Евробарометар: Бугарите најмалку сочуствуваат со Украинците - Канал 5

Евробарометар: Бугарите најмалку сочуствуваат со Украинците

Во споредба со другите граѓани на ЕУ, Бугарите покажуваат најмалку солидарност со Украина, покажува студијата презентирана денеска од Европската комисија.

Евробарометар: Бугарите најмалку сочуствуваат со Украинците

Според истражувањето, 39% се согласуваат дека чувствуваат целосна симпатија за Украинците, 34% се склони да се согласуваат, 15% немаат тенденција да сочувствуваат, 10% воопшто не чувствуваат сочувство, 3% не дале одговор. Во просек, ЕУ податоците се 54%, 35%, 6%, 3% и 2% соодветно за истите показатели по тој редослед. Мислењето дека Русија е главниот виновник за војната го делат 27%.

49 отсто од Бугарите го одобруваат одговорот на ЕУ по избувнувањето на војната. 30% од Бугарите се согласуваат за испраќање воена помош за Украина, што ја става Бугарија на дното на табелата според овој индикатор, објавија бугарските медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Јужноафриканската полиција денеска соопшти дека започнала потера откако 17 лица беа убиени, а 15 ранети во пукање во населба во близина на Јоханесбург.

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба објавено на мрежата Х, објави CNN.

Полицијата соопшти дека осум неидентификувани мажи отвориле оган врз гостите кои пиеле пред паб во Ведела, округот Вест Ранд, во саботата навечер по локално време, пред да влезат во барот и „да продолжат да пукаат во гостите внатре“.

Според полициските службеници, наводните напаѓачи биле вооружени со пиштоли и пушки АК-47.

Петнаесет лица со прострелни рани се пренесени на лекување во медицински установи.

– Пријавено е дека гостите пиеле внатре и надвор од локалот кога пристигнале осомничените и отвориле оган кон оние надвор. Осомничените потоа влегле во барот и продолжиле да пукаат во гостите внатре, напишала јужноафриканската полиција на мрежата Х.

Во оваа фаза се уште никој не е уапсен, соопшти полицијата, објави Интернационале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Добивме опомена за тужба, бараат извинување за американски регистар и за БИРН - nема да се извиниме!

Адвокатот Божидар Милошевиќ, во име на Шефшет Демировски и АТС Груп ДООЕЛ Скопје, ни достави барање за јавно извинување и повлекување на изјави, со рок и со закана за тужба. Целиот документ го објавуваме. Граѓаните нека го прочитаат.

СДСМ: Добивме опомена за тужба, бараат извинување за американски регистар и за БИРН - nема да се извиниме!

Писмото не ги негира фактите што ги рековме. Гo менува контекстот.

Ние не рековме дека АТС Груп се занимава со трговија со кокаин, се занимава со оружје. Рековме што стои во американскиот регистар и што објави БИРН.

FARA 6170: Mercury ја плаќа АТС. 130.000 долари месечно. Околу 1,56 милиони годишно.

На 2 април 2026 истата куќа предава материјал „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“.

Во текстот стои пакет влада со влада. Име на премиерот Христијан Мицкоски.

БИРН objavi: Демировски е уапсен во Белград во 2019 под сомнение за поткуп околу податоци за муниција од „Први партизан“.

Во 2022 предметот завршил со опортунитет. Уплата од 250.000 евра. Уплатувач: Александар Милојевиќ - Аца Цвеќар (стои во БИРН). Подоцна е обвинет во група за шверц на кокаин од Јужна Америка. Во предметот има српски и црногорски полицајци и припадник на БИА.

Демировски во тој предмет за кокаин не е осуден. Тоа го рековме. Тоа го повторуваме.

Што писмото не кажува: дека луѓето што ја платиле неговата слобода не се во тоа. Тие се уапсени. Со имиња. Со канал.

Плаќањето на опортунитетот е доказ дека предметот за мито и корупција завршил со пари, не со јавна пресуда за невиност.

На 27 март 2025 Муцунски и Мисајловски стојат кај потписот АТС–МКЕ. Тоа е јавен запис.

Затоа бараат извинување. Не затоа што регистарот лаже. Затоа што хартијата боли.

СДСМ нема да го потпише нивниот текст и нема да се извинува. Нема да го тргне текстот реномираниот БИРН. Нема да го тргне ниту FARA.

Ги известуваме граѓаните на Македонија, адвокатот на АТС и сопственикот Демировски и арамијата Мицкоски за нашите следни чекори.

Наместо извинување, ќе се обратиме до FARA и членови на Конгресот на САД што вршат надзор.

Прашањата се прости. Дали лобирањето е правилно пријавено кога текстот е агенда на влада? Дали регистрантот проверил кој му е клиент? Кои контакти се воделе околу посетата во септември?

Нема да нè замолчат со опомена. Хартијата е јавна. БИРН е јавен.

Бандата сака тишина. СДСМ сака ВИСТИНА И ПРАВДА!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хеликоптер падна во Канада, нема преживеани (ВИДЕО)

Четири лица загинаа во пад на хеликоптер југоисточно од Монтреал, соопшти полицијата во сабота попладне по локално време.

Хеликоптер падна во Канада, нема преживеани (ВИДЕО)

Националните телевизиски куќи CBC и CTV објавија дека полицијата соопштила дека несреќата се случила околу 14:30 часот по источно време и дека леталото горело кога службите за итни случаи пристигнале на местото на несреќата, недалеку од Сент-Брижид-д'Ибервил.

Службите на Sûreté du Québec, покраинската полиција, ја потврдија смртта на сите четири патници во леталото.

YouTube video

Истрагата е во тек

Досега, полицијата не даде детали за сопственоста на хеликоптерот, неговото потекло или целта на летот.

Канадскиот одбор за безбедност на сообраќајот испрати истражители на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер