Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено, заштита од кражби и измами и за спречување на семејно насилство
1Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено, заштита од кражби и измами и за спречување на семејно насилство
3СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
ФудбалЕшли Кол примен во Куќата на славните во Премиер лигатаПоранешниот одбранбен фудбалер Ешли Кол ќе биде првиот што ќе биде примен во Куќата на славните во Премиер лигата во 2024 година.Кол помина 15 сезони со Арсенал и Челзи, освојувајќи три титули во Премиер лигата. Играчот беше дел од тимот на „Топџиите“ кој не загуби ниту еден натпревар во сезоната 2003/04. Вкупно, фудбалерот одигра 385 натпревари во Премиер лигата. На 147 натпревари со негово учество, екипите на Кол не примија гол. Тој постигна 15 гола и 31 асистенција. - Чест ми е што сум примен во Куќата на славните во Премиер лигата. Убаво е да се добие награда на крајот од кариерата. Во текот на мојата кариера само се трудев да дадам се од себе и да настапувам на пристојно ниво. Ден по ден, натпревар по натпревар. Како дете, не сонуваш за вакво нешто и го правиш тоа едноставно поради љубовта кон фудбалот. Сум играл за неколку неверојатни клубови со неверојатни навивачи. Освојувањето трофеи со мојот клуб од детството Арсенал и Челзи се неверојатни спомени кои ќе останат со мене засекогаш. Почестен сум што станувам дел од Куќата на славните, во која веќе се вклучени Алан Ширер, Тиери Анри, Дидие Дрогба и Рио Фердинанд, рече Кол. Покрај Кол во Куќата на славните во Премиер лигата во 2024 година ќе влезат уште двајца фудбалери кои ќе бидат одредени како резултат на гласањето на навивачите. За да се квалификуваат за Куќата на славните оваа сезона, играчите мора да се пензионираат пред 1 јануари 2024 година. Во критериумите за избор се земаат предвид само достигнувањата во кариерата во Премиер лигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено, заштита од кражби и измами и за спречување на семејно насилствоЗа време на активноста на граѓаните им беше укажано кога ги напуштаат своите возила да не оставаат вредни предмети на видно место за да не бидат цел на криминалците кои вршат тешки кражби од возила, како и да внимаваат на личните предмети кои ги носДенеска (14.08.2026) во Неготино, Кавадарци, Штип и Кочани беа реализирани превентивни активности за безбеден сообраќај. Во Неготино спроведената активност беше на тема „Не заборавајте, сите сме пешаци“, во рамки на која на возачите им беше укажано да бидат одговорни во сообраќајот, особено да внимаваат пред обележан пешачки премин со цел да ги заштитат пешаците како најранлива категорија на учесници во сообраќајот. Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, пак, реализираа активност на тема „Последици од управување технички неисправно возило“, потенцирајќи им ја на возачите обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Додека, пак, активностите во Штип и Кочани беа на тема „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. За време на активноста на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни совети и им беше појаснета законската регулатива околу обврската која ја имаат како возачи возилата да бидат ги паркираат на соодветни одбележани места за да не го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Во Градско, Делчево и во општина Зелениково, полициските службеници спроведоа превентивни активности за заштита од пожари, во рамки на кои ги советуваа граѓаните да бидат внимателни, со цел избегнување на опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период и доколку забележат пожар да пријават на телефонскиот број 112. Денеска, во Штип беше спроведена и превентивна активност на за заштита од кражби и измами. Во непосредни разговори на повозрасните лица-пензионери им беа поделени летоци со совети да внимаваат околу начините за препознавање на измами, како да се заштитат од кражби, а им беа појаснети и законските одредби, односно постапките што можат да се преземат за заштита од овие видови на имотни деликти. Во Делчево беше реализирана и активност на тема „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. На средбите со граѓаните им беа давани совети за самозаштита и достапни упатства за помош и начините како да се препознае насилството, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се точно и брзо пријавување на бројот 112. Одделението за превенција при СВР Скопје на Меѓуградската автобуска станица во Скопје спроведе и превентивна активност под мотото „Секој може да биде жртва”. Основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на граѓаните им беше укажано кога ги напуштаат своите возила да не оставаат вредни предмети на видно место за да не бидат цел на криминалците кои вршат тешки кражби од возила, како и да внимаваат на личните предмети кои ги носат со себе.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаВодата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати.Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од страна на Центарот за јавно здравје – Велес покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење. Поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена супер анализа. Затоа, водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна! Забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата. ЈКП „Бошава“ – Демир КапијаТагови: Демир Капија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаСДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни. Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар? Нема документ. Нема извештај. Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар. Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила? Кој го потпишал извештајот? Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните? По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања. За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис. Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина. Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ. СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook