Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
2Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
3Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
Шоу бизЕнрике Иглезијас го загуби очувот поради коронавирусот: Ова е тежок период Пејачот Енрике Иглезијас го загуби својот очув , кој почина од коронавирус.Карлос Фалко почина на 83-годишна возраст, откако се покажа дека е позитивен на коронавирус. Енрике од очувот се збогува со емотивната порака на Инстаграм. "Поминуваме низ тежок период. Оваа криза зафати многу семејства, вклучувајќи го и моето. Да останеме дома и да се заштитиме себеси и нашите најблиски. Им праќам многу љубов и сила на сите", напиша пејачот со фотографијата од детството со очувот и мајка му Изабел Преислер. View this post on Instagram We are going through tough times and this emergency has touched a lot of people including my family. Let’s stay home and take care of ourselves and our loved ones. Sending lots of love and strength 🙏🙏 . Estamos pasando tiempos dificiles y esta emergencia ha alcanzado a muchisimas personas incluida mi familia. Es momento de quedarse en casa y estar pendiente de vuestros seres queridos. Os mando un fuertísimo abrazo y espero veros muy pronto. Animo! 🌎 A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on Mar 25, 2020 at 10:59am PDT „Жал ми е за вашата загуба“, „Те сакаме, ќе биде добро“, му порачаа фановите. Енрике имал пет години кога неговата мајка се омажила со Фалко. Двојката била во брак пет години, за кое време Енрике живеел со нив, а неговиот очув имал големо влијание врз неговиот живот, пренесува Хола. View this post on Instagram Ayer fue S. José y se me olvidó postear... Esta foto describe mi relación con mi Padre ... Papi tú no tienes ig pero como siempre te enteras de todo lo que hago que sepas que te quiero y eres el mejor Padre que jamás podría desear. ❤️ u Tamaruni A post shared by Tamara Falcó (@tamara_falco) on Mar 20, 2020 at 2:18am PDT И полусестрата на Енрике, Тамара им се заблагодари на сите за нивната поддршка, а особено на медицинскиот персонал. „Нашиот татко беше неверојатна личност која многу ја сакаше својата земја ... Тој ќе живее засекогаш во нашите сеќавања“, напишала таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Славески и Мицкоски дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачницаНикаде во светот ниту една банка не би дала дозвола за работа на човек што е сопственик на менувачница. Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски. Како поинаку човек што нема никакво банкарско искуство може да добие дозвола да биде сопственик на банка? Прво Вучиќ му обезбеди кредит да купи банка и пари од граѓани, јавни претпријатија и компании што учествуваа во криминални партиски тендери, па потоа Мицкоски дозвола и пари на ист начин како и Вучиќ. Пари на граѓаните на Македонија. Истиот тој Мацура е човекот што од трезорот на својата банка изнесе 380 милиони евра. Пари што биле пријавувани во Народната банка на Србија, а никогаш не стигнале до трезорот. Народната банка на Србија прво рече сè е во ред. Истата вечер ја одзеде дозволата за работа на Алта банка. Гувернерката во Србија мораше тоа да го направи сфаќајќи дека ќе одговара. Исто беше во Македонија. Гувернерот Славески рече сè е во ред, а веќе по 24 часа воведе присилна управа. Она што е битно е дека сè е јасно и дека нема да можат да избегнат одговорност. Сè е во документите и трансакциите. Сè е забележано. Гувернерката во Србија веќе имаше разговор со обвинителството. Таму се апсат луѓе од режимот на Вучиќ секојдневно. Од кога Вучиќ дојде на власт, правосудството не си ја работеше својата работа. Само работеше по негов налог. Истата работа ја прави и Мицкоски, како негов ментор и шеф на организираната криминална група. Европската комисија веќе неколку пати предупредува на влијанието на „српскиот свет“, мислејќи на Вучиќ и СНС. Веќе неколку извештаи наназад, во текот на една година, има опомени за обвинителството кое е под контрола на Мицкоски. Предупредува за слободата на медиумите. Орбановите медиуми што сочинуваат 40% од македонските добија поддршка од медиумите на Вучиќ - Ало групацијата и лиценцата за Euronews. БИА соработници во владата и медиумите, а нивно финансирање преку Алта банка. Купување на сопственици на портали преку лотарија и директно плаќање преку реклами. Правење атмосфера како да сме Северна Кореја. Ист модел на автократски режим на Александар Вучиќ. Негови претставници, хулигани - стануваат почесни конзули на нашата земја, додека продаваат струја и броила. Исти бизнис шеми на Вучиќ и Мицкоски. Во Србија, по одржаните избори и падот на режимот на СНС, се апсат и ќе одговараат сите што беа во системот на корупција и криминал. Се затвораат и медиумите на Вучиќ. Истрагите се во тек, милионски суми биле уплаќани на медиумите од државните компании. Мицкоски знае дека и него го чека истото. Затоа Мицкоски толку се бори да ја продаде банката, за да не мораат да ги отворат сметките во битолската банка. Затоа што отворањето на тие сметки е отворање на пандорината кутија. Затоа се врши притисок врз две банки што треба да ја преземат на себе сокривањето на тие сметки. Не постои банка што би сакала да купи такво портфолио од сопственик на менувачница. Полицијата и обвинителството мора да постапат во овој случај на Алта банка. Не смее повеќе да се чека. Ако не постапуваат според законот и заклетвата што ја дадоа на граѓаните, а не на Мицкоски, знаат дека ги чека истата судбина како и нивните колеги од Србија. Правдата ќе биде задоволена. Власта наскоро повторно ќе биде во рацете на народот, а оваа организирана криминална група на чело со арамијата Мицкоски ќе одговара. Кулата од карти почна да паѓа. Армагедон почна во Србија, наскоро доаѓа и кај нас. Македонија ќе биде ослободена од бандата! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаПротест во Богданци по убиството на Билјана КириќДенеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи протест по убиството на 17 годишната Билјана Кириќ за кое осомничено нејзиното поранештно момче 21 годишниот Виктор Бунтаров..„Ова е повик за заедничко изразување на револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“, пишува во повикот на социјалните мрежи. Убиството се случи во средата кога 21 годишникот прво го запалил автомобилот каде била билјана, а потоа си го одзел животот.. Виктор имал забрана за приближување по пријава од семеството на Билјана..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на ПутинТрамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина. Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа. Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември. Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери. Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност. Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter