Емина Јаховиќ објави нови фотографии кои го одземаат здивот

Емина Јаховиќ е една од најубавите жени на нашите простори.

Пејачката сака секогаш да изгледа убаво и привлечно, а доказ за тоа е нејзиниот Инстаграм профил, каде сподели фотографии кои воодушевија многумина во последните неколку дена.

Во духот на празничната атмосфера, оваа атрактивна пејачка позираше во најразлични комбинации и изданија, а објективот на камерата ги сними најубавите кадри.

Пејачката со овие фотографии инспирираше многу жени, за нивните празнични фотографии.

Елегантна, префинета и сензуална, Емина е веќе подготвена да влезе во 2022 година.

Црвениот аутфит остави многумина без зборови. На Емина одлично и прилега бојата на љубовта и страста.

А покрај црвениот фустан, таа блесна и во тоалета со златни светки кои одлично и прилегаат на нејзиниот тен и коса.

Кличко: Смената на Залужни е грешка, тој не бранеше од најмоќната армија во светот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски згреши што го разреши популарниот врховен командант на вооружените сили на Украина, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

„Отказот на Валери Залужни беше голема грешка. Мораме да се обединиме околу луѓето кои имаат најголема поддршка - како Залужни, кој има најголем рејтинг на анкетите“, изјави Кличко за италијанскиот весник „Ла Република“.

„Две години успешно ја бранеше нашата земја од најголемата и најмоќната армија во светот“, рече Кличко, додавајќи дека јавноста го гледа познатиот генерал како „најважниот бранител на нацијата“.

Кличко, кој претходно го обвини Зеленски за „авторитаризам“, тврдеше дека претседателот „требаше да објасни зошто донел одлука што го шокираше секој Украинец“, бидејќи „многумина се чувствуваа збунети, очајни“.

Тој додаде дека „големата грешка што многу луѓе ја прават денес е играњето политика“.

Како што јавуваат медиумите, Валери Залужни беше заслужен за водењето на одбраната на Киев во раните фази на конфликтот, како и за успешните операции во втората половина на 2022 година.

Овие успеси беа нарушени со неуспешна контраофанзива во 2023 година, за време на која украинските војници претрпеа големи загуби и изгубија многу тенкови и друга опрема обезбедена од Запад. Сепак, Залужни остана популарен, со рејтинг од повеќе од 80 отсто според анкетата во декември.

ЦУК: Седум пожари на отворено изминатото деноноќие

Седум пожари на отворено изминатото деноноќие, отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно седум пожари на отворено во државата во последното деноноќие.

Регионалните ЦУК Скопје и Битола информирале за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.

ОД ЦУК соопштуваат за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица.

- РЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 кг. во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас, се наведува во соопштението.

Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40 отсто, а 52,60 проценти за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 71,20 отсто, кон итната медицинска помош 23,20 отсто, а кон пожарникарите 3,60 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Комисијата за заразни болести ќе заседава, 123 случаи на голема кашлица во Скопје

 Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се расправа за состојбата со големата кашлица и грипот, како и за евентуални мерки што треба да се преземат. 

Од почетокот на годината, заклучно со вчера попладне, вкупно 123 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на Скопје, изјави за МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје за големата кашлица, се наведува дека согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

На 28 февруари, министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски изјави дека при контролите за вакцинација во градинките, поради епидемијата со голема кашлица, не се констатирани прекршоци.

- Ги зголемивме контролите, инспекторите се на терен. Имаме записници добиено по основ на самите инспекциски надзори. Досега не се констатирани прекршувања, односно во самите решенија коишто се доставени од инспекторите нема прекршување на делот каде што градинките не го почитуваат законскиот момент за прием на деца кои немаат вакцинални картони, односно се здрави. Така што, има контроли, на терен се инспекторите, сме во постојана координација и се надевам дека ќе придонесеме да не се рашири повеќе оваа болест, нагласи техничкиот министер за труд и социјална политика.

На 15 февруари, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири беше прашан за неговиот став за состојбата со пертусисот.

Според него, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.

- Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето, одговори Демири на новинарско прашање.

притисни ентер