Федералниот апелационен суд пресуди во корист на Трамп за распоредување на Националната гарда во Лос Анџелес - Канал 5

Федералниот апелационен суд пресуди во корист на Трамп за распоредување на Националната гарда во Лос Анџелес

 Федералниот апелационен суд му дозволи на американскиот претседател Доналд Трамп да ја распореди Националната гарда во Лос Анџелес, објавија светските агенции.

Федералниот апелационен суд пресуди во корист на Трамп за распоредување на Националната гарда во Лос Анџелес

Трамп ја донесе оваа одлука во екот на протестите во метрополата против неговата имиграциска политика, што доведе до акции на имиграциските власти за апсење на мигранти кои нелегално живеат во земјата и до масовни депортации. Протестите ескалираа во немири што траеја неколку ноќи. Поради оваа причина, Трамп одлучи да распореди војници на Националната гарда во Лос Анџелес и покрај приговорите на локалните власти. Тие го оспорија ова на суд.

Вака дојде до одлуката на федералниот апелационен суд. Во неа се вели дека претседателот има широки овластувања да дејствува по ова прашање. Судот во Сан Франциско што ја донесе оваа одлука е составен од тројца судии, од кои двајца беа назначени од Трамп за време на неговиот прв претседателски мандат.

Градоначалникот на Лос Анџелес, Гавин Њусом, го нарече распоредувањето на Националната гарда искра што дополнително ги разгоре тензиите таму. Тој ја оспори одлуката на Трамп на суд. Во своја поддршка, судијата од Сан Франциско, Чарлс Брејер, изјави дека Трамп ги пречекорил своите законски овластувања, кои им дозволуваат на претседателите да ја преземат контролата врз ситуацијата во поединечни држави во случај на немири или закана од немири. Судијата Брејер пресуди дека протестите во Лос Анџелес се далеку од немири. Брејер беше назначен на судиската функција од страна на демократскиот претседател Бил Клинтон. Трамп ја оспори одлуката на Брејер за распоредување на Националната гарда, а тоа доведе до одлука на апелациониот суд.

Протестите во метрополата во голема мера се смирија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси, Мбапе и Халанд во трка по Златната копачка

Борбата за титулата светски шампион влегува во својата највозбудлива фаза, но во исто време се води и голема трка за едно од најпрестижните индивидуални награди - Златната копачка за најдобар стрелец на Светското првенство.

Меси, Мбапе и Халанд во трка по Златната копачка

По групната фаза и првите натпревари од елиминациската рундата, се издвоија тројцата евидентни кандидати за круната најдобар мундијалски стрелец или голгетер.

Во моментов прв на листата на најдобри стрелци е Лионел Меси со шест постигнати гола,постигнати за само 223 минути минати за зелениот терен.Во исто време, аргентинскиот капитен дополнително го зацврсти своето место во историјата како најдобар стрелец на Светските првенство со вкупно 19 гола.

По двата гола во осминафиналето, Килијан Мбапе исто така има шест гола, но стигна до истата бројка за 375 минути игра, додека Ерлинг Халанд останува во сериозна конкуренција со пет и чека можност да го заземе првото место.

По нив следат Усман Дембеле и Винисиус Жуниор со по четири гола.

„Златна копачка“:

Лионел Меси – 6 гола (223 минути)

Килијан Мбапе – 6 гола (375 минути)

Ерлинг Халанд – 5 гола (309 минути)

Усман Дембеле – 4 гола (225 минути)

Винисиус Жуниор – 4 гола (293 минути)

Дениз Ундав – 3 гола (106 минути)

Јохан Манзамби – 3 гола (146 минути)

Исмаила Сар – 3 гола (274 минути)

Коди Гакпо – 3 гола (394 минути)

Брајан Броби – 3 гола (245 минути)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предраг Самарџиски дел од стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија

Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација.

Предраг Самарџиски  дел од стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија

Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули во Братислава

Од репрезентативен дрес до тренерска улога. Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години.

Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, главниот град на Словачка.

Поранешниот стартен центар на сите репрезентативни селекции на Македонија ја заврши играчката кариера во 2023 година, а по кратката пауза одлучи своето богато кошаркарско искуство да го пренесе во тренерските води.

Во изминатиот период Самарџиски работеше во Кина, каде стекнуваше нови тренерски искуства, а сега се враќа во македонската кошарка како дел од стручниот тим на младинската репрезентација.

Неговото знаење стекнато низ долгогодишната играчка кариера, но и новите тренерски предизвици, ќе бидат дополнителна вредност за младите кошаркари кои се подготвуваат за европскиот предизвик во Братислава.

Самарџиски, кој беше дел од една од најуспешните генерации во македонската репрезентативна историја, сега има нова задача – да им помогне на младите таленти да го направат следниот чекор во своите кариери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев на увид на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’

Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во посета на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’’.

Јанчев на увид на  новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’

Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во посета на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’’ каде беше извршено тампонирање на булеварот и во следна фаза ќе се постават водоводна, канализациона и атмосферска мрежа, целосно асфалтирање на булеварот со осветлување и тротоари во должина од 180 метри.

Овој проект е комплетна инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 6 милиони денари и површина од 4900 метри квадратни, објави на својот профил на фејсбук, градоначалникот Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер