Емили Ратајковски си ја отвори душата: Имиџот го изградив врз сексипил, но тоа не сум јас (ФОТО) - Канал 5

Емили Ратајковски си ја отвори душата: Имиџот го изградив врз сексипил, но тоа не сум јас (ФОТО)

Јунскиот број на популарното списание GQ ја опфати културата во 21 век пред, за време и по пандемијата на коронавирус - направени се пет посебни насловни страници за овој специјален број, од кои едниот ја краси 28-годишната Емили Ратајковски.

Емили Ратајковски си ја отвори душата: Имиџот го изградив врз сексипил, но тоа не сум јас (ФОТО)

Атрактивната бринета ја снимал нејзиниот сопруг, актер и продуцент Себастијан Бир-МекКлард, а во интервјуто, манекенката, меѓу другото, се осврна и на погрешната слика што јавноста ја создала за неа.

- Ја користам сликата што ја изградив врз сексапил во голема мерка за да преживеам,но тоа не ме претставува како личност ...

Благодарение на светот на модата, заработив пари и се стекнав со стабилност, и со тоа дојде славата, и тоа е прилично бизарна работа ... ниту го очекував, ниту сакав, иако некаде длабоко веројатно секој 20-годишник во одреден момент фантазира за биде барем малку познат - искрено зборува Ратајковски и додава дека таа самата еднаш донела неосновани заклучоци за познати личности.

- Деми Мур - на пример, само затоа што е неверојатно секси и има одлично тело, ми беше дефинитивно „отпишана“ како актерка. Јас, Ем Рата, дали сфаќате колку е ова иронично! Само што покажува колку е длабоко навлезена мизогинијата во денешниот свет - објаснува манекенката, како што објави „Дејли меил“.

Таа исто така најави дека планира наскоро да објави книга, еден вид мемоари во кои ќе додаде доза на политичко размислување: „Се обидувам да го искористам сопственото манекенско искуство и да зборувам / пишувам како личност која капитализирала на својот имиџ и во исто време можеби и паднала како жртва на тоа“.

more by husband at home

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Конечно, Емили им даде на читателите дефиниција за херој.

„Херој е некој кој се спротивставува на системите на моќ и се бори против статус кво, без оглед колку е тешко или незгодно тоа“, заклучи таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Две вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер