ЕУ со нови санкции за Русија - Канал 5

ЕУ со нови санкции за Русија

Советот за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок во Луксембург усвои нови санкции против Русија поради војната во Украина.

ЕУ со нови санкции за Русија

Новите санкции се насочени кон области од висока вредност за руската економија, како што се енергијата, финансиите и трговијата, и имаат за цел да го отежнат заобиколувањето на санкциите на ЕУ.

Санкции се воведени и за 116 физички и правни лица.

ЕУ ги забранува услугите за претовар на руски течен гас на територијата на ЕУ за пренос во трети земји. Ова вклучува претовар од брод до брод и истовар од брод до брег, но не влијае на увозот, туку само реекспорт во трети земји преку ЕУ.

Забранети се нови инвестиции, како и обезбедување на стоки, технологија и услуги за завршување на проектите за течен природен гас во изградба, како што се Арктик ЛНГ 2 и Мурманск ЛНГ. Се воведуваат ограничувања за увоз на руски течен гас преку терминалите во ЕУ, кои не се поврзани со системот за пренос на гас.

Матичните компании од ЕУ ќе мора да се погрижат нивните подружници во странство да не се вклучат во какви било активности што водат кон заобиколување на европските санкции. Од трговците со оружје ќе се бара да проверат дали нивните зделки би можеле да доведат до повторен извоз во Русија. Слични ограничувања се во сила за продавачите на технологија во одбранбената индустрија.

Во однос на финансиите воведена е забрана за користење на системот за пренос на финансиски пораки (СПФС), развиен од Централната банка на Русија за да се неутрализира ефектот на европските санкции. На субјектите на ЕУ кои работат надвор од Русија ќе им биде забрането да се поврзуваат со СПФС или слични специјализирани услуги за финансиски пораки. На компаниите од ЕУ ќе им биде забрането да вршат трансфери со конкретно наведени лица кои користат СПФС надвор од Русија.

Забрана за трансфери со целни кредитни и финансиски институции и даватели на крипто-средства основани надвор од ЕУ се наметнува кога овие субјекти ги олеснуваат трансакциите што ја поддржуваат руската одбранбена индустрија преку извоз, снабдување, продажба, трансфер или транспорт во Русија на стоки со двојна употреба и употреба на технологија, муниција и огнено оружје.

Исто така се заоструваат условите за финансирање на политичките партии и фондации, невладините организации и медиумите во ЕУ. Тие нема да можат да бидат финансирани од Русија и нејзините сојузници.

Советот на ЕУ додава 61 ентитет на листата на оние кои директно го поддржуваат руското воено производство. Некои од овие ентитети се лоцирани во Кина, Казахстан, Киргистан, Турција и Обединетите Арапски Емирати и биле вклучени во заобиколување на санкциите или снабдување со делови за дронови. Се воведува забрана за извоз на хемикалии, пластика, багери, монитори и електрична опрема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Народната банка има докажани резултати во зачувувањето на монетарната и финансиската стабилност. 

Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Таа придонесе за создавање стабилен и отпорен банкарски сектор и за зајакнување на капацитетите на земјата за управување со економијата во согласност со европските стандарди, оценува Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, во интервју по повод одбележувањето 80 години централнобанкарско работење во државава.

Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите. „Во Северна Македонија, кредибилната и независна централна банка има суштинско значење за зачувувањето на монетарната и финансиската стабилност во периоди на значителна глобална економска и геополитичка неизвесност. Групацијата на Светската банка е горда на извонредното партнерство што го градиме со Народната банка во изминативе децении, како и на напредокот што го постигнавме заедно“, посочува Басани.

Како значајни достигнувања од долгогодишната соработка, Басани ги издвојува модернизацијата на платежниот систем, пристапувањето на земјата кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) и подготовките за воспоставување национален систем за инстант плаќања, заснован врз моделот на Европската централна банка. Според неа, овие достигнувања покажуваат како долгорочната соработка придонесува за градење посилни институции и носи конкретни придобивки за граѓаните и компаниите. „Овие придобивки ја зајакнуваат економската интеграција преку поедноставно и поевтино испраќање и примање средства низ Европа, а истовремено им овозможуваат на компаниите, особено на малите и средните претпријатија, полесно да инвестираат, да се натпреваруваат и да растат“, нагласува Басани.

Притоа, таа ја нагласува и значајната улога на Народната банка во процесот на европската интеграција. „Со напредокот на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија, Народната банка ќе има клучна улога во усогласувањето на финансиската регулаторна рамка со правото на ЕУ, вклучително и во областа на прудентната регулатива, супервизорските практики, механизмите за управување со кризи и осигурувањето на депозитите, платежните системи, како и новите европски стандарди во областите на одржливите финансии и дигиталната отпорност“, порачува потпретседателката на Светската банка, Басани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Екипаж на британска подморница помина 217 дена под вода, без контакт со надворешниот свет

Нуклеарната подморница на Британската кралска морнарица, HMS Vengeance, се врати во Шкотска по мисија која траела рекордни 217 дена. 

Екипаж на британска подморница помина 217 дена под вода, без контакт со надворешниот свет

Во текот на седум месеци, екипажот останал речиси целосно отсечен од надворешниот свет. Сепак, овој подвиг не се толкува како демонстрација на сила, туку како показател за сериозни проблеми во рамките на британската подморничка флота, пренесува Euronews.

На 15 ноември, експертот за нуклеарни подморници Дејвид Кален изјави за британскиот весник „Гардијан“ (*The Guardian*) дека пловилата од класата „Вангард“ (*Vanguard*) првично биле дизајнирани за мисии што траат приближно три месеци.

Тој додаде дека дури и тој период се сметал за долго време поминато во „метална кутија под вода, без никаков контакт со надворешниот свет“.

Подморниците од оваа класа – кои до април го држеа претходниот рекорд од 205 дена поминати под вода – имаат екипаж од околу 140 луѓе.

Првично, нивните мисии траеле меѓу три и четири месеци, а патролите во времетраење од 100 дена биле реткост. Денес, некои мисии траат двојно подолго.

Поради продолжените престои на море, овие и онака тесни подморници мораат да носат значително поголеми залихи на храна и други неопходни средства.

Како резултат на тоа, екипажот поминува месеци живеејќи опкружен со гајби натрупани во ходниците и во секој друг достапен простор. Британската влада признава дека овие продолжени мисии се поврзани со кратењата на буџетот, кои го забавија одржувањето на подморниците.

Подморницата HMS *Vengeance* е спуштена во вода во далечната 1998 година, оваа подморница е една од четирите британски подморници од класата *Vanguard* на нуклеарен погон.

Таа е долга приближно 150 метри, тежи 17.526 тони и е дизајнирана да носи балистички ракети „Трајдент“ (Trident). Подморницата е опремена со 16 лансирни цевки за ракети.

Ракетите „Трајдент“ користат технологија MIRV, што значи дека секоја ракета може да носи повеќе нуклеарни боеви глави, кои можат да се насочат кон одделни, независни цели. Подморниците од класата *Vanguard* се клучни за стратегијата на Британија за нуклеарно одвраќање. Според политиката на Кралската морнарица, најмалку една ваква подморница мора постојано да биде во патрола.

Службата на нуклеарни подморници се смета за една од најтешките должности во морнарицата. Подморниците, како што е „HMS Vengeance“, поголемиот дел од времето го поминуваат длабоко под вода, одржувајќи целосна радио-тишина за да избегнат откривање. Иако, доколку е потребно, можат да излезат на површина во плитки води за да комуницираат преку специјализирани антени, контактот на екипажот со надворешниот свет е строго ограничен. Еднаш неделно, морнарите можат да добијат порака од своите семејства – таканаречен „семеен телеграм“ (Familygram) – кој не смее да надминува 120 зборови.

Сите пораки прво ги прегледуваат воени претставници, кои имаат овластување да ги цензурираат лошите вести или какви било информации што би можеле негативно да влијаат врз работата на морнарите.

Понатаму, на морнарите не им е дозволено да одговараат на овие пораки. Како резултат на тоа, членовите на екипажот можат со месеци да не знаат што се случува во нивните семејства, а исто така не се во можност ниту да одговорат на вестите што ги добиваат.

Мисијата на подморницата „HMS Vengeance“, со која беше поставен рекорд, дополнително ги засили загриженостите во врска со иднината на целата флота. Иако првично беа дизајнирани за работен век од 25 години, подморниците од класата „Vanguard“ сега ќе мора да останат во служба приближно 40 години, поради доцнењата во развојот на новата генерација. Се очекува првата подморница од новата класа, „HMS Dreadnought“, да влезе во служба дури околу 2032 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Во петок (13.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Бобан Цаневски.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Состојки за денешниот рецепт:

2 тиквички

300 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 морков

2 компира

1 домат

1 чешне лук

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер