ФАА наложи истрага за експлозијата на „Старшип“ ракетата минатата седмица - Канал 5

ФАА наложи истрага за експлозијата на „Старшип“ ракетата минатата седмица

 Федералната управа за авијација во САД (ФАА) ѝ наложи на компанијата „Спејс-Икс“ да спроведе темелна истрага за причината за експлозијата на нејзината „Старшип“ ракета за време на летот на 16 јануари. 

ФАА наложи истрага за експлозијата на „Старшип“ ракетата минатата седмица

Додека ФАА не издаде дозвола, компанијата нема да може да лансира друга ракета.

YouTube video

При пробниот лет минатата седмица, ракетата првично успешно ја напушти лансирната рампа, но осум и пол минути подоцна се случи експлозија. Поради ова, ФАА оцрта област каде што би можела да има паднати делови од ракетата. Пренасочени се и летови, објави „Сан“ (The Sun).

Во инцидентот нема повредени луѓе.

Инаку, првичните информации покажуваат дека пожарот избувнал во задниот дел на ракетата. Внатрешната истрага натаму треба да утврди што ги предизвикало проблемите и експлозијата и во својот извештај да наведе какви корективни мерки ќе се преземаат за тоа да не се повтори.

Ова не е прва експлозија на „Старшип“ ракета. Според некои претпоставки, тоа може да е последица од повеќекратната употреба на овие ракети./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венеција ќе наплатува по 50 евра за влез во градот, одлуката за правниците е незаконска

Предлогот на новиот градоначалник на Венеција, Симоне Вентурини, за можно значително зголемување на цената на билетите за еднодневните излетници во тој северноиталијански град предизвика дискусии, пишува денес агенцијата ДПА.

Венеција ќе наплатува по 50 евра за влез во градот, одлуката за правниците е незаконска

„Ако во моментов таа цена е помеѓу 5 и 10 евра, мојот предлог е да се зголеми на помеѓу 30 и 50 евра во одредени денови“, ги објави неговите зборови весникот „Кориере дела Сера“.

Вентурини победи на локалните избори кон крајот на мај како кандидат од десниот центар, наследувајќи го Луиџи Бруњаро, кој ја извршуваше функцијата градоначалник десет години. Оваа година, Венеција им наплаќа на посетителите што престојуваат во градот краткорочна влезница од 10 евра за вкупно 60 дена, до крајот на јули, дури и ако поминат само неколку часа на улиците околу плоштадот „Свети Марко“ и мостот Риалто.

Оние што резервираат најмалку три дена однапред плаќаат 5 евра. Целта на таквата мерка е да се ограничи масовниот туризам, но критичарите веќе некое време тврдат дека сегашната цена на билетите не ги одвраќа туристите да ја посетат Венеција.

Адвокат: Тоа може да се протолкува како ограничување на слободата на движење

За време на изборната кампања, Вентурини предложи зголемување на цената на билетите во одредени денови кога се очекува особено голем број еднодневни посетители. Но, тој нема овластување самостојно да ја зголемува цената на билетите. Иако таксата е воведена во согласност со општинската уредба, горната граница е одредена од националното право.

Затоа, Вентурини мора да се консултира со владата во Рим. Специјалистот за уставно право Лудовико Мацароли наведе одредени законски пречки за „Кориере дела Сера“, велејќи дека наплатата на билет од 50 евра може да се протолкува како ограничување на слободата на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маѓар: Забрзаниот влез на Украина во ЕУ би бил неправеден кон Западен Балкан

Забрзаното членство на Украина во Европската Унија би било неправедно кон земјите од Западен Балкан, кои со години се во пристапниот процес, изјавил унгарскиот премиер Петер Маѓар пред почетокот на состанокот на Европски совет во Брисел.

Маѓар: Забрзаниот влез на Украина во ЕУ би бил неправеден кон Западен Балкан

Маѓар нагласил дека проширувањето треба да се заснова на резултати и исполнети критериуми, а не на политички одлуки.

Тој оценил дека не треба да се забрзува пристапувањето на одделни кандидати на сметка на државите од Западен Балкан, бидејќи тоа како што изјавил, не би било ниту праведно ниту прагматично.

Според Маѓар малку е веројатно сите земји членки да имаат ист став по ова прашање, но нагласил дека Унгарија ќе ги застапува сопствените интереси во преговорите за идното проширување на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост

За аферата во ФФМ предмалку со соопштение се огласија од Кривичниот суд од каде потврдија дека завршиле исказите на осомничените за случајот

Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост

Од спроведени 12 лица, мерка притвор добиле три лица, 5 одат во куќен, за четворица се определени мерки за претпазливост, додека 5 лица се сѐ уште недостапни за органите.

Според истите информации меѓу оние кои оди во ефективен притвор е и поранешниот претседател на ффм, Илчо Ѓорѓиоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер