ЕУ наскоро ќе одобри инсектите да се воведат како храна за населението

Европа наскоро би можела да дојде до пресвртен момент во областа на гастрономијата.

Поточно, за неколку недели Европската агенција за безбедност на храна се очекува да ја поддржи индустријата за производство и преработка на инсекти со овластување за продажба на инсекти и нивни производи за човечка потрошувачка. Ова значи дека за прв пат во Европската унија ќе се најдат огромен број на јадливи инсекти, што ќе отвори нови можности во прехранбената индустрија.

„Гардијан“ пишува дека ова ќе биде момент на пресврт во областа на европската гастрономија, а водени и копнени ларви, помали црви, штурци и скакулци ќе бидат прогласени за безбедни за човечка потрошувачка. Ако се даде зелено светло, храната со инсекти може да се продава во Европа уште наесен.

„Има добри шанси да добијат зелено светло во следните неколку недели“, рече Кристоф Дериен, генерален секретар на Меѓународната организација, кој е посветен на воведување на инсекти како храна за луѓето и животните.

„Сметаме дека овие одобренија ќе бидат успех за целиот сектор, така што многу го очекуваме тоа. Веруваме дека зеленото светло на ЕФСА ќе предизвика ефект на лавина во светот на исхраната“, додаде тој.

Компаниите кои со години работат во секторот се обидуваа да го добијат тоа одобрение од ЕУ. Инсектите веќе можат да се најдат во британски, холандски, белгиски, дански и фински супермаркети бидејќи овие земји се малку поблаги од другите според законот на ЕУ од 1997 година, според кој се бара целата храна што е одобрена после таа година да има посебно одобрение.

Земјите како Велика Британија одлучија дека овој закон не важи за животните што се користат за исхрана.

Годишно се произведуваат приближно 500 тони храна заснована на инсекти за човечка потрошувачка, но се очекува оваа бројка енормно да се зголеми доколку се одобри и големите компании можат да започнат со производство на таква храна во земји како Франција, Шпанија и Италија, каде што во моментот е забранета .

Јадењето инсекти се нарекува ентомофагија, а Соединетите држави во последните неколку години се обидуваат да убедат што е можно повеќе луѓе да јадат инсекти, откако ООН објавија извештај за 2013 година, наречен „Инсекти за исхрана“.

Ова се смета за клучно за воспоставување на безбедноста на храната за милијарди луѓе во светот во иднина. „National Geographic“ тогаш објави дека повеќе од две милијарди луѓе редовно јадат инсекти, зготвени и сурови, додека денес таа бројка е околу 2,5 милијарди.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

(20.41 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 50% : Силјановска 196342 , Пендаровски 92575 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 50 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 100.000 гласови пред Пендаровски

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

притисни ентер