3Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
БалканЕУ наскоро ги укинува визите за КосовоЗемјите-членки на ЕУ се договорија за заеднички став за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово од датумот на отпочнување на Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) или најдоцна од 1 јануари 2024 година.Врз основа на овој заеднички став, ротирачкото претседателство ќе започне преговори со Европскиот парламент и ќе се обиде да се договори за конечна одлука. Договорот е постигнат на состанокот на амбасадорите на земјите членки (Корепер). „Денеска направивме важен чекор кон безвизно патување за Косово и сега се надеваме дека брзо ќе постигнеме договор со Европскиот парламент за да го направиме тоа ветување реалност. Визната либерализација е овозможена со напорите на Косово да ја зајакне граничната контрола, управувањето со миграцијата и безбедноста, и веруваме дека оваа добра соработка само ќе стане посилна во иднина“, рече Јан Липавски, чешкиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со Советот на ЕУ. Според договорениот став, на граѓаните на Косово ќе им биде дозволено да патуваат во ЕУ без виза за престој од 90 дена во кој било период од 180 дена. Во согласност со ставот на Советот, ослободувањето од обврската за поседување виза ќе се применува од датумот на започнување на операцијата ETIAS, а во секој случај најдоцна до 1 јануари 2024 година. Новиот Европски информативен систем за патување требаше да стапи на сила во мај 2023 година, но тоа беше одложено за шест месеци до ноември 2023 година. Кога ETIAS стапи во сила, државјаните на трети земји на кои не им е потребна виза за патување во Шенген зоната ќе треба да аплицираат за одобрение за патување пред нивното патување преку едноставна процедура преку веб-страницата на ETIAS или мобилната апликација и ќе мора да плати такса од седум евра , а добиеното одобрение ЕТИАС ќе важи три години. Косово е единствената земја на Западен Балкан на чии граѓани им се потребни визи за влез во ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски домМинистерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови.Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови, откако се покажа дека дел од студентите примени во вториот уписен рок немаат доволно време да го завршат уписот и да обезбедат потврда дека се редовни студенти. Проблемот се појави кај кандидатите од вториот уписен рок. На дел од факултетите при уким запишувањето на примените студенти е закажано за 21 септември, односно еден ден по првично утврдениот рок за студентските домови. Без завршен упис, тие не можат навреме да обезбедат потврда за редовен студент – еден од документите потребни при аплицирањето. Токму поради тоа мон го продолжи рокот, со цел и студентите кои ќе го завршат уписот во вториот уписен рок да можат да ја обезбедат потребната документација и рамноправно да конкурираат за сместување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакарОсновното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата „Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката., велат од обвинителството..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за ДубаиФилипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи.Филипче со Заев го променија името на државата и ветуваа членство во ЕУ, а добивме само слика од авион. Филипче и Заев ветуваа бесплатно здравство, а добивме провизии за вакцини, провизии за модуларни болници и провизии за тендери и набавки. Филипче вели дека Македонија не била за продажба, а има потпишан бланко лист за барањата на Бугарите. Со ова Филипче е директно против Македонија. На Филипче му смета успехот на Македонија. Затоа е против дата центри, рудници и фабрики. Ама не е против бугарски фирми, златни визи и акции во индиски авиокомпани. Исто така, на Филипче му пречи Дејвид Гета, ама не му пречи Харис Џиновиќ. Тоа се двојните стандарди на Филипче и СДС. Затоа и ќе бидат вечна маргинална опозиција. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook