3Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада
ФудбалЕмилијано Сала не требало да загине, објавени се шокантни снимки (ВИДЕО)Би-Би-Си ексклузивно објави шокантни снимки од телефонски разговори кои му претходеле на авионската несреќа во која загина фудбалерот Емилијано Сала на 21 јануари 2019 година.Во јануари истата година, Аргентинецот договорил трансфер од Нант во Кардиф Сити вреден 15 милиони фунти, а на пат кон новиот клуб се урна малиот авион со кој летал. Во малиот Пајпер Малибу биле само Сала и пилотот Дејвид Иботсон. Откако леталото исчезнало од радарите, беше пронајдено три дена подоцна на дното на Ла Манш. Во него било телото на фудбалерот, додека телото на пилотот никогаш не било пронајдено. Истрагата покажала дека пилотот изгубил контрола над леталото на височина од 1.500 метри поради лошите временски услови и со брзина од 424 километри на час удрил во површината на морето. Аутопсијата открила високо ниво на јаглерод моноксид во телото на Сала, односно труење со јаглерод моноксид. На снимките до кои дојде Би-Би-Си, Сала може да се види како поминува низ безбедносна контрола на аеродромот во Нант, на снимките од разговорот се слуша како Иботсон му изразува сомнеж на пријател за безбедноста на авионот со кој пристигнал во Нант за да го земе Сала. "Ме испратија да земам некој фудбалер вреден дваесет милиони фунти во овој сомнителен авион. На половина пат преку каналот кон Франција слушнав "бум". Ги проверив сите инструменти, авионот се уште леташе нормално, но бев загрижен. На дното на авионот видов магла што ми се чинеше дека влегува во кабината од напред“, рече Иботсон и продолжи: „Кога слетав, сфатив дека левата педала воопшто не работи. Мислам дека овој авион треба веднаш да се врати во хангарот. Обично не носам појас за спасување, но ќе носам пред следниот лет. Ќе биде последен пат да разговараш со мене, ха-ха“. Иботсон изгледал многу поопуштено од Сала, кој разговарал со пријател додека авионот маневрирал по пистата и се подготвувал за полетување. Во гласот на Сала може да се слушне дека тој искрено се плаши. "Друже, се плашам. Авионот изгледа како да ќе се распадне во секој момент. Не знам дали некој ќе ме бара ако се урнеме, бидејќи многу се сомневам дека ќе ме најдат", рекол Сала во својот последна комуникација пред да се урне авионот.. 'I'm on a plane that looks like it's falling apart... I'm scared' Exclusive CCTV footage shows the last time Emiliano Sala is seen alive boarding the doomed flighthttps://t.co/0oiJwj3Ihp pic.twitter.com/uL7l6BzsvV — BBC Wales News (@BBCWalesNews) September 21, 2022 Кардиф подоцна објави дека му понудиле на Сала нормален, комерцијален лет преку Париз, но дека фудбалерот ја одбил понудата бидејќи сакал повеќе време за да се збогува со играчите и луѓето во Нант. Менаџерот Вили Мекеј, кој го договорил трансферот, потоа договорил чартер лет преку пилотот Дејвид Хендерсон. Тој не можел да лета, па го контактирал Иботсон и го замолил да лета со Сала до Велс. Последователно било утврдено дека Иботсон немал дозвола за управување со авион по стемнување, а единственото лице осудено во целиот случај е Хендерсон. Тој добил 18 месеци затвор за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и организирање лет без потребните дозволи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Мораме да се движиме со современите текови на човештвото Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по презентацијата на апликацијата „m.Uslugi“.Апликацијата „m.Uslugi“, овозможува граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои и лична карта, директно на својот мобилен телефон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите, волонтерите и илјадници сограѓани, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Денес повторно, околу 30.000 причини да веруваме во силата на овој град. Во најмасовната еко-акција за нашето Скопје, видовме што може да направи љубовта кон својот град кога ќе стане дело. Луѓе кои одвоија од своето време, ги засукаа ракавите и вложија труд за сите нас. За својата улица. За соседите. За децата. За нашиот заеднички дом. Тоа е Скопје во кое верувам. Скопје што се обединува, презема одговорност и со сопствени раце го менува своето секојдневие – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дена во денешната еко-акција се приклучија и угостителите, давајќи придонес во оваа голема заедничка борба за почисто и поубаво Скопје. - На секој од вас ви благодарам од срце. Горд сум на вашата посветеност, на вашата совест и на примерот што денес го оставивте. Нашите деца заслужуваат да растат покрај зеленило и во чиста околина, а од нас да научат како се чува тоа што им припаѓа на сите. До оние што и понатаму несовесно фрлаат отпад им порачувам: почитувајте ги овие луѓе. Почитувајте го нивното време, нивниот труд и нивниот град, кој е и ваш. Секое катче што денес го исчистивме носи нечиј вложен напор. Никој нема право утре повторно да го претвори во депонија. Оваа енергија има сила да создаде трајна промена. Да почнеме од својот праг, од улицата по која минуваме, од паркот во кој играат нашите деца. Одговорноста за почист град ја покажуваме со секоја наша постапка, а за секој што намерно го загадува Скопје - нема да има толеранција. Ви се поклонувам за трудот и за големото срце. Да оставиме пример, не ѓубре – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции продолжуваат да се реализираат двапати месечно, со цел грижата за Скопје да стане наша секојдневна навика и апелираше до сите што несовесно фрлаат отпад да се почитува и чува сработеното.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасадаМалолетник, кој утрово загина по напад врз припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада во Белград, бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека подготвувал терористички чин, а во јули бил депортиран во Србија.Дел од медиимите од извор во полицијата отркиваат дека малолетникот кој беше убиен пред израелската амбасада по напад врз припадник на Жандармеријата, е роден во околината на Шабац, а во мај оваа година бил уапсен во Минхен, Германија, под сомнение дека таму подготвувал терористички чин. Потоа, во јули годинава, тој бил депортиран во Србија. Германските власти детално го испрашале малолетникот, кој им опишал како почнал да се интересира за содржини на интернет поврзани со исламскиот фундаментализам и терористички организации, како што се Ал Каеда и Исламската држава. Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен. За потсетување, министерот за внатрешни работи во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави дека вечерва, 15 минути по полноќ, во Белград бил извршен терористички напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел. Поради тоа, наредено е подигнување на нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, како и зголемување на присуството на полицијата на клучните локации. Како што додаде тој, припадник на Жандармеријата го усмртил напаѓачот, кој бил малолетен. Нејасно е како српските безбедносни служби, првенствено БИА, дозволиле малолетникот во оваа ситуација да остане без надзор, па така да може да стигне до Амбасадата и да се обиде да убие припадник на Жандармеријата . „Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и познато е дека тој бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм, тој имал објавено црно знаме и симболот на Исламската држава“, изјави Дачиќ. Тој додаде дека, заедно со директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој се чувствува добро и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.Тагови: Србија терорист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook