија е толку силно разградена со криминал и корупција. Да одиме напред, и да ги победиме сите сценарија кои ги разработува дуото СДСМ и ДУИ, заклучи претседателот.М

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Непоразениот Баер Леверкузен го собори европскиот рекорд стар 59 години

Фудбалерите на Баер Леверкузен под водство на тренерот Чаби Алонсо го соборија европскиот рекорд стар 59 години, останувајќи непоразени на 49 натпревари во сите конкуренции.

Од воведувањето на европските натпреварувања ниту една екипа нема направено ваква серија, пишува агенцијата ДПА.

Баер Леверкузен изминатата вечер ремизираше со Рома (2-2) во реваншот од полуфиналето на Лига Европа, а Германците израмнија со гол длабоко во судиското продолжение.

Баер претходно го делеше рекордот со Бенфика, која остана непоразена на 48 официјални натпревари од декември 1963 до февруари 1965 година.

На Баер до крајот на сезоната му претстојат уште четири натпревари за продолжување на рекордот, бидејќи ги очекува завршницата на германскиот Куп и Лига Европа, како и финишот во Бундеслигата, каде досега сезонава има 26 победи и шест нерешени.

Токму бундеслигашкиот рекорд е најтешко остварлив за Баер. Рекордот е во сопственост на Баерн Минхен, кој во периодот од 2012 до 2014 година, под водство на тренерите Пеп Гвардиола и Јуп Хејнкес, остана без пораз на 53 натпревари.

Водостојот на Пчиња кај Пелинце надмина еден метар

Водостојот на Пчиња кај Пелинце надмина еден метар, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Мерењата покажаа дека денеска водостојот е 105 сантиметри, што е речиси двојно повисоко од вчерашниот ден кога водостојот изнесувал 51. Инаку, просечните вредности за мај се 54.

АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ пак излезе со информација дека на ниво на североисточниот регион регистрирани се осумнаесет критични точки за можно излевање на реките на по две локации кај селата Бељаковце и Јачинце, Клечовце, во атар на село Пелинце на две локации, едната во близина на меморијалниот центар АСНОМ, Коинце, Стрновац, Војник, кај Пчиња, Опае, Брзак, Агино Село и Табановце.

Во Општина Ранковце пак како критични се точките кај Опила и Псача.

- Засега нема пријави за излевање на реките во општина Старо Нагоричане, изјави заменик-градоначалник на општината, Бобан Цветановски.

Вчера во Куманово наврнаа 31 литар на метар квадратен.

Полуфинале во двојки за Стоилковска на фјучерс во Србија

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска заедно со Русинката Екатерина Козлонова изборија денеска пласман во полуфиналето на фјучерс турнирот во Куршумлијска Бања во конкуренција на двојки.

Македонско-руската комбинација во дуелот од второто коло забележаа победа од 2-1 во сетови (6-1, 0-6 10-5 на поени) против Грете Гул и Ана Марија Тоттруп од Естонија.

Натпреварот се играше 56 минути.

Утре во полуфиналето противнички ќе им бидат вторите носителки Теа Лукиќ од Германија и Наталија Сениќ од Србија.

притисни ентер