СветЕвропратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија Европскиот парламент на денешното продолжение на овонеделната сесија во Стразбур со големо мнозинство го одби предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. „За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа од гласање. За да биде прифатена иницијативата требаше да биде поддржана од најмалку две третини од европратениците што учествуваа во гласањето, при што нивниот број требаше да биде поголем од половина од вкупниот број членови на Европскиот парламент. Дебатата по иницијативата се одржа во понеделникот, при која Пипереа ја обвини Европската комисија за недостиг на транспарентност, непочитување на правдата, избегнување на дебати и за заобиколување на одлуките на Европскиот парламент. - Во последните шест години Комисијата на злоупотребувачки начин им ги одзеде овластувањата на земјите членки и го игнорираше Европскиот парламент во неговите главни одлуки. Недемократската концентрација на моќ во рацете на претседателката на Европската комисија е спротивна на принципите на контрола и рамнотежа. Процесот на донесување одлуки стана нетранспарентен и дискреционен, што предизвикува страв од злоупотреби и корупција, изјави Пипера. Според него, политиките на Евромисијата резултирале со пропаѓање на мали компании, ризици по суверенитетот на државите и со фрагментацијата на заедничкиот пазар, зголемувајќи ги разликите меѓу земјите членки на ЕУ, а сиромаштијата и регресот во образованието станале нормалност. Во обраќањето на дебатата во понеделникот Фон дер Лајен ги отфрли обвинувањата на Пипереа, оценувајќи дека иницијативата претставува груб обид за внесување раздор меѓу институциите на ЕУ и меѓу проевропските и продемократските сили во Европскиот парламент. Фон дер Лајен нагласи дека Европската комисија секогаш ќе биде подготвена да соработува со европратениците од проевропските и продемократски сили во Европарламентот за изнаоѓање заеднички решенија, бидејќи, како што рече, духот на компромис е суштина на демократијата. - Но, не треба да имаме илузии за заканите со кои се соочува нашата демократија. Влеговме во ера на борба помеѓу демократијата и нелиберализмот. Ја гледаме алармантната закана од екстремистичките партии кои сакаат да ги поларизираат нашите општества со дезинформации. Нема докази дека тие имаат какви било одговори, но има доволно докази дека многумина се поддржани од нашите непријатели и од нивните марионети во Русија или на друго место. Ова се движења поттикнати од заговори, од антиваксери, па до апологети на Путин, рече Фон дер Лајен. Инаку, Фон дер Лајен не присуствуваше на денешното гласање, бидејќи учествува на Конференција за поддршка на Украина во Рим. Фон дер Лајен отпатува за Рим синоќа, откако постигна договор со лидерите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) за одвојување на вреди околу 150 милијарди евра во следната Повеќегодишна буџетска рамка на ЕУ, наменети за стручно усовршување на работниците и за мерки за социјална инклузија. Постигнувањето договор беше значајно за Фон дер Лајен, затоа што СД се закани дека ако не бидат прифатени овие барања, нејзините пратеници ќе се воздржат од гласање при изјаснувањето по иницијативата на Пипереа. Иако, воздржувањето на социјалдемократите од гласање немаше да доведе до прифаќање на иницијативата, сепак тоа ќе манифестираше слаба поддршка за Еврокомисијата од партиите на центарот и пад на влијанието на Фон дер Лајен во Европарламентот.Тагови: ЕП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиВидео: Ислам Махачев е новиот UFC шампион – рекордот на Андерсон Силва е соборенРусинот Ислам Махачев е новиот UFC шампион во велтер категорија, со триумфот во Филаделфија тој го собори и рекордот на легендарниот Андерсон Силва по бројот на последователни победи. Во главната борба на настанот UFC 330 во Филаделфија, Махачев го совлада Ијан Мачадо Гери со едногласна одлука на судиите – 49-46, 49-46, 48-47. Рускиот борец го наметна својот ритам уште од самиот почеток, користејќи рушења и контрола на партер за да ја неутрализира опасната ударна техника на Гери. Во втората рунда, тој го погоди со висок удар со нога во главата и го собори на подот. ISLAM MAKHACHEV DROPS IAN GARRY WITH A MASSIVE HEAD KICK IN ROUND 2 😳 #UFC330 pic.twitter.com/tusW1xnEYx — Championship Rounds (@ChampRDS) August 16, 2026 Гери подоцна успеа да се врати во борбата, но Махачев го изведе клучниот потег за соборување во последната рунда и му ја зазеде грбната позиција на предизвикувачот. Со тоа практично си ја обезбеди победата, а подоцна и славеше со едногласна одлука на судиите. 🚨 ISLAM MAKHACHEV DEFEATS IAN GARRY BY UNANIMOUS DECISION (49-46 x2, 48-47) AND STILL!!! #UFC330pic.twitter.com/Jej6GOp7F2 — Championship Rounds (@ChampRDS) August 16, 2026 Триумфот има и историско значење, бидејќи Махачев ја оствари својата 17-та последователна победа во УФЦ, надминувајќи го рекордот на Андерсон Силва. Русинот сега го држи рекордот за најдолга победничка низа во историјата на УФЦ, а со тоа и апсолутниот рекорд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански носач на авиони се враќа дома. Екипажот се жалел на тешките условиЦентралната команда на САД (CENTCOM) објави фотографии од носачот на авиони „УСС Џорџ Х.В. Буш“ во Арапското Море, со што се потврдува замената на екипажот на носачот „УСС Абрахам Линколн“ по неколкумесечни поплаки за тешките услови.Централната команда на САД (CENTCOM) објави фотографии од носачот на авиони „УСС Џорџ Х.В. Буш“ во Арапското Море, со што се потврдува замената на екипажот на носачот „УСС Абрахам Линколн“ по неколкумесечни поплаки за тешките услови и продолженото времетраење на мисијата. Претседателот Доналд Трамп најави дека „Линколн“ ќе биде повлечен од Блискиот Исток, пренесува „Анадолу“. Одлуката за повлекување на бродот уследи по загриженоста изразена од семејствата на членовите на екипажот во врска со долгото време поминато на море, проблемите со снабдувањето и влошеното ментално здравје. „Бродот заминува, или ќе замине многу наскоро, и ќе биде заменет со друг, многу сличен брод“, изјави Трамп пред новинарите. Според „Волстрит џурнал“, „Линколн“ бил во мисија повеќе од 250 дена и не впловил во ниту едно пристаниште во последните 200 дена. Бродот ја започнал својата мисија во ноември, а во јануари бил пренасочен кон Блискиот Исток поради тензиите со Иран. Сенатор предупредува на проблеми Сенаторот Ричард Блументал исто така изрази загриженост за состојбата на бродот. Во писмото упатено до секретарот за одбрана Пит Хегсет и вршителот на должноста секретар на морнарицата Хунг Цао, Блументал се повика на извештаи за низа сериозни проблеми. Тој посочи на недостаток на основни потреби, контаминација на водата, дефекти во водоводните инсталации и влошување на менталното здравје на екипажот. Тој, исто така, предупреди на безбедносни пропусти на бродот и месеци доцнење во испораката на поштата. Како замена, USS George H.W. Bush (CVN-77), носач на авиони на нуклеарен погон од класата Нимиц. CENTCOM објави фотографии на кои се гледаат борбени авиони како полетуваат од неговата палуба во Арапското Море, каде што ќе обезбедат безбедносна поддршка на регионот. Од друга страна, американската морнарица ги негираше извештаите за широко распространета криза со менталното здравје на бродот Lincoln. Во официјалното соопштение се наведува дека нема зголемување на самоубиствените мисли или обидите за самоубиство меѓу членовите на екипажот. Секретарот на морнарицата Хунг Цао потврди дека Lincoln наскоро ќе се врати дома како дел од планираната ротација.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
ЕвропаПолски автобус се преврте во Унгарија; 12 загинатиДванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте во текот на ноќта на автопат во источна Унгарија. Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја соопшти веста за несреќата во објава на Фејсбук утрово пренесува Ројтерс. Рано утринава, автобус излета во канал и се преврте на автопатот М3, во близина на градот Мезехерестеш. Полицијата соопшти дека возилото се движело кон градот Њиреѓхаза. Државната новинска агенција МТИ известува дека во автобусот имало 57 патници и двајца возачи. Истрага за причините Во соопштението, полицијата наведе дека автобусот излетал во канал и се превртел на дел од патот што бил прав. „Првичните информации укажуваат на тоа дека возачот веројатно заспал“, се наведува на веб-страницата на полицијата. Потврдено е дека возачот на автобусот е приведен, а сите повредени се пренесени во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20