Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
1Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
3Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица
Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
2Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
СветЕУ воведе санкции кон уште шестмина Руси поради кибер напади врз земјите членки и Украина Како што соопшти Советот, со оваа одлука првпат се преземаат рестриктивни мерки против „кибер криминалните актери“, кои вршат напади врз софтверите за основни услуги, како што се здравството и банкарството. Советот на ЕУ денеска донесе одлука за воведување на рестриктивни мерки против шест лица вклучени во кибер напади врз информациските системи, поврзани со критичната инфраструктура, државни институции, оддели за складирањето или обработката на доверливи информации, како и со владините тимови за одговор при итни случаи во земјите членки на Унијата. Како што соопшти Советот, со оваа одлука првпат се преземаат рестриктивни мерки против „кибер криминалните актери“, кои вршат напади врз софтверите за основни услуги, како што се здравството и банкарството. На листата на санкционира на ЕУ поради кибер напади се додадени двајца членови на групата „Калисто“, Руслан Перетјатко и Андреј Коринец, Олександр Склианко и Микола Черних од хакерската група „Армагедон“, како и Михаил Царев и Максим Галочкин. - „Калисто“ е група руски воени разузнавачи кои спроведуваат кибер операции против членки на ЕУ и трети земји преку постојани кампањи насочени кон кражба на чувствителни податоци во критичните државни институции, вклучително и одбраната и надворешните односи, се наведува во соопштението. „Армагедон“ е хакерска група поддржана од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), која изврши различни кибер напади што имаа значително влијание врз владите на земјите членки на ЕУ и Украина, вклучително и со користење на електронска пошта и малициозен софтвер. - Дополнително, санкционирани се и Михаил Царев и Максим Галочкин, клучните играчи во распоредувањето на злонамерните програми „Конти“ и „Трикбот“ и вклучени во „Визард спајдер“. „Трикбот“ е злонамерна програма на шпионски софтвер, создадена и развиена од групата за закани „ Визард спајдер“, која спроведува кампањи во различни сектори, вклучувајќи ги и основните услуги, како што се здравството и банкарството, и затоа е одговорна за значителна економска штета во Европската Унија, наведува Советот. Со режимот на санкции на ЕУ поради кибер напади во моментов се опфатени 14 поединци и четири ентитети. Санкциите опфаќаат забрана за ставање средства на располагање на санкционираните лица и субјекти, како и замрзнување на нивниот имот, а дополнително на поединците и забрането патување во ЕУ. - Со овие нови мерки, ЕУ и нејзините земји членки ја потврдуваат својата подготвеност да ги засилат напорите за да обезбедат посилен и поодржлив одговор на постојаните малициозни кибер активности насочени кон ЕУ, нејзините земји членки и партнери. Ова е во согласност со заедничките напори со нашите меѓународни партнери, како што се Обединетото Кралство и САД, да попречување и одговор на кибер криминалот. ЕУ останува посветена на глобален, отворен и безбеден кибер простор и ја повторува потребата од зајакнување на меѓународната соработка за да се промовира поредокот заснован на правила во оваа област, се додава во соопштението. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одлуката и соодветните правни акти за нејзина имплементација веќе се објавени во Службениот весник на Европската Унија. ЕУ ја воспостави Рамката за заеднички дипломатски одговор на ЕУ на злонамерни кибер активности во јуни 2017 година и таа им овозможува на Унијата и нејзините земји членки да ги користат сите мерки од заедничката надворешна и безбедносна политика, вклучително и санкции доколку е потребно, за спречување, обесхрабрување, одвраќање и одговор на злонамерните кибер активности насочени кон интегритетот и безбедноста на блокот. Листата на ЕУ за рестриктивни мерки поради кибер напади кои претставуваат закана за ЕУ и нејзините земји членки беше воспоставена во мај 2019 година. Советот посочува и дека ЕУ ќе продолжи да ја зајакнува својата соработка со партнерите, особено со Украина, за да ја унапреди меѓународната безбедност и стабилност во кибер просторот, да ја зголеми глобалната отпорност и да ја подигне свеста за кибер заканите и злонамерните кибер активности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБасани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски секторНародната банка има докажани резултати во зачувувањето на монетарната и финансиската стабилност. Таа придонесе за создавање стабилен и отпорен банкарски сектор и за зајакнување на капацитетите на земјата за управување со економијата во согласност со европските стандарди, оценува Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, во интервју по повод одбележувањето 80 години централнобанкарско работење во државава. Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите. „Во Северна Македонија, кредибилната и независна централна банка има суштинско значење за зачувувањето на монетарната и финансиската стабилност во периоди на значителна глобална економска и геополитичка неизвесност. Групацијата на Светската банка е горда на извонредното партнерство што го градиме со Народната банка во изминативе децении, како и на напредокот што го постигнавме заедно“, посочува Басани. Како значајни достигнувања од долгогодишната соработка, Басани ги издвојува модернизацијата на платежниот систем, пристапувањето на земјата кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) и подготовките за воспоставување национален систем за инстант плаќања, заснован врз моделот на Европската централна банка. Според неа, овие достигнувања покажуваат како долгорочната соработка придонесува за градење посилни институции и носи конкретни придобивки за граѓаните и компаниите. „Овие придобивки ја зајакнуваат економската интеграција преку поедноставно и поевтино испраќање и примање средства низ Европа, а истовремено им овозможуваат на компаниите, особено на малите и средните претпријатија, полесно да инвестираат, да се натпреваруваат и да растат“, нагласува Басани. Притоа, таа ја нагласува и значајната улога на Народната банка во процесот на европската интеграција. „Со напредокот на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија, Народната банка ќе има клучна улога во усогласувањето на финансиската регулаторна рамка со правото на ЕУ, вклучително и во областа на прудентната регулатива, супервизорските практики, механизмите за управување со кризи и осигурувањето на депозитите, платежните системи, како и новите европски стандарди во областите на одржливите финансии и дигиталната отпорност“, порачува потпретседателката на Светската банка, Басани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕкипаж на британска подморница помина 217 дена под вода, без контакт со надворешниот светНуклеарната подморница на Британската кралска морнарица, HMS Vengeance, се врати во Шкотска по мисија која траела рекордни 217 дена. Во текот на седум месеци, екипажот останал речиси целосно отсечен од надворешниот свет. Сепак, овој подвиг не се толкува како демонстрација на сила, туку како показател за сериозни проблеми во рамките на британската подморничка флота, пренесува Euronews. На 15 ноември, експертот за нуклеарни подморници Дејвид Кален изјави за британскиот весник „Гардијан“ (*The Guardian*) дека пловилата од класата „Вангард“ (*Vanguard*) првично биле дизајнирани за мисии што траат приближно три месеци. Тој додаде дека дури и тој период се сметал за долго време поминато во „метална кутија под вода, без никаков контакт со надворешниот свет“. Подморниците од оваа класа – кои до април го држеа претходниот рекорд од 205 дена поминати под вода – имаат екипаж од околу 140 луѓе. Првично, нивните мисии траеле меѓу три и четири месеци, а патролите во времетраење од 100 дена биле реткост. Денес, некои мисии траат двојно подолго. Поради продолжените престои на море, овие и онака тесни подморници мораат да носат значително поголеми залихи на храна и други неопходни средства. Како резултат на тоа, екипажот поминува месеци живеејќи опкружен со гајби натрупани во ходниците и во секој друг достапен простор. Британската влада признава дека овие продолжени мисии се поврзани со кратењата на буџетот, кои го забавија одржувањето на подморниците. Подморницата HMS *Vengeance* е спуштена во вода во далечната 1998 година, оваа подморница е една од четирите британски подморници од класата *Vanguard* на нуклеарен погон. Таа е долга приближно 150 метри, тежи 17.526 тони и е дизајнирана да носи балистички ракети „Трајдент“ (Trident). Подморницата е опремена со 16 лансирни цевки за ракети. Ракетите „Трајдент“ користат технологија MIRV, што значи дека секоја ракета може да носи повеќе нуклеарни боеви глави, кои можат да се насочат кон одделни, независни цели. Подморниците од класата *Vanguard* се клучни за стратегијата на Британија за нуклеарно одвраќање. Според политиката на Кралската морнарица, најмалку една ваква подморница мора постојано да биде во патрола. Службата на нуклеарни подморници се смета за една од најтешките должности во морнарицата. Подморниците, како што е „HMS Vengeance“, поголемиот дел од времето го поминуваат длабоко под вода, одржувајќи целосна радио-тишина за да избегнат откривање. Иако, доколку е потребно, можат да излезат на површина во плитки води за да комуницираат преку специјализирани антени, контактот на екипажот со надворешниот свет е строго ограничен. Еднаш неделно, морнарите можат да добијат порака од своите семејства – таканаречен „семеен телеграм“ (Familygram) – кој не смее да надминува 120 зборови. Сите пораки прво ги прегледуваат воени претставници, кои имаат овластување да ги цензурираат лошите вести или какви било информации што би можеле негативно да влијаат врз работата на морнарите. Понатаму, на морнарите не им е дозволено да одговараат на овие пораки. Како резултат на тоа, членовите на екипажот можат со месеци да не знаат што се случува во нивните семејства, а исто така не се во можност ниту да одговорат на вестите што ги добиваат. Мисијата на подморницата „HMS Vengeance“, со која беше поставен рекорд, дополнително ги засили загриженостите во врска со иднината на целата флота. Иако првично беа дизајнирани за работен век од 25 години, подморниците од класата „Vanguard“ сега ќе мора да останат во служба приближно 40 години, поради доцнењата во развојот на новата генерација. Се очекува првата подморница од новата класа, „HMS Dreadnought“, да влезе во служба дури околу 2032 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквичкиВо петок (13.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Бобан Цаневски.Состојки за денешниот рецепт: 2 тиквички 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 1 морков 2 компира 1 домат 1 чешне лук масло сол, бибер и др. зачини по избор малку магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook