Европскиот Парламент ја изгласа вонредната резолуција за Македонија

По три дена дебата изгласана вонредната резолуција на Европскиот Парламент за Македонија. Се осудува одлуката да не и’ се одобри почеток на преговори со ЕУ на Македонија и бараат тоа да се промени веќе на следниот состанок на европските лидери.

Европскиот парламент со големо мнозинство и формално ја потврди поддршката за Македонија и Албанија. Со 412 гласа „за“, 136 „против“ и 30 воздржани, европратениците ја изгласаа резолуцијата со која ги повикуваат европските лидери на наредната средба да донесат одлука за почеток на преговори со двете земји. Очекувано мнозинството гласови дојдоа од најголемите политички групи Европската народна партија и Социјал-демократите, кои беа и подносители на резолуцијата. Во документот, меѓу другото, се изразува жалење за одлуката од последниот самит, со која се испраќа негативен сигнал до земјите кандидатки и отвора можност за други влијанија.

„Политиката за проширување на ЕУ е најефективниот инструмент за надворешна политика на Унијата, а понатамошното распаѓање на таа политика може да доведе до сè понестабилна состојба во непосредното соседство на ЕУ“, се вели во резолуцијата.

Француското вето и неуспехот на европските лидери да постигнат консензус три дена беше тема на дебата во Европскиот Парламент, во чии рамки се обратија неколку десетици европратеници и европски челници. Поголем дел од нив, договорноста директно ја вперија кон францускиот претседател Макрон и го обвинија дека го поктопува европскиот кредибилитет на Балканот.

-Макрон не покажа лидерство и политичка храброст. Овој неуспех го нарушува имиџот на ЕУ на Западниот Балкан, рече Пири додавајќи дека одлука на самитот во Загреб ќе биде „премалку и предоцна", изјави Кати Пири, пратеничка на Социјал-демократите

-Треба да знаете дека ќе помогнеме во реформата на преговарачкиот процес, но ве молам исправете ја грешката која ја направивте да ги оставите Северна Македонија и Албанија надвор, додека се реформираме внатре, рече Рајнхард Бутикофер, Европратеник на Зелените

-Одлуката може да се гледа како назадување за улогата на ЕУ на Западниот Балкан и за проширувањето како стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и развојот на ЕУ, Тути Тупураинен, министерка за надворешни работи на Финска

Одлуката на Макрон ја бранеа неговите и пратениците од неколкуте десничарски и популистички партии од Франција, Италија и Германија. Иако усвоената резолуција не е обрвзувачка, туку советодавна, од Владата велат дека документот сепак испраќа јасен сигнал до евроскептиците. Денеска со свој став на Твитер се огласи и најголемата партија во европскиот парламент, Европската народна партија. Одлуката да се блокираат Северна Македониа и Албанија е стратешка грешка. Ја нагласуваме одговорноста на Емануел Макрон, се наведува меѓудругото во пораката.

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.

„На овој Ден на трудот, но и во останатите 364 дена во годината ние сме рамо до рамо со вас. Вреднувањето на работникот е главен постулат на социјалдемократските вредности за кои и се боревме овие седум години. Достоинствен живот за секој работник и работничка во нашата Македонија“, вели во видео обраќањето Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2, по повод 1-ви мај - Денот на трудот.

Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Анета Здравковска, Билјана Муиќ) кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.

„Заеднички ја браневме нашата заедничка социјална кауза. Како Влада дадовме приоритет на растот на платите во сите сектори подеднакво, затоа што тоа е најважно за поттикнување на правичен социо-економски развој. Успеавме просечната плата двојно да ја зголемиме од 2016 година на речиси 40.000 денари“, кажуваат кандидатите, притоа потсетувајќи дека минималната плата од 10.000 денари во 2016 година, во март 2024 година изнесува 22.500 денари, што е зголемување од 125 проценти.

„Ние се погриживме животниот стандард да остане не само недопрен, туку и подобрен во услови на инфлација“, велат кандидатите и кандидатките и нагласуваат дека овој раст не е случаен, туку дека тоа е резултат на намерна политика насочена кон подигнување и заштита на животниот стандард на работниците и работничките, политика на системски решенија.

„Нашата посветеност на социјалдемократијата обезбеди растот на платите да е изолиран од партиски интереси. Трудот никогаш повеќе нема да биде пион во политичките игри, а ние цврсто стоиме да ги заштитиме правата на сите работници и работнички без оглед на етничка, религиска или партиска определба. Честит нека е денот на трудот“, вели Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

притисни ентер