Филипче: Проширувањето на ЕУ се повеќе станува прашање од најважно геополитичко значење - Канал 5

Филипче: Проширувањето на ЕУ се повеќе станува прашање од најважно геополитичко значење

 Потребна ни е сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување, бидејќи тој не е само механичко прилагодување или административно спроведување на критериумите за членство.

Филипче: Проширувањето на ЕУ се повеќе станува прашање од најважно геополитичко значење

Потребна ни е сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување, бидејќи тој не е само механичко прилагодување или административно спроведување на критериумите за членство, туку се повеќе и повеќе станува прашање од најважно политичко и геополитичко значење, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче во обраќањето на панелот „Практична поддршка на подготовките за пристапување во ЕУ“ во рамки на Конференцијата во организација на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) што се одржа во Брисел.

- Во овие трансформативни времиња, социјалдемократскиот одговор не само што е релевантен, туку тој е и итно неопходен врз основа на принципи и временски патокази за општествена и политичка адаптација, која ќе осигура дека никој нема да биде изоставен и ќе става приоритет на трансатлантската соработка, дигиталниот хуманизам, социјалната еднаквост и демократскиот интегритет, рече Филипче, додавајќи дека во контекст на динамичните геополитички поместувања, комплексен и суштински станува императивот за заштита на демократијата и безбедноста и за социјалдемократскиот пристап во трансатлантската соработка.

Ова, според него, не е никаде повеќе од витално значење отколку за регионот на Балканот и во нашата земја, која, како што рече, се наоѓа на крстопат меѓу европската интеграција и современите геополитички случувања.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Филипче нагласи дека е потребно Партијата на европските социјалисти и Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент да изработат сопствена социјалдемократска агенда за проширувањето, која ќе постави јасни црвени линии базирани на социјалдемократските стандарди за исполнување на критериумите за членство.

- Дополнително, ние како социјалдемократи мора да сфатиме дека ќор-сокакот во европската интеграција на секоја од земјите кандидати не е техничко или административно прашање. Ќор-сокакот само ги зајакнува авторитарните тенденции и ги засилува десничарските и екстремно десничарските политички сили и им наштетува на демократскиот развој на овие земји, потенцира Филипче.

Од таму, според него, сега е време социјалдемократите да се заложат за зајакнување на пристапниот процес, кој долго време е заложник на инертноста и недостигот на визија.

- Во политиката нема празен простор. Ако европските социјалдемократи не го пополнат постоечкиот вакуум, тогаш тоа ќе го направат антидемократските и антиевропските сили, потенцира Филипче.

Тој посочи дека за несреќа во претходниве години ресорот за проширување беше во рацете на комесар кој е „многу близок пријател“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан, што го покренува прашањето дали тој ја имплементирал вистинската агенда. Филипче нагласи и дека во моментов во земјава има Влада што ги зајакнува врските со Орбан, кој изјави дека треба да се создаде „некаква оска на Унгарија, Србија и Македонија“.

- Прашањето е дали постои некаква скриена агенда? Дали нешто се случува позади завесите? Затоа социјалдемократите мора да инсистираат на демократските стандарди и на почитување на европските вредности и на концептот за човековите права и слободи, како најважен предуслов за земјите кандидати за пристапување во ЕУ. Членство во ЕУ не треба да се претставува само како пристап до единствениот пазар, затоа што таквиот пристап ги зајакнува авторитарните тенденции во многу земји кандидати и автократите го користат како изговор за отстапување од демократските норми и стандарди, додаде Филипче.

Според него, нашата држава е пример за недостиг на стратегија и напредок на европската интеграција поради билатерализација на пристапниот процес преку барањата поставени од страна на Бугарија, што придонесува за радикализација на политичката ситуација во земјава, за значително зајакнување на националистичките политички сили и за зголемување на евроскептицизмот меѓу населението.

- Ваквиот развој на настаните не само што му наштетува на процесот на евроинтеграција во мојата земја, туку исто така ја отвора вратата за малигно влијание на трети актери надвор од регионот, како Русија. Македонија сега се соочува со бизарна ситуација со т.н. самонаметнато вето, затоа што новата Влада одбива да ги спроведе уставните измени за да продолжи пристапниот процес, рече Филипче.

Во одговор на прашање на европратеникот Тонино Пицула за оценка на раздвојувањето на земјава и Албанија по европскиот пат, Филипче рече дека е тешко да се искаже чувството кога се случи тоа раздвојувањето, поради кое ни беше многу жал и многу тешко, но дека тоа што го направи Тирана е пример како една Влада и земја треба да работат во интерес на својот народ.

- Сепак, мислам дека не треба да дозволиме тоа доцнење да се зголемува, бидејќи ако многу доцниме ќе биде потешко да ги стигнеме. Вистинското прашање е која е причината поради која актуелната Влада на Македонија не прави напредок на европскиот пат. Се сомневаме дека има големо влијание на Унгарија и унгарската Влада, рече Филипче.

Според него, важно прашање е и каква ќе биде улогата на коалицијата на партиите на Албанците што е дел од актуелната Влада, која при нејзиното формирање, како што рече, ветуваше дека уставните измени ќе се случат за период од шест месеци.

- Тие се важен фактор, без кој Владата не би имала мнозинство и треба да ја притискаат националистичката и десничарска ВМРО-ДПМНЕ да ги спроведе уставните измени и да ги отвори преговорите по поглавја, додаде Филипче.

Во одговор на истото прашање на Пицула, албанскиот државен министер Таулант Бала, кој исто така беше меѓу учесниците на панелот, истакна дека Албанија би сакала сите земји кандидати да ги започнат преговорите за членство по кластери, вклучително и Македонија, но дека мора да се почитуваат меѓународните договори.

- И актуелната Влада и актуелното мнозинство во Македонија мора да ги почитува. Тие се среќни затоа што имаат опозиција што ќе гласа „за“. Кога имате опозиција што ќе гласа „за“ е многу лесно. Затоа тие мора да испорачаат, додаде Бала.

На истиот панел, на кој модератор беше европратеникот и известувач на ЕП за Албанија, Андреас Шидер, учествуваа и косовскиот премиер Албин Курти и молдавската вицепремиерка за европска интеграција Кристина Герасимов.

Покрај овој, на Конференцијата се одржа и втор панел, насловен „Прогресивна агенда за проширувањето на ЕУ“, чиј модератор беше Пицула, а на кој учествуваа поранешниот грузиски премиер и лидер на партијата „За Грузија“, Гиорги Гахарија и првите луѓе на српската Партија за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, на српската Демократската партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ и на црногорската Социјалдемократска партија (СДП), Иван Вујовиќ.

Средби со ММФ: Соодветните политики на НБ придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

И покрај периодот на исклучителни кризи, преку внимателно обмислени и добри политики и преку навремени мерки, Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата и во јакнењето на нејзината отпорност. 

Средби со ММФ: Соодветните политики на НБ придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

За овие достигнувања и за натамошните предизвици се разговараше на серија средби што ги оствари гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамките на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествува заедно со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и со нивните тимови.

Зајакнатата отпорност се согледува преку растот на девизните резерви коишто се повисоки за околу 40% во споредба со преткризниот период, што во голема мера е резултат на солидните приливи на странски директни инвестиции. Тие не само што имаат краткорочно позитивно влијание врз економската активност, туку го зголемуваат и долгорочниот потенцијал за раст на економијата. Во 2024 година, тие достигнаа 7,1% од БДП, едно од највисоките нивоа на странските директни инвестиции во нашата земја.

На средбите со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор, Јерон Клик, заменикот на извршниот директор, Марникс ван Риј, како и со шефот на Мисијата на ММФ, Анет Кјобе, беше исто така оценето дека е зголемена и отпорноста на банкарскиот систем, што е видливо преку значителното зголемување на капиталната позиција овозможувајќи солиден кредитен раст. Нашиот банкарски систем оствари најголем раст на адекватноста на капиталот во регионот, но и во споредба со земјите од Европската Унија.

„Надворешното окружување сепак е непредвидливо и неповолно, што може да се согледа и преку најновите проекции на ММФ со кои светскиот раст се ревидира надолу, а за процесот на дезинфлација се очекува дека ќе биде побавен. Исто така, ризиците за состојбата на светско ниво се претежно надолни, заради трговските војни и непредвидливите трговски политики. Во вакви околности, како централна банка и во иднина ќе им бидеме доследни на нашите политики за одржување на стабилноста во економијата, водејќи сметка за неизвесноста во светот и за домашните предизвици. Нашата цел е јасна – стабилен девизен курс и ценовна стабилност како темел за одржлив економски раст“, рече гувернерката.

Беше разговарано и за најновиот Светски економски преглед на ММФ, според кој светската инфлација и натаму ќе опаѓа до 4,3% во 2025 и 3,6% во 2026 година (минимална нагорна ревизија за по 0,1 п.п. од прегледот во јануари). Намалувањето и натаму ќе биде побрзо во напредните економии, додека земјите во развој и економиите во подем ќе се соочат со малку побавно приближување кон целите. ММФ препорачува внимателни економски политики и акцент на структурните реформи коишто ќе ја поддржат долгорочната стабилност.

На пролетните средби заедно со гувернерката учествуваат и вицегувернерот Фадил Бајрами и вицегувернерката Ана Митреска.

Кабинет на гувернерот - Односи со јавноста

Народна банка на Република Македонија

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција

Мицкоски потенцира дека партијата е во врвна кондиција и дека се очекува огромна победа на претстојните локални избори.

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ - ,,Љубиша Георгиевски" во соработка со ИФЕС денес и утре одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема - ,,Модернизирање на комуникациските стратегии за локалните избори 2025" на кој учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ИК на партијата.

На семинарот со свое обраќање на присутните им се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој кажа дека партијата е во контакт со членовите и граѓаните и дека секојдневно се унапредува комуникацијата со членовите и граѓаните.

Претседателот Мицкоски потенцира дека партијата е во врвна кондиција и дека се очекува огромна победа на претстојните локални избори.

Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ е огромна, а особено заради енормниот број на завршени проекти.

Претходно свое обраќање имаа и генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски и раководителот на ПИАЦ Светислав Васев, кои се обратија во делот на теренските активности и комуникацијата.

Во текот на денот предавањата беа одржани од Кристијан Седак, професор комуниколог од Хрватска.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот Андоновски ќе ги претстави новите дигитални услуги

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска ќе одржи прес - конференција на која ќе ги претстави новите дигитални услуги.

Министерот Андоновски ќе ги претстави новите дигитални услуги

Новите дигитални услуги ќе бидат достапни за граѓаните преку националниот портал uslugi.gov.mk.

притисни ентер