Филипче: Ќе поднесе ли Владата барање за екстрадиција, ќе бега ли Груевски во Русија? - Канал 5

Филипче: Ќе поднесе ли Владата барање за екстрадиција, ќе бега ли Груевски во Русија?

Филипче: Ќе поднесе ли Владата барање за екстрадиција, ќе бега ли Груевски во Русија?
Лидерот на СДСМ Венко Филипче ја повика Владата веднаш да побара екстрадиција на Груевски, доколку тоа не го сторила досега.. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојанче Ангелов бара голема претпазливост поради пожарите

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Штип и штипско биле регистрирани четири поголеми пожари на отворен простор.

Стојанче Ангелов бара голема претпазливост поради пожарите

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Штип и штипско биле регистрирани четири поголеми пожари на отворен простор, додека голем пожар избувнал и во Општина Пробиштип, кој подоцна се проширил кон Општина Чешиново-Облешево, информира директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Климатските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот домат

Климатските промени нема треба да бидат причина да ги снема доматите, крставиците и другите култури кои се белег на македонскиот пазар и да се заменат со нови, објаснува професторот од Земјоделскиот факултет Ордан Чукалиев експерт за климатски проме

Климатските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот домат

За да се зачува земјоделството, но и да има добар принос мора да има вложување во нови технологии и нови сорти што ќе бидат многу поскапи. Затоа се потребни мерки и акција на терен не на хартија, бидејќи земјоделците се мали со ниска економска моќ, потенцира професорот.

„Во исто време тие треба да вложат во опрема која ќе ги заштити од високите температири опрема што ќе ги оросува, ќе треба да инвестираат и во опрема за мраз.

„Не верувам дека имаме време, затоа мислам дека мораме да дејстуваме што е можно со техничките мерки, бидејќи ако се скапи ќе бидат најбрзи.

Она што е важно земјоделците да ги научат новите лекции, да добијат ново знаење, некогашниот земјоделски календар го сменија климатските промени, повеќе не важи и затоа има и големи штети.

„Порано се знаело на крај на април се сее пченка, сите тие работи кои што ги врзуваме со дати сега има друга состојба со темпратурите. Значи календарот на важи и на земјодлеците треба да им се дадат нови знаење“, вели Чукалиев.

Јунските високи температури донеса голем удар на европската економија во делот на работната сила и потрошувачката на енергија. Европа во иднина мора да направи инвестиции во делот на адаптацијата и инфрастурктурата со цел да се намалат загубите, велат економистите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерконекторот со Грција готов до пролет – се гради со сопствени пари без кредити

Владата очекува во првиот квартал следната година гасниот интерконекрот со соседна Грција да биде готов.

Интерконекторот со Грција готов до пролет – се гради со сопствени пари без кредити

Премиерот Христијан Мицкоски задоволен од динамиката, вели се што се реализира се прави со сопствени средства без заеми и кредити, а дополнително како што рече започната е и постапката за израдба на интреконекторот со соседна Србија, односно од страна на НОМАГас вели распишан е тендер за избор на изведувач.

Мицкоски вели парлаелно со ова работат и на рестартирање на три нови прокети – и тоа гасоводот кој треба да ги поврзе Велес со Штип, оној од Гостивар до Кичево и една отсечка ќе биде извлечена пред Тетово која ќе оди до Косово.

„Во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасоводен систем, веќе е објавен од страна на НОМАГАс интерконекторот со Србија така што сето тоа кое ние го зброуваме се реалзизира и сето тоа го правиме со сопствени средства. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

За интерконекторот со Грција, вчера министерката за енергетика Сања Божновска оствари средба со НОМАГАС и претставници од грчкиот оператор на гасниот преносен систем, на која се разговарало за следните чекори во реализацијата.

Од ресорното министерство велат гасоводниот интерконектор претставува клучна инвестиција во енергетската иднина на Македонија. Според надлежните со негова реализација, државата ќе обезбеди пристап до нови извори на природен гас, ќе ја зајакне сопствената енергетска сигурност и ќе го унапреди своето позиционирање во регионалната и европската енергетска инфраструктура.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер