Новиот електричен Хјундаи пристигнува на патиштата низ Европа- до 500 километри досег и со цена под 30.000 евра (ФОТО)
2Новиот електричен Хјундаи пристигнува на патиштата низ Европа- до 500 километри досег и со цена под 30.000 евра (ФОТО)
ТенисЕнди Мареј не може да престане да плаче- легендарниот Британец ја заврши кариерата (ВИДЕО)Британскиот тенисер Енди Мареј денеска ја заврши својата професионална кариера, бидејќи беше поразен во двојки со Даниел Еванс од двојката составена од Тејлор Фриц и Томи Пол.Веднаш по мечот, големиот Енди заплака и не можеше да ги сокрие емоциите. Тој беше свесен дека го одигра последниот професионален меч во кариерата и секако му беше жал што овој турнир не го овековечи со еден од медалите. Тој и Еванс се извлекоа неколку пати, но овој пат немаше спас. На мрежите веднаш се проширија емотивни слики и видеа. Погледнете како париската публика го испрати Мареј во тениската вечност и како тој тоа го прими со толку многу емоции. L'image de jour : les larmes d'Andy Murray qui vient de disputer le dernier match de sa carrière 🥹 𝐌𝐄𝐑𝐂𝐈 𝐀𝐍𝐃𝐘. Suivez les Jeux de #Paris2024 sur Eurosport avec Max, Canal + et nos partenaires de distribution pic.twitter.com/t0krl6VF0O — Eurosport France (@Eurosport_FR) August 1, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
ЗабаваСидни Свини ги изненади сите во Венеција: За неа тоа е премногу облека (ФОТО)По привлекувањето внимание во Венеција во проѕирен топ кој само делумно ги покриваше нејзините гради, Сидни Свини се одлучи за многу поинаков аутфит за ноќно излегување. Овој пат се појави во елегантен бел фустан, а нејзиното објавување не остана незабележано ниту на социјалните мрежи. За време на престојот во градот, 28-годишната актерка беше фотографирана како шета низ плоштадот Свети Марко додека се упатуваше кон познатиот бар „Харис“. За вечера избра бел фустан од „Шанел“ Свини носеше бел фустан од „Шанел“ без прерамки за вечерното излегување. Едноставната комбинација ја надополни со кафеава чанта, а вниманието го привлекоа и нејзините очила за сонце, кои не ги соблече иако веќе беше темно. По нејзиното претходно, многу попредизвикувачко објавување, брзо почнаа да се слеваат смешни коментари на X. „Конечно нешто пристојно од неа“, напиша едно лице. „Ова е веќе премногу облека за неа“, се пошегува друго. Таа е редовен посетител на Венеција Свини е редовен гостин на Филмскиот фестивал во Венеција во последните години. Како амбасадорка на брендот Armani Beauty, таа престојуваше таму во 2022, 2023 и 2024 година, а нејзините модни изданија редовно го привлекуваат вниманието на фотографите. Со оглед на комбинациите во кои веќе се појави оваа година, се очекува дека нејзиниот избор за црвениот тепих ќе привлече големо внимание. Неодамна претстави нова колекција долна облека Во последните месеци, актерката е сè повеќе вклучена во својот бренд за долна облека Syrn, за кој неодамна претстави нова колекција. Во пресрет на нејзиниот 29-ти роденден, кој ќе го прослави подоцна овој месец, таа ја претстави линијата „Birthday Boobs“, која се состои од транспарентни модели украсени со везени цветни детали. „Јас сум романтичарка во срцето, па секако сакав мојата колекција за роденден да биде романтична. Се чинеше како совршена можност да направам нешто навистина женствено и посебно“, рече Свини.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПутин: Постои можност за мировен договор со Украина, САД и Кина се подготвени да помогнат Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека постои можност за склучување мировен договор со кој ќе се стави крај на војната во Украина. Зборувајќи на економски форум во Владивосток, Путин додаде дека голем број држави меѓу кои САД и Кина се подготвени да поддржат постигнување мировен договор, но во исто време и дека агресивните дејствија на Киев и на европејците ги комплицирале изгледите за решавање на конфликтот.. „Проблемот треба да биде решен од државите кои се во конфликтот – Русија и Украина. Тоа е вистинскиот начин. И покрај тоа, благодарни сме им на сите кои се обидуваат да придонесат за постигнување на договор. , рече Путин.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАвионот со телото на Ратко Младиќ пристигна во Белград, најавени се собириАвионот на српската влада што го носеше телото на Ратко Младиќ слета во Белград.Според новинарите на местото на настанот, на аеродромот се присутни голем број полициски сили, како и медиумски екипи од земјата и светот, објави српски Телеграф. Засега нема насобрани граѓани, јавуваат новинарите. Порано денеска, Вучиќ се обрати на јавноста за време на обиколката на домот Петровиќ во Чока и потврди дека телото на генералот Ратко Младиќ е преземено и дека ќе пристигне во Србија доцна попладне. Ратко Младиќ, поранешен командант на Армијата на Република Српска, почина на 27 август 2026 година, на 84-годишна возраст. Почина во притворниот центар на Обединетите нации (Шевинген) во Хаг. На неговата смрт ѝ претходеа повеќекратни мозочни удари и сериозно влошување на неговата здравствена состојба, за што се известуваше со недели пред трагичниот исход. Барањата на неговото семејство да му се одобри лекување во Србија поради влошената здравствена состојба не беа прифатени. Тој отслужуваше доживотна казна затвор во Хаг за воени злосторства. Последните 15 години од својот живот ги поминал зад решетки, почнувајќи од апсењето на 26 мај 2011 година, во селото Лазарево во близина на Зрењанин.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook