Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
2Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
3ДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра
ФудбалЕвра: Роналдо бараше почит во Јувентус, а беше жртвено јагне По три сезони минати во Јувентус, 101 гол на 134 натпревари за клубот, пет освоени трофеи, но и разочарувачката минатата сезона, Кристијано Роналдо на крајот на август се врати во Манчестер Јунајтед за кој настапуваше од 2003 до 2009 година.Неговиот поранешен соиграч и пријател Патрис Евра го коментираше делот од кариерата што португалскиот ас го мина во клубот од Торино. „Бараше почит, но беше жртвено јагне во Јувентус. Му требаше внимание и почит, а критиките кои ги доживеа во Италија беа смешни и малку лицемерни“, изјави Евра, кој исто така негодувал за начинот на кој што Масимилијано Алегри го поздрави Роналдо. „Тој згреши кога на прес-конференцијата рече дека Роналдо нема да игра на секој натпревар. Немаше потреба да излегува во јавноста со тоа. Во секој случај, единствената вистинска љубов на Кристијано е Манчестер Јунајтед“, додаде тој. Роналдо три пати играше за клубот во Лигата на шампионите откако се врати во Јунајтед и има постигнато гол на секој од тие натпревари. Тој исто така додаде три во Премиершип, но од шест натпревари. На последните четири не постигна гол, а тимот забележа три порази и едно реми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
Шоу бизФото: Ријана повторно го истакна задникотСветската музичка ѕвезда Ријана напорно работи на секоја нова колекција, а притоа ги воодушевува своите фанови со жешки фотографии од својот задник.Задникот на Ријана повторно го „раздрма“ светот, „Најсекси мама се врати“ . Мегапопуларната Ријана повторно ги „запали“ социјалните мрежи со фотки со кои како да сака да внесе малку повеќе драматичност во фиоките со долна облека. За есенската сезона, Savage X Fenty ја претставува „Piccadilly Lace“ – нова колекција на долна облека од црна тантела која ја истакнува потемната и поромантична страна на оваа облека. Кампањата ја предводи самата Ријана, а колекцијата вклучува корсет од тантела, градник, гаќички и танга – сè во класична црна боја. Таа докажа дека е идеален промотор на оваа колекција во неодамнешната рекламна кампања. Облините на Ријана повторно дојдоа до израз, а никој не може да го занемари фактот дека убавицата од Барбадос има три породувања зад себе. Набрзо потоа, на социјалните мрежи почнаа да пристигнуваат позитивни коментари за нејзиниот изглед. „Нестварна си“, „Најсекси мама се врати“, „Не ми се допаѓаат твоите фотографии“, „Какви облини“, „Ова е најсекси колекција“ – беа само дел од реакциите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНа суд во патики од 3.645 долари поради кражба вредна повеќе милиони долариАмериканскиот модел Абдалах Дијаби (21), обвинет дека заедно со соучесници украл дизајнерска стока во вредност од над еден милион долари од луксузен бутик во њујоршката населба Сохо.Американскиот модел Абдалах Дијаби (21), обвинет дека заедно со соучесници украл дизајнерска стока во вредност од над еден милион долари од луксузен бутик во њујоршката населба Сохо, повторно се појави пред судот; тој привлече внимание носејќи скапи патики „Louis Vuitton LV Trainer“, кои на некои платформи за препродажба можат да достигнат цена од околу 3.645 долари. Дијаби беше уапсен во февруари под обвиненија за тешка кражба, провала и поседување украдена стока во врска со грабежот на продавницата „4Gseller“ во декември 2025 година, но беше пуштен на слобода под надзор; судијката Алтеа Драјсдејл истакна дека оттогаш тој добил „одличен“ извештај во однос на своето однесување. „Да бидам сосема јасна – не смеете да бидете уапсени“, го предупреди судијката за време на рочиштето, кое исто така се фокусираше на наводните видео-докази во случајот. Обвинителите тврдат дека Дијаби бил дел од група што украла ретки и скапоцени производи од брендови како „Saint Laurent“ и „Chrome Hearts“ од ексклузивен бутик; сопственикот на продавницата, Томи Макари, ја опишал операцијата како „сцена од филм“, истакнувајќи дека крадците ја извеле кражбата за само четири и пол минути, според пишувањата на „Daily Mail“. Дијаби – кој останал активен на социјалните мрежи и објавувал фотографии од ангажмани како модел дури и по неговото апсење – одбил да одговори на прашањата на новинарите по рочиштето, а неговиот адвокат, Даниел Олен, исто така одбил да го коментира случајот; судот го одредил 10 ноември како краен рок за донесување одлука по прашањето што се разгледувало на рочиштето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Милијарда евра дупка во ПИОМ, како што рековме - пари нема!Фондот на ПИОМ веќе не се држи на придонеси. Се држи на буџет.Годишниот трошок за пензии е околу 2,4 милијарди евра. Од вработени влегуваат околу 1,4 милијарди. Дупката е околу една милијарда евра и истата ја полни државата. Во 2023 таа дупка беше околу 510 милиони евра. За три години речиси се удвои. Трансферот од Буџетот кон ПИОМ се искачи кон 60 милијарди денари годишно. Тоа е политиката на оваа криминална власт. Кредит секоја недела. Задолжување на земјата за четири милијарди евра. Само две години им беа потребни да ја задолжат Македонија како никој досега - да земат половина од долгот стар 35 години. На сѐ тоа, Мицкоски купува нов авион. Се купува луксузен мебел. Се плаќа прослава од 5,53 милиони евра. Ние немаме за леб, тој за себе има чоколада. Тоа не е социјална политика. Тоа е систем што пука, а власта го покрива со паролата „трета економија во Европа“. Од другата страна: празни фрижидери и празни паричници. ВМРО-ОКГ повторно рече дека државата е гарант и дека пензиите ќе се исплаќаат на време. Рекоа дека линеарното зголемување било потребно за достоинствен живот. Тоа е половина реченица. Другата половина ја нема. Нема мерки. Нема проекција. Нема извор на пари освен данокот на граѓаните и нови задолжувања. Нема рок до кога ПИОМ ќе престане да го јаде Буџетот. Нема одговор дали мартовското усогласување ќе биде процент, линеарно или импровизација во последен момент. Се споменуваат работни групи за вториот столб. Анализи и решение нема. Покрај ова, најавите за вториот пензиски столб се движат од национализација до „реконструкција“. Луѓе што со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без потпора на веќе ниските пензии. Додека Арамија Мицкоски зборува за иднината, роботи и дата-центри, пензискиот фонд тоне. Струјата се раздава на сервери и се увезува на големо. Водата се крие во договори, вода за пиење нема. Пензиите се оставаат на „ќе најдеме“. Провизијата има име. Планот за ПИОМ го нема. Пензионерите бараат фонд што функционира, а не празни приказни и ветувања од Арамија и неговата банда. СДСМ бара јавен план: колку недостига годинава и наредната, од каде точно ќе се покрие, кои мерки го намалуваат дефицитот и до кој датум. Без тоа, уверувањето на криминалната група ВМРО е само покритие за власт што пензиите ги користи како слоган, а дупката ја префрла на сметка на граѓаните. Пензиите не се милостина од Мицкоски. Тие се обврска на државата. Држава што крие план за милијарда евра не гарантира пензии. Гарантира следно задолжување. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook