ESPN: Поради настапот на Шакира на Копа Америка, се кршат правилата во фудбалот - Канал 5

ESPN: Поради настапот на Шакира на Копа Америка, се кршат правилата во фудбалот

Во финалето на 48. издание на Копа Америка ќе се сретнат актуелниот светски шампион Аргентина и Колумбија.

ESPN: Поради настапот на Шакира на Копа Америка, се кршат правилата во фудбалот

Натпреварот се игра ноќта од недела кон понеделник во два часот по наше време. Домаќин на финалето е американскиот Мајами, а се игра на стадионот Хард Рок кој собира 65.300 гледачи. Аргентина предводена од Лионел Меси во полуфиналето ја совлада Канада со 2:0, додека Колумбија го победи Уругвај со 1:0.

Ако Аргентина ја освои титулата, тие ќе станат рекордери со 16 победи на Копа Америка, а рекордот во моментов го делат со Уругвај. Тие се и бранител на титулата од 2021 година. Колумбија, пак, ќе се обиде да ја освои втората шампионска титула во историјата, откако прв и последен пат успеа во тоа во 2001 година кога беше домаќин и во финалето и го совлада Мексико.

На полувремето од натпреварот, предвидено е да настапи една од најголемите поп ѕвезди, колумбиската пејачка Шакира, чии две најголеми врски со фудбалот се бракот со нејзиниот поранешен сопруг и долгогодишен стопер на Барселона, Жерар Пике и тоа што ја изведе неофицијалната химна на Светското првенство одржано во 2010 година во Јужна Африка.

Нејзиниот настап ќе ги прекрши правилата на фудбалската игра. Поточно, ESPN пренесува дека настапот на полувремето од финалниот натпревар ќе трае 25 минути, што секако е 10 минути подолго од нормалното времетраење на паузата меѓу двата дела од натпреварот. Времетраењето на полувремето е строго пропишано со правилата на фудбалската игра на ИФАБ, каде што јасно е наведено дека „играчите имаат право на одмор помеѓу полувремето кое не може да трае подолго од 15 минути“. Засега не е јасно дали ИФАБ дала дозвола да се игнорира ова правило или организаторите решиле да го направат тоа самите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петмина

Лишени од слобода пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети, следува пријава.

Дрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петмина

На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.

При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети.

Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: На прес на Влада -Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа

Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија.  Како што најавивме, на сомнителен начин.

Кузеска: На прес на Влада -Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа

На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија.

Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа?

Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани.

По реакциите на македонските телевизии беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката.

Нели беше најавена истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија.

Дали ова значи дека истрагата е прекината и се работи под радарот?

Како работат медиумите на Вучиќ во Македонија?

Што прави АВМУ? Или мачкаат очи?

Што прави Трајчевски? Дали знае дека во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати и дека за тоа може и кривично да одговара?

Едно е јасно, медиумите на Вучиќ веќе се во македонскиот етер.

Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда.

Еврокомесарката Марта Кос, вчера ја откажа посетата на Србија, поради истите политики на Мицкоски и Стоилковиќ – величење на Ратко Младиќ.

Мицкоски копира се. Истите политики ги гледаме и со целосна контрола на медиумскиот простор, покрај веќе контролираните 40% од Орбановите медиуми.

Наскоро медиумски мрак и во Македонија - во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски .

Со Мицкоски Македонија стана заложник на туѓи интереси на Балканот.

СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот.

Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија.

Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година.

Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80

Лишен е од слобода романски државјанин, возел со брзина од 163 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 80км/ч.

Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80

На 04.09.2026 во 11:20 часот, на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Х.В.С.(49) од Романија, откако при проверка на патничко возило „ауди“ со романски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено на 04.09.2026 во 06:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, Х.В.С. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер