ЕУ е загрижена поради укинувањето на динарот на Косово - Канал 5

ЕУ е загрижена поради укинувањето на динарот на Косово

Европската Унија изрази загриженост за последиците што може да ги има врз секојдневниот живот на косовските Срби одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за укинување на динарот во платните трансакции, која стапи во сила денеска.

ЕУ е загрижена поради укинувањето на динарот на Косово

Во Косово утринава стапи на сила регулативата на ЦБК која предвидува плаќање во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, што ја зголеми загриженоста на српската заедница во Косово бидејќи од Србија примаат плати и пензии во динари, кои ги користат за купување и продавање.

Меѓународната заедница претходно побара Косово да го одложи спроведувањето на таа одлука, наведувајќи ја загриженоста дека тоа може да има негативно влијание врз косовските Срби.

Во денешното соопштение за печатот, Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС) посочи дека „ја зема предвид“ регулативата чија цел е „да се подобри транспарентноста на финансиските текови, да се обезбеди финансиска стабилност и да се бори против перење пари и фалсификување“, но со оценката дека таа одлука „ќе влијае и на финансиската поддршка што косовските Срби ја добиваат од Србија“.

Европската унија е загрижена за последиците што оваа одлука може да ги има врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници во Косово поради недостатокот на претходни консултации, а пред сѐ „поради нејзиното влијание врз училиштата и болниците, со оглед на очигледното отсуство на алтернативи во овој момент“.

Се додава дека „краткиот преоден период за имплементација на регулативата, во комбинација со недостигот на информации и практични решенија за сите засегнати заедници, ризикува сериозно да ги комплицира нивните животи“.

Во исто време, Косово е покането да обезбеди „доволно долг преоден период за спроведување на регулативата и да најде решение за прашањето во рамките на дијалогот што го води Брисел“.

Гувернерот на ЦБК Ахмет Исмаили претходно за медиумите изјави дека указот не забранува поседување динари на Косово, ниту го ограничува трансферот на средства од Србија преку платниот систем на Косово, но неопходно е „граѓаните да имаат отворена сметка во евра“.

„Доколку институциите во Србија сакаат да ги платат граѓаните на Косово, средствата стигнуваат на неговата сметка во евра. Значи, ако се праќаат во динари, се менуваат во евра“, рече Исмаили.

Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими денеска изјави дека владата во Приштина ќе започне кампања за информирање на граѓаните за уредбата, предлагајќи разговори меѓу централните банки на Косово и Србија за да се најде механизам за транспарентен трансфер на пари за кој комерцијалните банки мора да бидат лиценцирани од косовските финансиски власти. Единствената преостаната банка од Србија во Косово - НЛБ Комерцијална банка, во среда, на 31 јануари, ја затвори последната од своите девет филијали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Берлин одби екстрадиција на Македонка: Женските затвори во Македонија не ги исполнуваат стандардите

21-годишна Македонка приведена во Германија, а во земјава осудена во отсуство на пет години затвор за сообраќајка со смртни последици во Македонија, нема да биде испорачана назад во земјава за отслужување на затворската казна. 

Берлин одби екстрадиција на Македонка: Женските затвори во Македонија не ги исполнуваат стандардите

Германските власти процениле дека во македонските женски затвори нема хумани услови за издржување на казната. 21-годишната Викторија Зерзева набргу по сообраќајката била лоцирана во Германија, а тамошните власти ја привеле во имиграционен притвор, по што македонското министерство за правда побарало нејзина екстрадиција. Сепак, германските власти, сега го одбија барањето.

-Надлежниот виш покраински суд ја прогласи екстрадицијата за недозволена од причини поврзани со внатрешното право. Судот смета дека не се обезбедени услови за сместување во притвор во Казнено-поправната установа Скопје, како и, во случај на подоцнежна правосилна осудителна пресуда, во Казнено-поправната установа Идризово, кои би ги исполнувале барањата на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи од 5 ноември 1950 година,- Министерство за правда.

Станува збор за сообраќајна несреќа од 5 ноември 2024 година, во близина на општина Росоман, кога Зерзева при судир во друг автомобил го усмртила 40-годишниот Марјан Петровски од Белес. Во Германија, Вишите регионални за секој поединечен случај одлучуваат дали екстрадицијата е правно дозволена.

Доколку постојат конкретни индиции дека лицето кое се наоѓа во притвор е изложено на ризик од нехумани или понижувачки услови во земјата во која треба да биде пренесено, екстрадицијата се одбива. Ова важи сè додека државата што ја бара екстрадицијата не даде обврзувачки гаранции дека лицето ќе биде сместено во услови што се во согласност со стандардите за човекови права. Во однос на нехуманите услови во македонските затвори со неповолен извештај пред два дена излезе и народниот правобранител.

Во него се констатира дека затворите се пренатрупани, а во најголемиот затвор во земјава еден доктор се грижи за речиси 700 пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение

Дијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски .

Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение

Дијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски уверува дека за евроинтеграциите на земјава има активен дипломатски ангажман во кој нема отстапки од македонските позиции. Без да навлегува во детали за бегството на Ива Михајлова која во изминатиот период предизвика заострување на реториката меѓу двете земји, Муцунски ја оцени како непристојна нејзината заштита во Бугарија. Најави дека во декември ќе има неколку министерски самити кадешто ќе има можност отворено за сите прашања да разговара со Чамова.

-Навистина е непристојно една земја членка на ЕУ да станува прибежиште за тие што или се осудени за кривични дела или се лица за кои има степен на сомнеж и се водат постапки во рамки на судовите во државата. ќе бидам внимателен во јавните изјави, како што неодамна кажа и претседателот на Владата Мицкоски, Македонија нема интерес да стане дел од „естрадата“ поврзана со оваа тема во Бугарија, која е поврзана и со претседателските избори што се во тек во таа држава. Дијалог има и тој ќе продолжи. Воспоставуваме билатерален дијалог со Бугарија, но и со претставници на Европската Унија и со земјите членки на ЕУ,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски беше домаќин на неговиот колега од Словачката Република Јурај Бланар со кој зборувале и на оваа тема и за блокадата на Македонија во ЕУ. Бланар рече дека Братислава е голем поддржувач на македонските евроинтеграции и треба да направи исчекор со оглед на спроведените реформи, во спротивно вели фрустрациите ќе се зголемат. Потенцираше дека во проширувањето на унијата нема еднаков третман за сите земји кандидатки.

-Словачка Република е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија помеѓу државите како Украина, Молдавија или Грузија. Не можеме да прифатиме европска интеграција заснована на европски стандарди да има различни критериуми за различни држави,- Јурај Бланар – министер за надворешни работи на Словачка.

Муцунски и Бланар кажаа дека Македонија и Словачка имаат одлични билатерални односи и економска соработка која најавија дека ќе се продлабочува. Покрај тет-а-тет и билатерлната средба на делегациите, шефот на словачката дипломатија оствари средби и со претседателката Сиљановска Давкова и со собранискиот спикер Гаши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев

За операции на очи наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Голема полициска акција се одвива на 10-ина локации во земјава, во чија истрага се опфатени вработени во Фондот за здравство и одговорни лица од позната приватна болница..

Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев

Штетата на буџетот, што ја причиниле се проценува на околу еден и пол милион евра.

Пред Фондот за здравство е Дејан Трајкоски.. Дејан, неофицијално, во истрагата е опфатен и поранешен директор на Фондот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер